Среда, 29 Мај 2019   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - XI

Martin Trenevski

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен  министер и амбасадор

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - XI

1.Пред извесно време, a после повеке години, патот ме наведе кон Државна болница во Скопје. Тргнав со кола (за што подоцна длабоко се покајав) и знаејки дека паркирањето во комплексот е сериозен проблем, се одлучив да влезам од споредната порта под падините на Водно. Се покажа дека и таа варијанта не е најдобра заради гужвата од налетот на коли од сите страни. И паркирањето исто така беше речиси невозможна мисија. Вистински предизвик сепак беше обидот да излезам од комплексот за што ни помалку, ни повеке ми требаа цели 45 минути!

Сеуште не можам да се соземам од шокот што го доживеав (отпадоци и хартии на сите страни, а небаре е болнички комплекс - најголем во земјата) и се прашувам дали неговата екселенција министер за здравство е свесен што му се случува само стотина метри од неговата канцеларија и дали воопшто - наместо само да мисли и да мести тендери излегол некогаш пешки да прошета и да ги види грдите реалности од неговиот ресор? Црна Африка не ни е рамна, а небаре сме сериозен кандидат за членство во ЕУ!?

2.Еден од најактивните галамџии од Шарената револуција кој за викањето и скрнавењето со боја на споменици на револуционери и дејци беше награден со позиција пратеник во македонското Собрание, Павле Богоевски, беше уловен на дело како телефонски порачува половина грам дрога. И наместо осуда за делото казниво со закон, владеачката номенклатура и нејзините медиумски мегафони се обидоа од него да профилираат херој тврдејки дека бил морален, етичен и не знам што уште друго заради оставката што ја даде од позицијата пратеник.

Ме чуди како владеачката врхушка до сега не реагираше на информацијата дека нејзин министер (и тоа не било кој, туку за надворешни работи) има досие во ЈуКеј за поседување 300 пилули тешки дроги. А да го праша човек министерот за што му биле дури 300 пилули? За лични потреби или можеби за некоја друга, полукративна цел? Одговор засега нема, ниту пак ќе има! Дотичниот министер веќе ги пакува куферите за заминување од кога измеќарски им заврши работа на надворешните фактори и го потпиша срамниот акт на капитулација во село Нивице, Преспа.

3.Вандалските пориви на владеачката врхушка за уништување на што е можно повеке дела на претходната власт никако да попуштат! По рушењето на споменикот на илинденецот Ќосето, сечењето на оградата од ковано железо пред владата на РМ, уништувањето на прекрасните фонтани во центарот на Скопје, на ред дојдоа палмите во Охрид. Имено, по пораката од УНЕСКО дека Охрид ќе биде ставен на листата загрозено културно наследство, власта за да го врати демек во првобитна состојба градот, наместо да ги одстрани над 300 дивоградби - удри на сечење на палмите што ги засади претходната власт!?

Не верувам дека на УНЕСКО му пречеа палмите покрај езерото, туку градежниот хаос и беззаклонието што владеат во градот на Св. Климент и Св. Наум. Се прашувам каде се сега невладините организации да кренат глас против уништувањето на зеленилото?

4.Консензуалниот претседател на Калето Стево Пендаровски во рамките на своите овластувања, го именуваше Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање (и тоа по препорака на ЦИА, ЕмАј6 и БНД, како што можевме да прочитаме во медиумите). Морам да бидам искрен, оваа одлука ме бендиса многу бидејки г. Муслиу е оценет од водечки сродни странски служби како голем, совесен и одговорен професионалец. Само со такви припадници на малцинствата можеме да градиме и да живееме во заедничко општество, а не со коекакви "команданти" кои направија р'шум во 2001 и сериозни инциденти во неколку наврати потоа и со нивните следбеници.

Добро е што и таканаречената меѓународна заедница конечно го свати и јасно го подржува таквиот пристап, а со тоа помага Македонија да не биде под постојани уцени и етнички немири и да го тргне од себе неславниот епитет "буре барут".

5.Во владеачката СДСМ врие: Нивниот лидер, македонскиот "Дуче" Зоран Заев тера се живо и диво што и најмалку не е 100% на негова линија и очигледно се спрема за предвремени парламентарни избори и втор премиерски мандат. Идејата за национално помирување очигледно сега веќе не му е веке приоритет. За такво нешто потребни се нови луѓе со позитивни идеи. Ги нема многу во СДСМ но мислам дека Софија Куновска би била добро решение како можен иден лидер на таа партија.

6.Република Македонија за прв пат доби свој поратеник во Европскиот Парламент. Тоа е нашата сонародничка Ирена Јовева, по професија новинар, а беше избрана за европратеничка во неделата и тоа на листата на социјалдемократите во Словенија.

Јовева е родена во Нова Горењска. а родителите и се од Кочани.

Искрени честитки Јовева и очекуваме благодарејки на неа да се чуе гласот за Македонија во седиштето на ЕП   во Стразбур.

7.Во саботата (25. мај) во возвратна посета на Зоран Заев престојувал Премиерот на Косово Рамуш Харадинај со сопругата Анита. Велиме "престојувал" бидејки посетата е остварена инкогнито, без било какво официјално соопштение, а за истата дознавме дури одкога гостинот објавил family photos со неговиот македонски домаќин и со сопругите на фејсбук и тоа по враќањето на Косово.  

Негувањето на добрососедски односи и заедничките евроатлански перспективи биле темите на разговорот помеѓу двата премиери а за нивната персонална блискост многу јасно говори декласифицираната комуникација на амбасадата на САД во Скопје со Стејт Департментот што ја објави Викиликс во која децидно стои дека претставници на партијата СДСМ (чиј претседател е Зоран Заев) биле во Приштина пред терористичкиот напад во кумановско Диво насеље каде со Харадинај го договориле учеството на косовски терористи во тие настани во коишто загинаа осум македонски специјалци и 14 терористи, од тоа четворица о "инструктори" од американската база Бондстил на Косово (по единаесетти пат го повикуваме Јавното Обвинителство да покрене истрага по допрен глас за овие настани).

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.