Среда, 12 Јуни 2019   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - XIII

Martin TrenevskiМ-р Мартин Треневски, поранешен министер и амбасадор

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ  -  XIII

1.  Источногерманската воспитаничка и актуелна премиерка на Германија на заминување Ангела Меркел деновиве ни приреди таков шок од којшто не ќе можеме многу долго да  се соземеме. Иако нејзината коалициона влада ни даваше политички сигнали дека ќе ја подржи нашата земја во нејзините аспирации за членство во НАТО и за започнување преговори  за членство во ЕУ, од Берлин деновиве пристигна ладен туш.  Во расправта во Комисијата за европска политика во германскиот Бундестаг (парламент) Ангела Меркел - според пишувањето на влијателниот Баварски дневник "Зиддојче цајтунг", се изјаснила  п р о т и в  давање на конкретен датум за почеток на преговори за членство на Република Македонија во ЕУ, а како најран можен термин го посочила октомври оваа година!?

Обидите за дообјаснување што во меѓувреме се појавија во јавноста дека, наводно, датум не можело да се определи заради процедурите во Германскиот парламент паѓаат во воде, бидејки фактите укажуваат на спротивното, на некоја скриена агенда на владата на Меркел во однос на желбите и перспективите на Република Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Впрочем, и пратеникот во Бундестагот  Јирген Тритин укажал дека по прашањето за доделување датум за почеток на преговорите имало судир и внатре, во самата влада и дека германското МНР било за да и се даде конкретен датум за преговори на РМ, но Меркел и мнозинството пратеници од нејзината ЦеДеУ биле против!?

Еден од погласните подржувачи во Германија за почеток на преговорите за членство на нашата земја беше, а се надевам дека сеуште е, министерот за Европа Михаел Рот кој својот позитивен став кон нас во неколку наврати го искажа и сред Скопје, но и сред Берлин, а и во други прилики. А тоа е дека Mакедонија ги исполнила условите што се барале од неа, а осем тоа придонела за надминување на тридеценискиот спор со Грција околу името на земјата.

Во прилог на ставовите на министерот Рот е дискусијата на пратеникот од Партијата на зелените во Бундестагпот ЈургенТритин кој истакна дека  Македонија е столбот на мирот и стабилноста во регионот и праша дали некој ја сака земјата само во НАТО, но не и во ЕУ!?

Иако ние кутрите во РМ бевме загрижени поради најавите дека Франција, Холандија и Данска се најголемите кончничари за напредокот на РМ за членство во ЕУ, најголемиот удар сепак дојде од правец од којшто ни најмалку не очекувавме - од Берлин!  Следствено, се наметнува прашањето: за кого одработува Ангела Меркел и нејзината ЦеДеУ бидејки Германија нема никаков, апсолутно никаков мотив да не блокира! Ние како земја во континуитет сме биле и остануваме наклонети и сме настојувале да бидеме нејзини коректни и лојални партнери. Одработува ли Германија за Бугарија што ја предводи миленикот на Меркел, Борисов, или за Грција? Одговор на оваа дилема можеби најдецидно даде соменатиот пратеник во Бундестагот Јирген Тритин кој ја оптужи Меркел дека, според него, Германија чека на следните избори во Грција да се врати на власт Неа Демократија за таа да не блокира во ЕУ..

Германците уживаат имиџ на луѓе кои држат до принципи но во случајот со почетокот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ дефинитивно се избрукаа погазувајки го заветот што го даде легендата на поствоена Германија, и самиот лидер на ЦеДеУ, Конрад Аденауер кој смогна сили по завршетокот на Втората светска војна со еден од титаните на таа војна, Претседателот на Франција, генералот Де Гол да се завештат за обнова на во војната  разрушената Европа и за изградба на нова обединета Европа од Атлантикот до Урал! Тоа беше нивниот завет, што актуелните лидери во двете земји сосема очигледно брутално го газат и изневеруваат.

