Петок, 03 Мај 2019   
Ламбе Арнаудов: Време за мајка револуција

altКолумна на Ламбе Арнаудов: Време за мајка револуција

Со Мајка Гордана, преку мајка револуција до мајка на нацијата, за мајка Македонија.

Сме учеле, читале, слушале и доживувале разни револуции, црвена, жолта, розева, портокалова, кадифена, шарена, сите се со нежни и цветни колоритни епитети, но сите со изобилство на насилство и крвопролевање.

Време е за вистинска мирољубива и апсолутно ненасилна револуција која ќе изнедри длабоко од мајчиното срце кое знае само за љубов и простување. Затоа повикувам на мајка револуција во која единствено ќе доминира мајчинството. Тоа е она вистинското и единствено што во овој момент ни е потребно на сите граѓани на Република Македонија.

Оттука длабоко сум разочаран и резигниран на одредени и непримерно навредливи написи од стандардните првотимци на медиумскиот тим за опструкција на доброто.

Овој текст го посветувам на сите мажи задоени со омраза и родов шовинизам а посебно на еден идиот кој пишува дека жената е за да плаче а не да води држава.

Зошто жените понекогаш плачат, секој од нас вистинскиот одговор може да го најде во едно старозаветно библиско преданиекое подолго време се врти на повеќе портали.

Во оригиналноставеродостојноста на одговорот нема ни трошка сомнеж затоа што тој и доаѓа од самиот Господ:

Кога ја создавав жената таа мораше да биде посебна.

Ѝ дадов доволно јаки раменици за да може лесно да ја понесе сета тежина на овој свет и истовремено доволно нежна да даде утеха на секого.

Ѝдадов внатрешна снага да ги сака сите, и туѓите како свои дури и тогаш кога некои од неа ќе се одрекнат.

Ѝ дадов цврстина и истрајност што ӣ овозможува да продолжи понатака и тогаш кога сите други застануваат.Ѝ подарив чувствителност и љубов, да се грижи за семејството, роднините и сите луѓе во невоља, болест, глад или немирни времиња.

Ѝдадов снага и мудрост да проштева и тогаш кога луѓето околу неа и другите тешко ќе се огрешат, но и истовремено да ги учи да не ги повторуваат грешките и да не ги навредуваат и повредуваат луѓето.

Ѝ дадов сознание дека добрите, вистински мажи никогаш нема да ја навредат, а пак таа секогаш треба да разбере дека на тоа треба да возврати со љубов, топлина и нежност.

Убавината на жената не е во облеката што ја носи, нејзината фигура и начинот на кој се чешла. Убавината е во нејзините очи, тие се прозори низ кои се гледа нејзиното срце и душа во кое е сместена нејзината убавина.

Жената не е направена од стапалото на човекот по неа да се гази, ниту од главата со неа да се владее, туку од реброто блиску до срцето за да биде до него, да сака и да биде сакана.

На крај ӣ дадов солзи да се исплаче и тоа е нејзино право кога ќе ӣзатреба.

Затоа сине мој, биди нежен и внимателен да не предизвикуваш солзи кај жената, затоа што јас Господ ги бројам сите пролеани солзи.

Почитувани добри луѓе и вистински мажи и жени, 5-ти Мај е денот кога треба да се послуша Господ, да се поправат сите неправди што секој од нас толку често сме и ги правеле на жената и да дадеме целосна доверба затоа што во целост ја заслужува.

Со горда Гордана за горда Македонија!

Ја користам оваа прилика да се обратам и заговорниците на бојкот на овие избори.

Гледајте, предавникот нема мирис, нема вкус, нема боја, дури нема ни лик и затоа тешко е во почетокот да го разоткриеш. Но, за среќа нема ни меморија и затоа се разобличува и лесно се открива. Конкретно, замислите истите луѓе кои пред шест месеци категорички беа против бојкот сега со уште поголема жестина повикуваат на бојкот. Не наседнувајте! Пред 25 години исто како и сега уфрлена комунистичка агентура во редовите на ВМРО ДПМНЕ повикаа и издејствуваа бојкот со што тогаш го доведоа во прашање опстанокот на Македонија. Му ја нанесовме најголемата неправда на својот народ, дозволивме со нашата апстиненција алчните, неодговорни и себични политичари ајдуци да го разграбат и поделат народното богатство, да остават стотици илјади луѓе без работа, да ги затворат фабриките и да ги приграбат финансиските институции и банки. Истовремено на надворешно политички план го започнаа урнисувањето на државата и уништувањето на националните белези што беше вовед за ова што ни се случува денес. Партнерството повторно и сега е од истите тогашни ортаци осведочени, потврдени непријатели на македонскиот народ и нашата татковина Македонија.

Излези гласај, гласај за Гордана, гласај секаде за ВМРО ДПМНЕ, гласај за себе и своите.

ГЛАСАЈ ЗА ПРАВЕДНА МАКЕДОНИЈА!

Извор:курир.мк

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.