|
|
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ-Х |
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ-Х
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор 1. Македонија доби нова хероина! Таа се вика Тамара Тодевска. Оваа титула Тамара ја освои со едно од најсилните македонски национални оружја - песната! На 18ти мај во Тел Авив, Израел, се одржа финалната вечер на традиционалниот Евровизиски фестивал на којшто скромната, но вредна експедиција на МРТ, ја предводеше нашата Тамара Тодевска. Иако во кладилниците на нашата претставничка Тамара и на нејзината песна не и предвидуваа висок пласман, таа блесна со космички сјај уште на пробите, а својот триумф го најави веќе на првиот настап, во квалификациите, за што беше и наградена со влез во финалната вечер и тоа како прва во втората квалификациона група. Нешто што до сега го немаме доживеано во настапите на нашите претставници на Евровизискиот фестивал. Тамара бриљираше на финалната вечер со својот супериорен настап, со својата појава, со своето достоинствено однесување на сцената, со својот извонреден сопран, со прекрасната песна изведена на англиски јазик што стручното жири на еден БиБиСи, т.е. Англиското жири, го препозна како извонредно остварување и го награди со максималните 12 поени. Радоста на сите нас ни ја помати небулозниот систем на телефонско гласање "телевотинг" со којшто победата на нашата Тамара буквално и беше украдена од раце! Овој систем на гласање, тотално нереален за вистинско вреднување на песните и изведувачите на Евровисискиот фестивал се надевам ќе биде тема за резгледување и ревизија од надлежните во Евровизијата бидејки е очигледна неговата неправедност и неодрживост. Во моите очи Тамара е морален победник на Евровизискиот фестивал, а тоа го мислат и многу други!!! Но за мене, над се, е најважно што нашата хероина Тамара успеа со својата песна најдостоинствено да не претстави пред 200 милионската поблика пред малите екрани и да го поврати духот на Македонецот, каде и да е. Тамара ни овозможи да се израдуваме барем малку после сите небиднини што ни ги приредија последниве години бескрупулозната "длабока држава" отаде океанот и соросоидите од Брисел со помош на домашните Квислинзи! Им порачувам и на едните и на другите: успеавте со вашиот подмолен политички и криминален шнајдерај да ја преустроите Македонија, но никогаш нема да успеете да го скршите духот на Македонецот! Никогаш!!! 2. Во Скопје се расправаше по жалбите на терористите од инцидентот во Диво насеље (9. и 10. мај 2015) во којшто загинаа осум македонски специјалци и 14 терористи, од тоа четири "инструктори" од Американската воена база Бонстил на Косово. Заробените и веќе осудени терористи, замислите: побараа меѓународна истрага за да се докажала политичката димензија на терористичкиот акт што тие самите го извршија. Дека станува збор за политички мотивиран акт и јас би се согласил поаѓајќи од сознанијата што излегоа во јавност. Прво, според декласифицираната коресподенција помеѓу амбасадата на САД и Стејт департментот кристално е јасно дека: политичката партија СДСМ непосредно пред Кумановскиот инцидент била во Приштина каде со тамошниот премиер и поранешен командант на УЧК Рамуш Харадинај била договорена целата операција за учество на балисти од Косово (По десетти пат го повикуваме Јавното обвинителство да покрене истрага по допрен глас); Второ, еден од заробените терористи јасно и недвосмислено изјави дека терористичкиот акт во Куманово е изведен во соработка и со фактори во базата Бондстил на Косово; Трето, истрагата по настанот покажа дека целта на уфрлените терористи била да се дестабилизира цела Македонија со провоцирање инциденти во повеќе градови во земјата; Четврто, самиот Заев пред кумановскиот терористички инцидент се закануваше дека "ќе падне крв доколку ВМРО-ДПМНЕ не ја предаде власта"... Се надевам дека актуелниве властодршци нема да попуштат пред уцените и притисоците на нивниот коалиционен партнер (ДУИ), или странски партнери, бидејки еден ден ќе треба и самите да се соочат со правдата и гневот на сопствениот народ. 3. Во Охрид изминатиов викенд продолжила работата на заедничката македонско-грчка комисија за исфрлање на иредентизмот од македонските учебници. Од соопштението за последнава сеанса на комисијата ништо конкретно не чувме, осем баналната констатација дека се работело во "конструктивна атмосвера согласно заклучоците од Договорот (според мене - капитулацијата) од Нивице)!?" Можеме само да претпоставиме што се ќе прифатат нашите измеќари во споменатата комисија, ако се суди според искуството од Договорот за пријателство со Бугарија! 4. Македонија не е само транзитна земја за проток на тешки дроги од разни светски дестинации туку, како што покажа случката со независниот пратеник од листата на владеачката СДСМ Павле Богоевски, дрогите се наше секојдневие и се консумираат во највисоките ешалони на власта. Благодарение на тајно снимен телефонски разговор чувме како Павле Богоевски (галамџија од "Шарената револуција)" слободно си порачува половина грам дрога. Но, бидејки власта е фатена со турнати пантолони: нејзин парламентарец тргува со дрога, измислија приказна дека, всушност, станувало збор за порачка за масло од канабис за медицински цели што Павле го порачувал за сестраму, а порачката, наводно, илигално ја снимил таксист којшто го возел Павлета!? Кутрите таксисти кај нас едвај преживуваат возејки крнтии стари по 15 или 20 години, а не пак да снимаат муштерии кога ги возат, како на пример лидерот на "Шарените" Павле Богоевски, или типови како него. Многу поверојатна е верзијата дека станува збор за илегално снимен разговор од серијата "бомби" што сега слободно се продаваат за ефтини пари на Косово и се пуштаат на интернет - зависно од мигот и личноста којашто треба да биде распната на судот на јавноста!? Како и да е, институциите нека се занимаваат со трагањето по вистината, но клучно е прашањето дали Павле Богоевски помислува да признае одговорност и да си поднесе оставка на функцијата пратеник бидејки лично тој е главен актер во скандалот. 5 Од Охрид ништо ново: Она што го правеа како авети/духови во ноќните часови, до претседателските избори, со изградбата на 32 метарско минаре, сега се случува јавно, денски и тоа без око да им трепне бидејки (според образложението на власта) тоа било според меѓудржавен договор!? За џабе им се протестите на Охриѓани и надежите дека Заев ќе им помогне. Па токму тој е најодговорен за беззаконието што владее во нашата земја. Фактот што на словенскиот Ерусалим Охрид му се заканува одземање на статусот споменик на светското културното наслетство на листата на УНЕСКО - никому ништо! Пет пари не даваат. А губитници сме сите ние! |