Среда, 19 Јуни 2019   
Пресечи и го Јазикот!

61831464 2840647225976912 3443047364468670464 nГоце Марков - колумнист, Македонец и Човек

Пресечи и го Јазикот!

И после две илјади години ќе се учи за Нас!

Ќе не изучуваат најсилните нации како егзамплар како од Империја се доаѓа до фаза на самоистребување(духовно).Ако сакаш една силна нација да згасне, ,,пресечи” И го Јазикот… оти без Јазик си Нем.

Територијата е неважна ако демографијата има прогрес…има миграции, има поместувања, има умствена девалвација, само абер за самочувствие дали има? Во современата догма на социо-политички интеграции, први на Испитот паѓаат духовно, слабите нации, оние без ориентир, без показател, без фенер што се вели…и дојдовме и до ова дереџе…и ќе се бунтуваат, ќе скокаат како прле пред магаре, ама таа ти е…сакале да признаат или не, сепак, ај оставете генерациите и поколенијата нека им судат.

Ние, кои сме известени и освестени, толку Можевме!?Потфрливме, не истрајавме оти бевме малку на број!? Имавме и Свои, и Наши, и Ваши, кои се криеја, кои плачеа, кои Јавно се криеја, а некои и Јавно плачеа…имаше и по некој храбар кој ќе спиеше одејќи и ќе одеше спиејќи само и само да отвори еден мал микрокосмос, далечен а близок, страшен а благонадежен… …ама пак ќе кажам, не издржавме!

Не сме ние за таа тешка Дума-Држава, не од Платон бре чеда, од Нас самите, од комшиите ли ќе чекате помош???

Па ви кажа Гоце тогаш, ви кажав и јас ама Не, помош баравте да си покриеме мрзливите ни хипотеки, баравте признание за непризнание!? Баравте Почеток, а добивте Почеток на Крајот!?

Ќе не има ли А? А ви е големо, оти е прост и неук жаргонизам, а повеќе дали и вреди да бараме од секојдневните прашања и потпрашања? Скоро 30 години желни за превласт, наместо за супербрзи возови и сеизмички станици?! Нам не ни е потребен земјотрес или вулкан, ние имаме вулкан во срцата и диви животни…а земјотрес е Патот по кој газиме! Жални и горки како тринаесетто прасе на дојките на Вавилонската и ние чекаме пресно млекце, несосирено, она јако првобитно како колострумот од првата ноќ од животот!?

Да, да тој, Животот, на тивките Јуди кои како ситни профитерчиња се нафрлан кукол во сите партии, оние нежни швалерки кои чекаат опозиционен ред, за да Власта кога ќе стаса со првиот воз продолжи да ги рани! Рани, како храни, а не како декубитус на газот на улежана матрица.

Рани како сочна плескавица во рацете на детето кое проси со мртвиот поглед од 10 денари кои му ги земаат Големите за да пушат цигарчиња.Така и Ние наспрема Големите, со таа разлика што пушиме Ние, малите, јасните, траорни за внимание и понекое париче… Имавме шанса…не дека не. Имавме генерациски скок…не дека не. Имаме мисла во вијугите која тлее, ама до кога, и дали тој оган и тој жар ќе продолжи да тлее во очите на малите кои клечат и чекаат шанса?

Дали ќе продолжи погледот да гори или ќе биде штровен од отровните ножици на баналниот и свет од поганштии кои дојдоа многу побрзо од нашата спремност за реакција.

Ако сакаш една нација да згасне, ,,пресечи” И го Јазикот, земи И го ликот на мома, земи И го идентитетот… тогаш се си зел.

И последниот е важен!

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.