Среда, 12 Јуни 2019   
Македонија го смени името но нема датум за почеток на преговори со ЕУ!

a 1Свекрва

Македонија го смени името но нема датум за почеток на преговори со ЕУ!

Со цел да стане членка на ЕУ и НАТО, минатото лето Македонија го потпиша Преспанскиот договор со кој државата го промени името за севкупна употреба. Со ова болна и драматична промената на уставно име, изведено без аминување на македонскиот народ, што можеше да се види на референдумот одржан во септември истата година, се мислеше дека е елиминирана најголемата пречка во процесот на евроатлансткото интегрирање на Македонија. Меѓутоа, и покрај промената на името и десеттата по ред позитивна препорака на Европската комисија, по се изгледа дека Македонија ќе влезе во НАТО, но нема да добие датум за преговори од ЕУ.

Најавите кои доаѓаат од ЕУ се дека оваа година Македонија нема да добие датум за преговори без разлика што го смени уставното име и што секојдневно го брише идентитетот на македонскиот народ,  Можеби промените на името се доволни Македонија да стане членка на НАТО, но за некои членки на ЕУ тоа не е доволно таа да биде примена во нивните редови.

Да добиеш десет препораки по ред од Европската комисија, а сепак да не добиеш датум за преговори, изгледа како ЕУ да се подигрува со трпението на македонскиот народ. Вербата во европските институции, во европската правда повеќе ја нема. Европа пред Македонците повторно го покажува вистинското лице на старата блудница. Но тоа што го знаеше народот, изгледа не му беше јасно на Зоран Заев лидерот на СДСМ и неговите коалициони партнери, кои го убедуваа народот дека со сменето име лесно ќе завршат евроатланските интеграции.

Македонија со промена на името, потоа со двојазичноста и договорот со Бугарија, премногу жртвуваше, но за возврат не доби ништо. Исто така, изостанаа ветувањата дека ќе дојде подобар живот. Македонија го смени името но ги нема ветените 500 евра плата. Народот престана да верува.

Отука дојде време тие што ветуваа и излажаа да си заминат од власта.

Дојде време да дојдат нови лица кои ќе извршат ревизија на договорите, на тие што ќе знаат да направат вистински реформи и кои ќе бидат замаец на македонската економија, што е услов да се дојде до таа плата. Вака Македонија тоне се подлабоко и подлабоко.

Дека нема ништо да се измени и да и олесни на македонската држава да стане членка на ЕУ, уште на почетокот на оваа година најави лидерот на Нова Демократија Киријакос Мицотакис, кој најверојатно е идниот грчки премиер. Тој уште тогаш најави дека ако неможат да го спречат членството на земјата во НАТО, тогаш никој неможе да ги спречи да извршат блокада на членството на Македонија во Европската унија.

Имено Грција ќе оди на предвремени парламентарни избори и анкетите се против Ципрас. Доколку победи Нова Демократија, Македонија може да се соочи со блокада од јужниот сосед во секоја фаза од преговорите со ЕУ.

Сепак, македонските власти не делуваат загрижено што ќе го изгубат пријателски настроениот Алексис Ципрас, а на власт ќе го добијат непријателски настроениот Киријакос Мицотакис од Нова Демократија. Со новата власт во Грција, Македонија не може да очекува многу освен слична судбината на Турција и нејзината европска интеграција.

ЕУ со своето однесување кон Македонија покажа дека нема визија ниту за иднината на Балканот, ниту за иднината на Европа. Без идејноста на ЕУ носи опасности за регионот и затоа е најдобро неспособните Заевисти што побргу да одат на предвремени избори. Меѓутоа, иако повремено најавуваат, тие изгледа не размислуваат за предвремени избори во Македонија.

Но колку повеќе одолговлекуваат штетата станува се поголема и понепоправлива. Едноставно СДСМ нема капацитет да се справи со проблемите, а единствена партија во моментот која тоа го може е ВМРО ДПМНЕ.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.