Среда, 22 Мај 2019   
Претседателе Мицковски, продолжи храбро да ја водиш ВМРО-ДПМНЕ!

mane 1Манојил-Мане Јаковлески

Христијан Мицкоски е третиот претседател на ВМРО ДПМНЕ, кој на чело на партијата дојде во декември 2017 година, по катастрофалните резултати на локалните избори одржани во октомври истата година. По извршеното проветрување, за нешто повеќе од година дена, тој ја стабилизира партијата.

Тоа се потврди на неодамнешните претседателските избори (ВМРО-ДПМНЕ против сите останати партии), кога кандидатот за претседател на ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, освои 377.466 гласа или 2.50 % помалку од кандидатот на СДСМ и ДУИ Стево Пендаровски.

Христијан Мицкоски стана лидер на ВМРО ДПМНЕ на 16-тиот вонреден конгрес на партијата одржан на 22 и 23 декември 2017 година во Валандово. На оваа финкција, Мицкоски кој претходно беше генерален секратар, беше избран со поддршка на 376 кандидати од присутните 438 делегати.

Доаѓајќи на чело на партијата, на која претходно неприкосновен беше Никола Груевски, Мицкоски се соочи со низа проблеми. Со безрезервна поддршка на членството, во текот на втората половина на 2018 година, Мицковски расчисти со оние кои правеле раздор меѓу членството.

Со континуирана работа на терен, со постојаната посета на членството во градовите и населените места низ целата земја, како и со кристално јасните ставови во врска со промената на името на државата, Мицковски успеа да ја врати довербата на поширокото членство и покрај сите опструкции од страна на актуелната власт (уцени, притисоци, прогон на членството, замрзнување на имотот, давање поткуп,...).

Потврда на неговата беспрекорна работа се освоените гласови на претседателските избори оддржани на 21 април (прв круг) и 5 мај 2019 година (втор круг), Резултатите кои ги освои претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ покажа дека партијата на чело со Мицкоски се консолидирала и дека повторно ја врати довербата не само кај своето членство, туку и кај поголемиот дел од македонскиот народ.

Дека ВМРО ДПМНЕ се врати на политчката сцена, најави Мицкоски за време на претседателската кампања на телевизиските дебати. Тој со своите ставови во кои се залага за бескомпромисна борба за одбрана на националните и економските интереси на земјата го привлече поголемиот дел од пошироката македонска јавност.

ТВ дуелите покажаа дека Христијан Мицкоски е вистински лидер, државник и патриот. Имено, додека Заев се залагаше за интересите на јужниот сосед, Мицкоски ги бранеше државните интереси. Исто така, тој покажа и голема интелектуална надмоќност, кога со аргументи го разоружуваше и ги разобличуваше лагите на политичкиот противник.

Христијан Мицковски е лидер кој за кратко време успеа со своите ставови да го обедини не само членството на партијката, туку да ги привлече и дел од членовите на СДСМ, како и голем дел од партиски неопределените кои се грижат за иднината на нашата држава.

Тој е лидер кој може да ги привлече за македонската кауза и останатите кои залутаа заради незнаење или пак лични интереси, зошто знае едноставно да им објасни кон каде Заевистите ја туркаат Македонија. А Македонија која е на работ на провалијата, Заевистите постојано ја потурнуваат кон бездната. Ако некој може да го спречи ова лудило во овој момент тоа е ВМРО ДПМНЕ со својот нов лидер.

Потребно е само Христијан Мицкоски да продолжи со истото темпо за да на следните предвремени или редовни парламентарни избори, биде исчистена и излечена земјата од оваа Заевистичка болест.

Според мапата на Државната изборна комисија на последните претседателски избори голем дел од земјата поцрвене. Ако овој тренд на работа на Мицкоски продолжи тогаш победата на ВМРО ДПМНЕ на следните парламентарни избори ќе биде извесна. Се очекува тогаш мапата на ДИК да биде обележана со црвена боја во најголем дел од земјата, како во најдобрите денови на партијата ВМРО ДПМНЕ.

Македонскиот народ кој го издражал римското владеење, византискиот притисок, османлиското ропство, балканската тиранија, никогаш нема да се помири со оние кои му го одземаат името, јазикот, идентитетот и природниот стремеж да биде слободен стопан во својата куќа.

Вечна да е Македонија! АМИН!

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.