|
|
Крадениот крадец според "историчарот" Заев. |
Александар Џеповски Крадениот крадец според "историчарот" Заев. Не само народот и бизнисмените туку еве и историјата во пакет со име, јазик и црква ни се рекетирани од Заев и(ли) СДС, сеедно. Прашање за Нобелова награда е : Кој му даде право или го убеди Заев дека ете и експерт по историја да ти бил? Јас разбирам да си политичар, па ете и корумпиран па дури и светски рекордер како аболициран (читај криминалец), ама да си земеш за право што и најголеми историчари не се осмелуваат дури ни буквата М од Македонија да ја негираат ... значи преминати се црвени и сите црни линии. Заев, бидејќи го бутна носот кај што не треба, еве ти диал на се или ништо. Доколку пронајдеш една монета со име на Грција, Бугарија, Албанија и Србија до 1800 година и воедно мапи со овие имиња, ќе ти ја дадеме цела Македонија и ќе ти го легализираме рекетарството и ќе работиме сите Македонци во дијаспората само за тебе. Во спротивно, магла од Македонија и прекини да тресеш "историски" глупости. Ќе беше смешно ако не трагикомично со овие твои илузии највероватно под дејство на опојни отрови и преголем рушвет анулиран од центрите. Лично јас еве сум сведок додека живеев под земја Југославија како соседите реагираа на име Македонија и Македонец. Тотално негираа дека воопшто постои такво нешто и ме убедуваа дека сум Југословен. Немаа одговор зошто де Гоце Делчев не се борел или слушнал за име Југославија и Југословен. Кога се распадна Југата и Македонија се осамостои, е сега тие знаат што се Македонија и Македонци и воедно се класифицираат а ти па како капак на нивните фекалии им правиш кеиф дека ете сме им ја краделе историјата. Ќе те молам Заев повеќе не треси глупости за историјата македонска и објасни едно-како тоа Бентлито од Камчев е сопственост во твоја фамилија? ЕДНА Е МАКЕДОНИЈА КОЈА ГИ НАДЖИВЕА СИТЕ ДУШМАНИ И НИКОГАШ НЕМА ДА ЗГАСНЕ НАШАТА МАКЕДОНИЈА ЗА РАЗЛИКА ОД ТВОЈАТА СЕВЕРНА СО КРАТКИ НОЗЕ. АМИН !!! |