Ме чуди и (нека не ми биде замерено) садомазохизмот на современата германска надворешна политика, или попрецизно на политиката на владата на Ангела Меркел према Грција. Од една страна, за да ја спасат Грција од банкрот германците ја подржаа со позајмници од 300 (триста) милијарди евра, а од друга страна грците се погласно најавуваат барања за репарации за штетите што Хитрлеровска Германија им ги направила во Втората светска војна од 110 милијарди евра!?

Загрижуваат и гласините што допреа од некои медиуми во Унијата за создавање на некаква "Балканска унија" по примерот на ЕУ со укинување на граници, заеднички пазар, заеднички енергетска политика, телекомуникации, сообраќај во регионот Западен Балкан. А одкога ќе сме се унијализирале (!), демек тогај топтан ќе не примеле во ЕУ!? Зачудува до безумие со која леснотија некои структури во Унијата се обидуваат да кројат судбини на други народи! Навистина невидено и нечуено, но и неостварливо над се!

Што се однесува до нас, ние најискрено се радувавме на паѓањето на Берлинскиот ѕид во 1989 година, а да потсетам дека во шеесеттите години од минатиот век и самите се откажавме во побарувањето на репарации од Германија што ни следуваа нам од пакетот што тогашната сојузна влада на бившата федерација се откажа и и го соопшти на владата во Бон. Скримен прилог од нас, од Македонија, за Германија, но сепак е прилог.

Кога сме веќе кај темата за плаќање репарации за штетите што ни ги направи царската фашистичка окупациона влада на Бугарија за време на тригодишната окупација на две третини од Македонија во текот на Втората светска војна, таа секако треба да се актуелизира од следната македонска влада при ревидирањето на таканаречениот Договор за пријателство што го потпишаа актуелниве властодршци во Скопје.

Во неделава што претстои Зоран Заев ќе патува во Берлнин каде неговата домаќинка Меркел наверојатно ќе му понуди некакво лижжавче за утеха и ќе ги понуди како дообјаснување за нивниот став небулози за наводни "процедурални" пречки за недоделување конкретен датум за почеток на преговори по што мегафоните на Владата ќе почнат громогласна кампања дека се не е изгубено и дека најавата за светлата иднина треба да се стрпиме, а таа доаѓа, наводно, (но не гарантирано) наесен.

2.  Многумина добри познавачи на приликите во ЕУ, пријателски настроени кон нашата земја, укажуваат дека сериозен проблем за нашето напредување кон полноправно членство е фактот што Македонија е во исти кош со Албанија, што значи дека сме колатерална штета на таа ситуација бидејки некои членки (Холандија, пред се) воопшто не сакаат да слушнат за членство на Албанија во Унијата. Затоа можеби најглавен приоритет на надворешната политика во периодот што претстои треба да биде лобирање нашата земја да се третира посебно, а не во пакет со Албанија бидејки - објективно, нашите постигнувања со она што се случува кај западниот сосед за приближување кон ЕУ се  н е с п о р е д л и в и.

Колку за појаснување:  Не сум подржувач на владата на Зоран заев, но кога се во прашање интересите на мојата земја. тогај немам никакви дилеми дека треба да ги подржувам и ќе ги подржувам!

Mркел против датум за преговори за Македонија

mar

3. Творбата на бугарските тајни служби и претседател на нивната политичка креација ВМРО-СМД Красимир Каракачанов повторно се јави овој пат со партиско соопштение критикувајки ја работата на меѓувладината комисија на Македонија и Бугарија за историја и образование по прашањето за животот и делото на Гоце Делчев. Според Каракачанов (непоправнив националист и шовинист), Скопје несакало да признае дека Гоце Делчев, заклучува тој, бил Бугарин.

"Историчарот" Каракачанов дури се заканува Бугарија да ја блокира Македонија на патот кон членство во Унијата доколку не прифаќа или не потклекнува на диктатот од бугарска страна.

Што да се коментира на ова осем дека станува збор за многу грди реалности што се присутни во Унијата која не сака внесување проблеми од земјите кандидати за членство. Со други зборови, кандидатите  м о р а а т  да прифатат диктат од членките кои навреме и благодарение на некаков учинок од минатото се веќе внатре.

Толку за принципите и практиката во ЕУ

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.