|
|
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - XVII |
М-р Мартин Треневски, поранешен министер и амбасадор
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - XVII
Еден сум од најпрвите во Македонија кои го искажаа своето воодушевување од триумфалниот настап на нашата Тамара Тодевска на фестивалот за песна на Евровизија што се одржа во мај месец во Израел, прогласувајки ја за "нова хероина на Македонија". Но, за нецели месец и половина од тој настан Тамара, на мое длабоко жалење, постана една од најозборуваните, па дури и најомразените лица од македонската естрада по инцидентот (!?) што се случи во Американската амбасада во Скопје каде на 3ти јули - на приемот по повод Денот на независноста на САД ја испеа а'capella македонската химна и при тоа изостави многу важна стофа во којашто се споменуваат хероите на Крушевската република - Гоце, Питу Гули, Даме Груев и Сандански.
Први на овој намерен или ненамерен "гаф" реагираа нашите сонародници од соседна Бугарија, кои ја иницираа лавината на протести и гнев за тој пропуст, пред се упатени кон Тамара. Некои дури отидоа до таму што побараа затворска казна за хероината Тамара, без да навлезат во суштината на проблемот кој, според мене, е многудимензионален и нималку наивен.
Следеа изјави дека Тамара испејала "своја верзија" на химната што воопшто не држи бидејки Химната на РМ е заштитена со закон и никакви интервенции во текстот не се дозволени, а камоли некој изведувач самоиницијативно да додава или одзема строфи! Претпоставувам дека Тамара тоа го знае!? Други го доживеаја инцидентот како "пробен балон" во контекст на актуелниот спор што го имаме со Бугарија која ги присвојува македонските илинденци и ги прикажува како Бугари!? Но мислам дека најреално е мислењето што го дадоа Американците од македонско потекло здружени во Обединетата Македонска дијаспора (ОМД) кои отворено искажаа сомнеж дека "грешката" на Тамара не е случајна и дека ОМД "цврсто верува" дека тоа е сторено н а м е р н о поради залагањата за промена на Химната што се заговара и во платформата на ЦИА, попозната како "Тиранската платформа"! Можеме да претпоставиме дека на нашинците во Америка добро им се познати методите на дејствување на таа фамозна и злосторничка ЦИА и затоа на нивното тврдење треба да се приоѓа со потполна сериозност! ОМД побара од амбасадата на САД во Скопје како организатор и домаќин на настанот да се извини, што амбасадата и го стори со изветвени фрази со кои не можат да се убедат ни мали деца.
Се извини и самата Тамара, верувам искрено, но за жал се чини дека таа самата уште долго ќе се соочува со гневот на народот за настанот на Калето. Па дури еден Зоран Заев се најде повикан (што би рекле комшиите: ничим изазван /можеби си ја има мувата на капата???/) да објаснува дека инцидентот бил случаен, а не намерен!? А да не ќе да е однапред договорен настанот помеѓу Калето и актуелниот властодржец на Илинденска б.б., а Тамара искористена како жртвен јарец??? Што велите?
Ќе потсетам во оваа прилика и на невидената хистерија во Бугарија на темата чиј бил, или од која националност бил Гоце Делчев! Хистеријата како со волшебно стапче престана со посетата на Никола Димитров на Софија еден ден пред почетокот на конференцијата на Црноморската иницијатива. Отиде Н. Димитров еден ден порано за да може да ја утеши и да вети на неговата бугарска колешка Захариева дека прашањето за националноста на Гоце Делчев ќе се надмине, со кротко, во нивна полза, т.е со наше (т.е. од властодршците во МК) откажување, со активности како бришење на неговото име од националната химна и слични приземни и подземни практики од актуелната власт во МК, дома и надвор!
Но што навистина се случи и кој беше поводот за "пропустот" со изведбата на Македонската химна на приемот кај нашиот стратегиски партнер САД!? За Американците важи правилото дека ништо не препуштаат на случајност, особено не на прослава на Денот на независноста!!!
Случката од 3ти јули треба да се гледа во контекст на сценариото на ЦИА за разнебитување на Македонија и пренасочување на нејзиното историско и културно наследство во ексклузивно авторство на соседите Бугарија и Грција и за цементирање на фашизоидната теза дека ние сме творба од Коминтерната, а нашата стварност како нација со посебен идентитет и наслество датрира од 1945та година. Со еден збор, тоа спроведувањето на тоа сценарио сеуште е во полн ек! По "изборот" на нивниот консензуален кандидат (на Калето) за претседател Стево Пендаровски, уследи бруталниот и многу болен за нас напад на Химната, а сега уште им преостанува нивната интервенција во следните парламентарни избори (со финансиски инекции од Сорос и ЈуЕсЕјд за привлекување на неопределените и малцинствата да гласаат за Стево, со нови концесии за пајташите на Али Ахмети, но и со пописот на населението закажан за идната пролет чија цел е бројот на Албанците и официјално да се зацементира на 30% од вкупното население, а реално се околу 15%!? Но прашање е дали крајот на брутално мешање на нашиот сратегиски партнер САД во нашите внатрешни работи ќе заврши со тоа! Не сум баш сигурен, особено не со актуелнава поданичка констелација на власт од двоецот Заев-Ахмети.
|