|
|
Јавно до Заев, а во врска со неговата изјава за грчка Алфа ТВ |
Јавно до Заев, а во врска со неговата изјава за грчка Алфа ТВ Јавно до Заев, а во врска со неговата изјава за грчка Алфа ТВ, во која ЈАВНО НА ЦЕЛ СВЕТ му обзнани дека Македонскиот Народ се крадци на туѓа историја и идентитет. Изјава која не само што смртно ги навреди, страотно ги вознемири Македонците и предизвика додатно продлабочување на стравот и несигурноста веќе проектирана од оваа Влада. Изјава која ги распири уште повеќе старите непријателства и ГЕНОЦИДНИ агресивни политики на соседните земји и земји нивни подржувачи и учесници во минатите распарчувања на МАКЕДОНИЈА и крволочни страдања на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! ЗА 3аев НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ СМЕ КОЊСКИ НАРОД ИЛИ ПОКОЊЕТ НАРОД ИЛИ НАРОД-КОЊИ, ИЗМИСЛЕН ОД ГРУЕВСКИ ??!!! СТРАШЕН ГОВОР НА ОМРАЗА СПРЕМА МАКЕДОНСКИ НАРОД! Оваа јасно изразена МАКЕДОНОфобија ги покажува мотивите за агресивната дискриминација врз МАКЕДОНЦИТЕ која се инсталира и дома и надвор. Вакви изјави се со цел да се ослабнат позициите на политички план и во секој друг поглед на Македонската Држава и да се доведе во реална опасност Македонскиот Народ. Ова се СМРТНИ изјави кои се намерно осмислени не само да го навредат и понижат Македонецот туки и да го доведат во опасност неговото физичко постоење со потенцијален напад од надвор и внатре и да ја вратат Македонија позицијски на балканот во 1913та година. Години наназад трае индоктринацијата со смислени методи на понижување на оваа влада и Партијата СДС со обиди за стварање РАЗДОР и нетрпеливост помеѓу самите МАКЕДОНЦИ со сегрегација преку навреди и вештачки поделби на “вакви“ и “никакви“ Македонци . Го покажаа својот РАСИЗАМ од болни размери непримерен за 21век. Ова фрла појасно светло на расната дискриминација и насилното одземање на елементарните човекови права на Македонскиот Народ за самопределување и самопрепознавање, укинувањето на човековите слободи на Македонците, гаснењето на веќе создадените и 75 години стари МАКЕДОНСКИ институции, ТЕРОРОТ врз Македонскиот Народ за да прифати новоизмислен идентитет и ТОРТУРА и принудувањето да ЛАЖЕ дека не е тоа што е , туку е тоа што Заев деспотски потпишал. ЗАМИСЛЕТЕ, таканаречен Премиер го нарекува Народот во чија држава е застоличен и чии Народни пари ги арчи (навистина со само10%подршка и преку насилие и пукање во Собрание) БУКЕФАЛИЗИРАН НАРОД! Ни дава НАС НА МАКЕДОНЦИТЕ име на КОЊ!?! Каква гнасна навреда!!Непримерено дури и за некој со трунка домашно воспитување а камоли за некого со политичка култура! Ултиматумот на Заев е, или мораме да прифатиме лажно ново име на народ измеслен од Заев, стар 1година, со лажна новоизмислена историја ИЛИ сме КОЊСКИ НАРОД измислени од Груевски, не повеќе дури ни од Тито како што милува да каже бугароманскиот Министер Никола Димитров-изразит ксенофоб поточно МАКЕДОНОФОБ кој нели “се срами од Македонците“ ! БЕСТИЈАЛИА ГРДА и #АНТИМАКЕДОНИЗАМ ! Розеана Новоселска |