Среда, 24 Јули 2019   
Избивањето на аферата Рекет е врв на операцијата за промена на името и разнебитување на земјата

a 1Свекрва

Избивањето на аферата Рекет е врв на операцијата за промена на името и разнебитување на земјата

Владата на Заев нема кредибилитет да остане на власт.

Следејќи ги изборните парламентарни процеси, видливо е дека народот дава и го зема мандатот. Ниту една партија не може да биде вечна, па како доаѓа, така и заминува. А сите обиди со дестабилизација на земјата да се остане на власт, ќе останат безуспешна авантура, којашто неизбежно ќе им се врати како бумеранг на авторите кои ја турнаа земјата во политичка и безбедносна криза.

Срамно но вистинито. Нивото на корупција во земјата го достигна својот врв. Аферата Рекет и падот на СЈО укажа дека корупцијата ги зафатила сите пори на општествениот живот. Во една ваква ситуација и кога премиерот на државата во интервју за грчки медиум говори дека во земјата во минатото се извршил обид да се промени и извитопери целата нашата историја, со преземањето на светска, балканска и туѓа историја како наша, без притоа да се води сметка како тоа влијае кај соседите, тогаш  се прашуваме какви се‘ можности можат да се очекуваат.

Првата можност може да биде веднаш да бидеме примени во НАТО и ЕУ како високо коруптивна земја. Пример за тоа се Романија и Бугарија кои иако имаа високо ниво на корупција во 2004 година беа примени во НАТО и во 2007 година во ЕУ. И втората можност, како неспособна држава со никакви институции и корумпирана администрација, „земја која краде туѓа историја“, да биде поделена и присоединета кон соседите од каде, како што вели новопечениот „историчар“ Заев, Македонците ја украле историјата.

Избивањето на аферата Рекет е врв на операцијата за промена на името и разнебитување на земјата која ја спроведуваа домашните петтоколонаши. Оваа афера треба да го сврти вниманието на обичниот народ од она што му се случува со името, идентитетот и едноставно да каже аман доста, нека не земе некој, ние не сме способни да имаме држава.

Во последно време беше честа појава после секоја афера, која впрочем насекаде во секоја држава се случува, меѓу народот да почне да се говори дека не не’ бидува и дека не сме способни да имаме своја македонска држава, став кој од осамостојувањето го туркаат социјалдемократите.

Имено, во деведесетите години кога се распаѓаше Југославија, соцојалдемократите не стануваа ни на македонската химна, не сакаа ни македонска војска, ниту македонска репрезентација. Цело време додека беа на власт имаше царување на криминалот и сивата економија. Аферата ТАТ беше врв на таа гарнитура.

Сепак додека беше Бранко Црвенковски социјалдемократите  не се осудуваа да го сменат името.

Сегашното пак водство на Социјалдемократите, на чие чело е Зоран Заев, во 2019 година го смени Уставот и името во Република Македонија. Од преамбулата на Уставот ги избрша „одлуките на АСНОМ“ и ги замени со „правните одлуки кои се наведени во Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ“, а го вметна и Охридскиот рамковен договор.

Оваа промена на името беше направено без да се почитува вољата на народот. Поради тоа, револтот на македонскиот народ беше голем и анкетите покажуваа пад на рејтингот на СДСМ, чие неспособно водство не можеше да ги исполни ниту ветувањата за подобар живот. Во една таква ситуација на СДСМ им требаше нешто што ќе го сврти вниманието на народот. Тие самите преку ЈО ја отворија аферата Рекет, мислејќи дека ќе можат да ја контролират. Но се излажаа, бидејќи овој случај има метастазирано во сите пори. 

Всушност, апсењето само на Боки 13 и Зоки Кичеец, за случај на сериозен организиран криминал во високите кругови во земјата,  укажува дека властите сакаат да го задржат случајот на ова ниво без притоа посериозно да се занимаваат со активностите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и инволвираните високопозиционирани преставници на СДСМ.

Меѓутоа, интересно е што меѓународниот фактор, чие чедо е СЈО, иако е релативно молчалив, мимо желбите на власта, побара да се оди до крај и да се расчисти со главните учесници. Поради ваквиот меѓународен притисок власта попушти и го пуштија низ вода СЈО со Катица Јанева на чело.

Ова е крај на СЈО и Катица Јанева. Но ако паѓа таа која е избрана со двотретинско мнозинство во Собрание, тогаш е логично оваа власт да си поднесе оставка и да се оди на предвремени парламентарни избори. Едноставно по сето ова Владата на Зоран Заев нема кредибилитет да остане на власт.

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.