|
|
Територија или правна држава? |
Гоце Марков - колумнист, Македонец и Човек Водењакот на баба ти! Територија или правна држава? Ако таа би била остарена, гнила, лита на памет, брзопотезна и брзопрометна како Булевар на црвени рози и црни доколенки…би била и Мудра?!Искусна?! Вулгаризирано ангажирана со повеќе љубовници а суетна и неискористена до крај! Не, не говорам за Романија! Не, не говорам за минато свршено време, но за ненавремено, предвремено кое свршува…во презент?! Смислата на бисерниот оклоп ни донесе ,,Врба која раѓа грозје” или е на пат во ек на трудноќа?! Ако наместо територијални претензии Отстрана, би имале експоненцијално демократски варијации како двојните аршини на Баба ти, како петки од Тетка ти, како клисарлак од Вујко ти Владика!?Како одлучност и чесност на комшиите ,,демократи”!?Да, соживот!? Бескомпромисниот карактер на белото, во очите на закрвавеното аџамиче-момче или бар со поделени чувства, кое си се возика наоколу и плука во боја у очите на Македонскиот Плаќач на Даноци??? Зошто Јас плаќам Даноци? Зошто Јас не доцнам на Работа никогаш??? Зошто барам Правна држава кога истата за едни мајка за други Тетка?! За да некое си арогантно цинично момче плука по моите сметки за струја, вода, телефон…патарини, регистрации на возила, годишна во УЈП… Кој си бре ти, да им се смееш на моите сметки? Мене црното под ноктите ме боли за твоите - бело во очи и крв во ноздри!? Кој си ти да ми ги удвојуваш кредитите во банка? Имаш право на Се? Закон?Држава?Парламент? Па и Господ Бог говори за Тестот за дроги! И Господ Бог ти вели: Момче тебе сите ти се драги, ама сепак Ти за детектор на лаги! Плиииз! Клавирот стар, раштиман уши ти пара, а детето исто со престилка и топла вода?! Дајте друго дете! Па може ли бре една државна највисока у ранг, институција да преживее на четврт, наместо на пола грам!?? Говоревте со шарен иронизам: -Четврт грам-пола грам! -Четврт грам-пола грам! А сега излезе: Пола грам-полиграф! На кого да веруваме Ние Плаќачите на Даноци, чунки Ние ја Храниме државата? |