|
|
Човечето кое љубеше да целива и мете! |
Љупчо ЦВЕТАНОВСКИКОЛУМНА НА ЦВЕТАНОВСКИ: Човечето кое љубеше да целива и мете!Како Македонците ќе го паметат Заев? Најверојатно, како она црпнатото човече кое многу милуваше да целива се’ и сешто, башка да мете. По убаво сигурно нема да биде запаметен, а во моментов, целивките му се хит. И оние успешните, на страна неуспешните му. Оти, Зоки, обожува да целива, бацува, гушка и национални вредности да дарува… Ама многу. Велат дека при поздравување, странските државници протоколот ги предупредувал да внимаваат со целувачот од Балканот. Да не се заборави Зоки, па да не претера во целивките му. Не им било лесно на фацките од „меџународна…“ Упатените велат и дека муртинецот орно вежбал – прво на Бихаќка, а сега на Илинденска. По цел ден се праксирал и нон-стоп ги целивал тие околу него. Омилени му биле Роко, Кочо и Петрит. Рада, за негова жал, не била по целивките, ама ич, а Бујо при секој обид му се заканувал со орле. Најалергични на Зокиевите целивки, пак, биле Рената и Нино од Димитрови. Затоа, Рени се спремала да се врати на факс, а Нино се подготвувал за штрафта во Америките, во Институт да си работи, оти тука сработил и потпишал се’ што му побарале. Оние, секојдневно и најчесто целуваните, пак, си имале и психички трауми, но според нивната животна филозофија – целта ги оправдувала средствата и целивките, па заглавени во сопствениот макијавелизам, трпеле, ќутеле и си се забришувале. Пустите, велат, од време на време, оделе и на психијатар, кај тие најскапите, нели, затоа што биле полни ко бродови, а заради уште поголема пополнетост на пловилата им семејни, трпеле и целивки и менување имиња, устави, истории. Кога ќе размислеле, целивките и нежноста на Зоки биле и најмалиот им проблем. А црпнатото чедо, тоа да ти било во силен траор. Неописива тага го обзела целувачот антимакедонски, оти во вторникот доживеал фијаско, страшен неуспех, абе кијамет целувачки го фатил. Зоки, велат, се’ уште не можел да се соземе од вторничкиот таксират, кога Папата јавно ја одби неговата целивка на раката му понтифска. „Премерот“ ни, не можел да се помири со фактот што целата нација на која и го смени името видела, иако и од ридот утешни пораки на охрабрување му испраќале. Дури и Џес му се јавил од новата мисија за уништување на некоја нација, на која бил испратен по последната му успешна во некогашната Македонија. Бадијала, никој Зокија не можел да го смири. Липал, шмркал, солзи ронел по цел ден во кабинетот Грујов, скриен од сите. Мака му било. Неуспешни биле и обидите на свитата да му се каже дека Папата не дозволувал политичари да му бацуваат раце, оти биле корумпирани, џабе. И тој им ја објаснувал маката своја, ама како секогаш кога е изнервиран на изворен струмички, па никој не го разбирал… Единствена утеха, црпнатото чедо наоѓало во омиленото му пенкало, кое на времето му го здипли на Столтенберг и јавно го утепа од целивки. Погледот на овој скапоцен за него предмет и новата целивка врз веќе одамна од бакнежи излижаното стило го враќало душевниот мир кај ликот напатен, толку одамна црпнат од нивата. За да не мисли на невозвратената љубов од Папата, Зоки си се фатил за метла. Со голем елан, поранешниот директор на струмички Комуналец, по цел ден метел по кабинетот, велат, дури и мермерот го излижал. Метлата, башка што му личела на ставата, му била одличен дефокус од неуспешната целивка, но и од дополнителната траума од срамот што трчкал – не по црвениот тепих, туку по асфалтот аеродромски, додека душманот му Ѓоле и Франиск си оделе по ред-карпенто. Истата таа метла, му ја препорачале од истиот оној рид, кој им го даде и рецептот за поделба на народот му неподобен на „гласачи“ и „бојкотирачи“, како единствен иљач за Стеки да стане прецедник, со цел да се „скине“ од потшишување непотпишани закони. Башка, Зоки знае дека рецептот беше повеќе од успешен, така што орно ја фатил метлата и сега метел ли метел. На страна занимацијата и дигресијата од маката целувачка, измислиле и нова забава за рајата, демек катарза доживуваат владина, па еве се прочистувале од гревовите им напластени, што ли не… Им текнало. Еурека! Ајде ќе лажеме дека „чистиме“ во влада, локална самоуправа, партија. Уууу, добра идеја. Абе ајде… Сепак, Зоки, џабе ти операција метла, чистка ли, што и лага да е. По сите гревови што и’ ги сторивте на оваа напатена нација, не постои средство за чистење кое по сите национални гнасотилаци ќе ве „опере“ кај народот. На Илинденска, пак, обидете се подобро со „Операција дезинфекција, дезинсекција и дератизација“, како што планиравте и со метлата. Но, за ваше добро, настапете со „помеки“ средства, колку само да ги заплашите и избркате штетниците… Чуда ќе излезат и исползат од таму, гарант, тешко дека нешто и ќе остане во влада, освен можеби персоналот, обезбедувањето и техничките служби… „У ствари“, за ваше добро, баталете „Операција Чистка“, не замајувајте јавност, седете си и не работете ништо ко и секогаш. И за чистење треба талент, башка работа, а тоа не ви лежи, ниту стои де. Изборите, макар редовни, се 2020-та. Ќе издржи овој народ уште една година, што не издржал, а на толку маки, една година е ништо, трошка, капка ли. Сетете се само на историјата која толку орно се обидувате да ја избришете. Ни севернава глупоштија нема да ви помине. Да, се’ си има рок на траење. Еден колега се шегуваше со вас и ви напиша дека сте во паника – дали постои живот после власта? Истото прашање си го поставува јагнето за периодот по Бајрам, нели, а проблемот е што за вас, по власта постои не живот туку живуркање и „борба“ за периодот во кој и само во кој вистински живеете и за кој живеете. Владеете де, затоа што затоа и сте створени, според вашите урбани комуњарски легенди, нели. Епа, лапајте тендери, црпете фондови за иновации со неинвентивни идиотштини, влегувајте во марихуана и други бонбона бизниси и подготвувајте се за 4 години живуркање, чеда опортунистички. Имате година дена за да ги „наполните“ батериите и да ја доопељешите државата за да имае сила за нова „борба“ за живот, т.е. за власт. Барем, правете го тоа со усул, не вака.. https://denesen.mk/kolumna-na-cvetanovski-chovecheto-koe-ljubeshe-da-celiva-i-mete/ |