Среда, 31 Јули 2019   
Историските извори говорат нешто друго кога се работи за името на Илинденското востание

121Свекрва

„Чуждата преса по Македонското възстание“ во Автиномия 1903

Македонија праславува 116 години од Илинденското востание и 75 години од АСНОМ. Овие светли денови на македонската историја се затемнети од актуелната владеачка гарнитура која во изминатата година го промени името на земјата, ги избриша одлуките на АСНОМ од Уставот и го потпиша Договор за добрососедство до Бугарија која бара за возврат за влегување во ЕУ да признаеме дека Гоце Делчев бил Бугарин и бара заедничко чествување на Илинден кое би го викале Илинденско-преображенско востание.

Сепак историските извори говорат нешто друго кога се работи за името на Илинденското востание. Имено во весникот „Автономија (1903)“ (Автиномия) кој е Задграничен лист на Внатрешната македонско-одринска организација и излегувал во Софија во текот на август 1903 година не се говори за Илинденско – преображенско востание како што го нарекуваат бугарските историчари, туку за Илинденско востание.

o1

Во првиот број на весникот Автиномия, кој се печати двојазично, и на француски јазик, на страната број 3 објавена е статија за странскиот печат кој пишува за востанието во Македонија. Самиот наслов „Чуждата преса по Македонското възстание“, говори како странскиот печат и македонските револуционери го именуваат востанието. Истовремено тоа укажува дека преставниците на Македонската револуционерна организација се дистанцираат од бугарската влада која ни со прст не им помогна на македонските востаници.

02

Инаку, весникот го редактирал скопјанецот Тома Карајовов и се печател во печатницата на Георги А. Ножарев. Во првиот број била публикувана „Декларација на ВМРО“ потпишана од задграничните преставници Христо Татарчев и Христо Матов. Во вториот број е објавено соопштение за објавувањето на Илинденското востание, а во третиот се објавени информации за тоа како се одвива востанието.  Во објавата за почетокот на востанието во Битолскиот вилает во таканаречена „протурка“ стои:

„Жребката е фрлена.Борбата започна.

На 20-ти вечерта (Илинден), во три часот по турски, согласно решението на Централниот Револуционерен комитет започнати се востаническите дејствија во целиот Битолски вилает. Сите борбени сили во каазите: Битолска, Ресенска, Охридска, Дебарска, Кичевска, Пореч, Демир-Хисарска, Крушовска, Прилепска, Леринска, Костурско и Кајларска - едновременно почнале да дејствуваат големи востанички маси.


Спроти достапните информации кои ги имавме уште истата вечер (Илинден) сите телеграфски (државни и железнични) жици се прекинати, секакви пораки се прекинати; така што надворешниот свет не знае што се случува од другата страна на Острово (гранично село меѓу Битолскиот и Солунскиот вилает.

Претседател на Битолскиот востанички штаб е: Дамјан Груев; членови: Пере Тошев, Борис Сарафов и А. Лоранчев. "

"След десетгодишно суштествување, организацијата сега за прв пат излегува отворено со свој орган. Неколцина весници, како: "Борецъ", "Възстанникъ", "Освобожденье", "Борба", "На оружје" и други, кои до сега се издаваа од реонските комитети во Македонија, бидејќи издавани со чисто пропагандистичка цел, не стигнаа до пошироката јавност. Природата на работата бараше организацијата да го дочека својот целосен развој, за да говори за неа и самите настани. "Денешните настани веќе се зголемија и се гласно зборуваат. Време е организацијата да му објави на целиот свет за своето постоење.“

Странскиот печат, поточно „Die Zeit“ кој го пренесува „Автономија“, известувајќи за настаните во Македонија, меѓудругото и за убиството на рускиот конзул во Битола Александар Ростковски.

Инаку, Александар Аркадјевич Ростковски (18 октомври 186026 август 1903) бил руски конзул и пријател на Крсте Петков Мисирков, убиен во негово присуство од турски стражар (Албанец по потекло) во илинденските настани во Битола.

Во „Die Zeit“, парафразирајќи го, се говори дека со негово остранување се отвара простор за беспоштедно истребување на Македонците.

Значи уште во 1903 година во странскиот и македонскиот печат се говори за Македонско востание и Македонци. Оттука, денес секој обид да се преправа историјата е безуспешен.

o3

Покрај весникот „Автонимја“, се објавува на француски јазик „Bulletin de L'Autonomie“.

Тој е официален весник на Македонската револуционерна организација кој излегува во Софија во текот на 1903 година со цел да се пропагира борбата на Организацијата во странство за добивање автономија на поробениот македонски народ во Македониа и Одринска Тракија.

За многу години! АМИН!

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.