|
|
Лихвата е подобра од субвенцијата |
Дипл. ЕКК. РУбинчо В. Јованоски, новинар од Прилеп Во градот под Марковите кули и не само во градот на непокорот Прилеп, него и во сите помали и поголеми населени места во нашата држава за жал лихварењето на одредена група на личности е во вносен бизнис “за дел од секунда“, за разлика од одкупот и субвенционирањето во конкретниот случај на жолтото златко, каде обичниот земјоделец кој во текот на целата година катадневно работи за што подобар принос на тутунот. Во текот на денот работат фирми кои се бројат на една или, дај боже на двете раце, државни институции со свои подрачни одделенија и претпријатијата кои се под капа та на локалната самоуправа на Прилеп. Но, тоа е малку, па така, младата популација во Прилеп спасот за чесно заработениот денар го бара надвор од нашите граници. Во текот на денот има некоја флуидна раздвиженост која се должи пред се во чекање ред во банкарските експозитури за субвенционирање на земјоделските култури од една и земање на некој кредит за да се покријат режиските трошоци во семејната заедница. Младата популација така лаконски седи по прилепските кафулиња со огласи во рацете за да се информираат од прва рака каде е следната за жал, нивна дестинација. “Еј луѓе!“ една средовечна личност од Прилеп кажува како утре еден полн автобус со наши напатени деца кои не сакаат да ги мерат улиците и сеуште да бараат пари од своите родители, заминуваат да работат во хотелиерството во летниот период по Јадранската ривиера. Друг случај на огласна табла агенција со пристојна плата нуди работа за лекарски персонал во Германија. Добро прочуената Стара прилепска чаршија е пуста и следствено на тоа изумираат старите од памти века занаетчиски занаети. За разлика од старите, новите занаети се казина и обложувалници кои ги има на секое место, во градот. Еј прилепчани, еден наш сограѓанин деновиве фати убава паричка на казино, но претходно за жал ланскиот тутун му помина во некое прилепско казино. |