|
|
Ламбе Арнаудов-Обвинувам! |
Обвинувам!Правдата е единствената цивилизациска вредност која е целосно во сопственост на човекот, која со тешка мака и доста доцна слободоумните луѓе подеднакво ја распоредиле на секој поединец.Правдата престанува да живее истиот момент кога макар и еден судија во било кој суд на светов свесно прогласи некого за виновен, а притоа да знае дека обвинетиот воопшто не е крив. Тогаш се разурнува правдата и умира пред очите на цивилизираниот свет. Умира затоа што коефициентот на онеправданост е еден наспроти сите 10 милијарди луѓе на светот. Споредете и размислете како сиромашкиот–жртвата ќе успее да се справи и ја докаже својата невиност при ваква брутална дискриминација на поединецот наспроти мнозинството. Од друга страна, тебе, драг читателу, мене и сите луѓе нé прави соучесници во нанесувањето на неправдата бидејќи секоја судска одлука се носи во име на правдата, во име на народот и во име на човештвото. Ни крив ни должен останувам целиот свој живот без да сакам, сериозен даночен затајувач кон нејзината светост – правдата и што е уште потешко сум казнил невин човек кого ниту го знам, ниту го познавам, ниту сум слушнал за него. Сум навлекол врз себе грев кој додека сум жив нема да ми биде простен. Осудување на невин човек според Евангелието е еден од трите гревови за кој нема ни покајување ни проштевање. Во овој случај недоволно стручниот, неодговорен, уценет, потплатен послушник или кариерист сеедно, дирекно ми пренесува грев кој со ништо не сум го заслужил. Третата, истовремено најтешка последица од ваквиот однос кон правдата е тоа што на тој начин остануваат изгрдени правни норми, начела и принципи кои наспроти вистинските вредности се вградуваат во правниот систем на општеството. Тогаш политиката, моќта и богатството од една страна и вазалноста и послушноста од друга страна ја убиваат правдата. Секое општество лесно или нешто потешко може да преброди економски и финансиски, безбедносни дури и социјални кризи во одреден период од развојот. Ваква правда како што ние ја имаме сега во Македонија, не само нас туку секоја држава ја води во тотално распаѓање. Заради сето ова барам отворање на судска постапка за сторено кривично дело: Злосторничко здружување и дејствување а по член 353 точка 1,2,3,4 и 5 за злоупотреба службена положба и овластување и тоа за лицата: Зоран Заев, премиер на Владата на Република Македонија и претседател на владејачката СДСМ за свесно мешање во кадровската политика и кадровски решенија во правосудството, за влијание врз донесувањето на судски одлуки од позиција на власт и сила. Поттикнување на целосна деструкција на правдата во текот на судските расправи кои се однесуваат на него и/или негови блиски луѓе од партијата и власта. Со тоа ја злоупотребил својата положба и овластување по член 353 точка 5 од Кривичниот Законик на Република Македонија. Ја обвинувам обвинителката Вилма Рускоска за злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 точка 5 од Кривичниот Законик на Република Македонија заради нејзината непримерена послушност и вазалска понизност кон моќта и политиката на штета на правдата а во сопствена корист за стекната удобност и лагодност, комодитет и напредување во кариерата. Ја обвинувам судијката Добрила Кацарска за злоупотреба на истиот член 353 точка 5 за крајно несовесно, наметнато, изнудено и селективно судење. Грубо отфрлајќи ги очигледните докази за невиност, а во корист на обвинетите, однапред доставените казни ги изрече застрашувачки, безмилосно и одмазднички. Без никаква правна основа додели 211 години затворски казни. Со тоа промени голем број човечки судбини, во корен го уништи нивното достоинство и го загрози опстанокот на нивните семејства. Ја прашувам Госпоѓата Кацарска дали Чавков, Игор Југ, Јане Ченто, Пепиќ или било кој друг од останатите: Михајловски, Поповски, Додевски, Ангеловски, Радулов, Пешов, Лазаров, Ѓошевски, Трајкоски, Митрески, Алими, Василевски, да беше пратеник дали ќе ја имаше истата вага за одмерување на правдата. Ги обвинувам и трите обвинителки од СЈО: Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Ленче Ристоска, кои се приказна сами за себе и се заскитани гуски во маглата на македонското правосудство која сами си ја создадоа. Сите три треба да одговараат по член 353 точка 5 заради несовесно работење, користење незаконски прибавени прислушкувани разговори, селективно постапување мешање во казнени дела каде што според Законот и Уставот на Република Македонија немаат ингеренции и право на увид. Останатите инволвирани заменици јавни и специјални обвинители, судии и поротници исто така ги обвинувам по член 353 точка 1, 2 и 3, се во зависност од степенот на нивната вмешаност во комплетното деградирање на правдата. Го обвинувам Републичкиот Јавен Обвинител, Љубомир Јовески за незаинтересираност за примена на правдата, непостапување, селективно одлучување, грубо неправеден према неистомисленици на власта со форсирање на недоволно докажани кривични дела, млитав према неговите пријатели кои го назначија ставајќи ги доказите против нив во фиоки. Сите осомничени доброволно со знаење или незнаење, под притисок или одредени бенефити, независно од тоа во текот на своето злосторничко дејствување исклучиво по своја вина и на очиглед на граѓаните на Република Македонија, грубо и безобѕирно покажувајќи огромна доза на недопирливост и надменост демонстрираа суров и бездушен напад врз правдата за што доказите се јасни и несоборливи и затоа предлагам да бидат осудени. Правна поука: Правна поука нема. Повисоки судски инстанци, апелациски и Врховен за жалба, нема. Нема ни жалба. Нема ни расправа. Нема ни со закон предвидена не правосилна и правосилна пресуда. Нема затоа што мојот Суд не е утврден според Закон и не е во согласност со Уставот на Република Македонија. Тоа е Суд на најголемиот дел од јавноста која смета дека ваквото злосторничко здружување и дејствување на групата има за цел да се ослободи од своите политички неистомисленици, да го уништи нивното достоинство, со лажни докази да ги затвори на подолго време, со единствена цел – застрашување на народот, да разори цели семејства и до темел да ја разниша стабилноста на државата. Моето обвинување е судска симулација, но пресудата е реална и активна, донесена од најрелевантната и најправедна порота – НАРОДОТ. Без оглед што ваквата пресуда низ судските лавиринти може да има различна завршница од ослободување, помилување, условна казна, кратка или долгогодишна робија, воопшто не е важно. Најважно од сé е што во меморијата на македонскиот народ ќе се памети како доживотна казна, а за некои за жал дури и потоа. Ја повикувам вашата пропадната совест, при што јас се согласувам, ако макар едно од овие обвиненија или само мал дел од најлесното обвинение не е точно, да не се покајувате и да не барате прошка и да продолжете со иста жестокост и ритам. Ама, ако е точно и ја премолчете вистината треба да знаете дека сите сте го излажале својот народ и својот создател Господ Бог. А што значи тоа сите добро знаеме. П.С. Симулацијата само до степен на статистичка грешка во отстапувањето умее да се бвистини, на пример: како при проценките од вашата “невладина“ организација МОСТ. Ламбе Арнаудов |