Петок, 17 Мај 2019   
КОЛУМНА НА МАРТИНА АНТИЌ: Грам
КОЛУМНА НА МАРТИНА АНТИЌ: Грам

КОЛУМНА НА МАРТИНА АНТИЌ: Грам

На пратеникот Павле Богоевски не му фали само пола грам за да му тргне денот или ноќта, му фали грам ама памет за да ја согледа точно ситуацијата во која се наоѓа и грам достоинство за да се извини и да се повлече од пратеничката функција која така ревносно ја обавува.

Наместо тоа тој на јавноста и спакува убава приказна како тој ете не ја купувал баш таа наркотична дрога за која го обвинуваат туку друга – не по врат по шија, ама и за тоа не треба да му замериме затоа што набавувал за негова блиска тешко болна личност. Не знам по кој член од Законот за казнено право купувањето на недозволива психотропна супстанца за “лекување” е дозволено, особено кога имаме Закон за легализирање на канабисот за медицинска употреба веќе две три години во кој точно е определно за кои болести е дозволена и со колкава јачина на ТХЦ. Па ако не е во тек дека канабисот за медицинска употреба е легализиран може ете да го праша Вице Заев па тој ќе му објасни, има човекот две три плантажички точно ја знае работата.

Отсуството на самокритичност на другарот Пајо најмногу се гледа во префрлувањето на вината на друг. Па така виновна била твитер ВМРО машинеријата што ја споделила “бомбата” објавена на руски сајт па портали блиски до опозицијата, па таксистот што го снимил дур нарачувал “полче”, сите се виновни само тој никако не. И уште па самоуверено повикува да одговараат сите, а само тој не.

Обидот за спасување на емоции и користење на лична трагедија за да се спасиш можеби е најдолниот момент од целата оваа “грам”. Тоа само зборува колку се измешани моралните вредности односно отсуството на човечност и емпатија на другарот Пајо. И не е за чудење што од се што може да каже тој се одлучи за оваа варијанта сепак некрофилијата како начин на придобивање на симпатии од јавноста не е ништо ново за Павле.

Ах бре Павле бре, ако ова е начинот за да привлечеш симпатии од јавноста која едвај врзува крај со крај за да ти ја простат глупавштинава скроз си ја промашил работата.

Знаеш ли Пајо дека има луѓе во нашава држава што месецот го проаѓаат со твојата половина убаво средена? Имаш ли бе доблест да кажеш дечки зезнав, се повлекувам во име на се она што се борев?
Павле, пратеник си, дали нарачуваш бело или зелено тотално е небитно, си сторил кривично дело и ако си толку правичен каков што сакаш да се продадеш сам ќе си ја купиш метлата и ќе се заметеш од Собрание.

https://denesen.mk/kolumna-na-martina-antikj-gram/

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.