|
|
Сакате нејќете, морате сега сите да излезете и да гласате за Гордана Силјановска |
Александар Џеповски Сакате нејќете, морате сега сите да излезете и да гласате за Гордана Силјановска. Почитувани бојкотирачи и неопределени или неутрални гласачи. Ќе ве замолам да ми објасните доколку се бојкотира, кој ќе го прифати бојкотот? ЕУ, НАТО, Заев, цел свет или Господ? Колку што бојкотот го признаа за референдумот за името? Ајде да речеме по ваш памет сите да бојкотираме, реално 10 % да излезат. Светот нема да признае ама ќе ги признае резултатите што Заев ќе ги објави а тоа дека излегле наводно 51 %. Заев е мајстор за лажење и око нема да му трепне да каже дека и 108, 73 % излегле да гласаат а Меркел и Макрон презадоволни од таквата вистина и излезеност ќе честитаат и ќе речат дека сме само два чекори пред полупреговачки датум за влез во ценетото им ЕУ. Што ако без цензус ете Таљат да стане председател ? Со бојкотот ќе му забраните да стане председател или ќе излезете со пушки берданки, колку што излеговте до сега, само на Фејсбук? Најпосле, од каде тие приказни за Гордана Силјановска дека е пион на Сорос? Сите седнале со Сорос, дури и Путин, Орбан и Ердоган. Овака како што е и кога сте запнале за ЕУ и НАТО, имате само еден избор и со Господ нека е напред, а тоа е само Гордана Силјановска. Персонално, гледам дека е многу образована жена, знае да го скрши и тресне од земја елегантно соговорникот и да заборави што сакаше да ја праша. Во случај да речеме дека е човек на Сорос, по ваше нели, тогаш по таа логика ќе треба да биде другото лице на Сорос и да го тресне од земја Црпко. Како и да е, не заборавете дека сакате нејќете ќе мора да гласате за Гордана Силјановска ако нејќете некој од оние две накази да стане Председател. Господ само нека помогне и да ја чува вечно Македонија. АМИН !!! |