|
|
Да се избере претседател кој би ја вратил вербата во правдата и правната држава! |
Свекрва Да се избере претседател кој би ја вратил вербата во правдата и правната држава! На 5 мај ќе се одржи вториот круг од претседателските избори. Но, со оглед на малата излезност во првиот, сеуште постои дилемата дали ќе се постигне потребниот цензус во вториот круг. Покрај бојкотот на разни груши во македонскиот блок (поради разни мотиви, лични или инспирирани од надвор), особено настаните во Исламската верска заедница ја доведува во прашање излезнпста на албанскиот електорат во корист на заедничкиот кандидат на СДСМ и ДУИ и достигнување на потребниот цензус. Доколку не биде избран претседател во вториот круг меѓу кандидатите Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски, тогаш вд претседател до наредните избори ќе биде сегашниот претседател Талат Џафери. Албанските политичари подолго време бараат претседателот на Македонија да се избира во Собранието за да на тој начин Македонија за претседател добие Албанец. Тоа не би било никаков проблем за македонскиот народ и другите етнички заедници во земјата доколку тој би се застапувал за правна држава, би ја почитувал државната химна, знамето, јазикот и навистина би ги штител државните интереси. Меѓутоа, откако коалицијата на власт СДСМ и ДУИ ги нарушија Уставот и Законите на земјата, со непочитување на референдумот и промена на името, како и Законот за употребата на јазиците, во овој момент на Македонија и е потребен претседател кој ќе се застапува за правото. Со оглед дека во вториот круг се води битката меѓу претседателските кандидати Стево Пендаровски, поддржан од коалицијата СДС и ДУИ, и Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО ДПМНЕ, единствен кандидат кој може да ја врати вербата на граѓаните во правната држава е професорката Гордана Силјановска Давкова. Дебатите покажаа дека Стево Пендаровски нема капацитет да биде претседател на Македонија. Тој не би можел достојно да ја преставува државата и да ги брани националните интереси. Не би се интересирал за владеењето на правото и би бил само пион за спроведување на интересите на црвената елита предводена од Зоран Заев и центрите на моќ. За разлика од него, Гордана Силјановска Давкова и во минатото и сега за време на кампањата покажа дека има капацитет достојно да ја застапува земјата и да се грижи за владеењето на правото и спроведувањето на правдата. Спротивно на кандидатот на СДСМ и ДУИ, таа е личност која пред се и над се ги става националните пред личните интереси. Врз основа на резултатите од првиот круг од претседателските избори, како и од досега покажаното на терен, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски очекува на 5 мај да биде постигнат цензус на вториот круг и дека следен претседател на Република Македонија ќе биде Гордана Силјановска. Меѓутоа, доколку во вториот круг нема цензус поради бојкот заради ситнопартиски и лични интереси, тогаш народот на Македонија и земјата ќе изгубат кандидат со огромен потенцијал кој би можел да ја поправи штетата што ја направија Заевистите. Доколку Гордана Силјановска Давкова сега не биде избрана за претседател, со оглед на ограничените човечки ресурси во земјата, тогаш многу тешко дека за наредните избори ќе најдеме достоен кандидат за претседател на Македонија. На Македонија и е доста од млади кариеристи, кои заради лични ги распродаваат националните интереси на државата.. На Македонија и е доста од личности на македонската политичка сцена кои се неспособни да ја водат државата и немаат кичма, лица кои како „државници“ и пред најмалата закана го виткаат својот грб. На Македонија и треба искусна и мудра особа, која има знаење и е позната и почитувана од меѓународната заедница. Професорката Силјановска е вистинската, кредибилна личност, со сите потребни особини за да успешно ја води државата. Оттука наместо поединци да се залагаат за бојкот на изборите, подобро е да се ангажираат во групите кои ги преставуваат, изборите да успеат. Со тоа нема да им се дозволи на Заевистите да продолжат не само со уништување на институцијата претседател, туку и со целосно уништување на државата. Исто така, оние кои работат за неуспех на изборите заради лични и интереси на надворешни центри на моќ, треба да се запрашаат дали откако ќе ја завршат задачата ќе имаат навистина ќар или како и досега, како потрошна роба ќе завршат на буништето на историјата. Во овој момент македонскиот народ друг избор нема. Ако навистина го сака своето и доброто на Македонија, тогаш сите заедно сплотени нека излезат и нека и дадат поддрша на правдата, нека и дадат поддршка на кандидатот за претседател Гордана Силјановска, која во рамките на нејзините ингеренции би ја вратила вербата во правдата и правната држава.. |