Среда, 31 Јули 2019   
Злосторства и казна

Злосторства и казна

Автор: Страшо Ангеловски, претседател на МААК за НетПрес

За многу потези на актуелната власт не можеме да зборуваме како за погрешни, а за последиците од нив како нанесена штета на државата и народот која лесно ќе се санира. За жал, тие потези можеме и мораме да ги оквалификуваме единствено како ЗЛОСТОРСТВА со предумисла, извршени врз сопствениот народ и сопствената држава, чии последици ќе значат формално правно бришење на македонскиот народ и на македонската држава. Барем засега и за годините што следат.

Многумина, станува збор за оние кои никогаш и не се чувствувале како Македонци, ниту македонската земја ја чувствувале како грутка од која се создадени, но и за оние на кои пропагандната машинерија им подари очила со лажната НАТО и ЕУ диоптрија, ќе застанат во одбрана на ваквите злосторнички потези оправдувајќи ги со повисоките цели заради кои тие се повлечени – членството во НАТО и ЕУ, како „вековен“ стремеж на македонскиот народ, како нешто кон што сме тежнееле со векови, па дури и незнаејќи го тоа. Но,тоа се истите тие, или нивните деца, кои и постоењето на бившата југословенска федерација и македонското егзистирање во неа го прикажуваа, а некои се’ уште го прикажуваат како „вековен“ стремеж на македонскиот народ. Луѓе без национален и историски компас за кои не вреди да се трошат зборови.

А, ЗЛОСТОРСТВАТА се видливи и со голо око, оние веќе сторените, но и оние во најава. Најпрво за сторените, за оние што и на малите деца веќе им се познати:

1. Договорот со Атина, со кој меѓународно правно се брише една држава и се создава држава монструм која ги јаде сопствените деца, нејзините државјани. Имено, дури и оние Македонци родени во егејскиот дел на Македонија, денешна Република Грција, и Македонците родени во пиринскиот дел, денешна Република Бугарија, во своите документи ќе имаат земја на потекло. Насилно наметната, но ќе зборува за нивното раѓање некогаш и некаде – во Грција и Бугарија. Само ние, генерациите и генерациите Македонци родени во Република Македонија, се’ до минатата година, наместо држава на раѓање, ќе имаме коса црта. Со тоа, новосоздадената монструм држава ќе ги проголта сите Македонци родени во Република Македонија за да не остане доказ за нејзиното постоење, како држава на еден жив народ. И уште повеќе, за да не остане доказ за постоењето на тој народ. Големогрчката и големобугарската стратегија преземена од новосоздадената држава како злосторство врз сопствениот народ. ЗЛОСТОРСТВО со кое оваа власт врши АПАТРИДИЗАЦИЈА на еден цел народ и создава 2,000.000 современи талкачи во непознато, без корен и државјанство – апатриди.

2. Создавајќи гломазен систем за рекетирање и уценување на политичари, бизнисмени, новинари, интелектуалци и јавни личности со незаконски прислушкувани, незаконски стекнати и најблаго речено прилагодени телефонски разговори, оваа власт ја загуши политиката како битка на идеи, идеологии и платформи, и државата ја внесе во најтемната зона на криминалот. Со ослободувањето на сите веќе осудени злосторници и криминалци, изврши целосна КРИМИНАЛИЗАЦИЈА на општеството, во кое веќе никој не се чувствува сигурен. ЗЛОСТОРСТВО, со кое оваа власт заради создадената клима на несигурност и небезбедност, ги поттикнува своите граѓани час поскоро да ја напуштат државата.

3. Во историјата на владеењето постои едно уредување наречено ДЕСПОТИЗАМ. Тоа е груб и примитивен облик на автократски политички режим познат во робовладетелските и феудалните општества. Врз основа на тоа, терминот ДЕСПОТИЗАМ до ден денес се користи за да се означи начин на владеење во кој најизразено е самоволието на владетелот и безусловна покорност на потчинетите. Волјата на ДЕСПОТОТ е закон за сите, па дури и кога е резултат на неразумни барања и желби на владетелот. Сите мораат да се покоруваат на деспотската власт и секоја непослушност повлекува тешки санкции, казни и одмазди, а пониските државни органи фигурираат само како обични слуги на ДЕСПОТОТ. Токму ова под терминот ДЕСПОТИЗАМ е запишано во политичките енциклопедии, а ЗЛОСТОРСТВО врз сопствениот народ е воведувањето на ДЕСПОТИЗМОТ денес, во ХХI-от век, во Република Македонија според овие веќе видени робовладетелски и феудални принципи на владеење.

А, сега за ЗЛОСТОРСТВАТА во најава кои следуваат:

1. Од 1975 година со тогашната „демократска“ Камбоџа владееле Црвените Кмери, марксистичко-ленинистичка власт предводена од Пол Пот. Водејќи се од својата замрачена, нечовечка и антицивилизациска мисла, ги урнале сите дотогашни градби, споменици и историски артефакти, за да создадат дисконтинуитет со дотогашната држава и да создадат нова исклучиво аграрна држава. Држава која почнува од нулта точка, во нулто време. Заради тоа, предводени од својата желба за апсолутна власт, а уплашени од моќта на неистомислениците, ги забраниле сите интелектуални активности и ги ликвидирале сите интелектуалци, професори, доктори, уметници, свештеници… кога и тоа им било малку, ги ликвидирале сите кои знаеле да читаат… на крајот, ги убивале и оние кои на носот имале траги од носење очила, под претпоставка дека знаат да читаат. Заслепени од апсолутната власт, ликвидирале околу четвртина од вкупното население, или околу неверојатни 2,000.000 (два милиони) луѓе. Четири години подоцна, во 1979 – та, народот си доаѓа по своето, ги урива од власт Пол Пот и Црвените Кмери и ги суди за злосторства против човештвото. Со бришењето на македонската историја, со обидот да создаде држава од нулта точка и во нулта време и со најавената репресија во лажната битка против лажните вести, врз сите кои поинаку мислат, поинаку пишуваат, поинаку зборуваат, поинаку објавуваат, актуелната власт преку процес на ПОЛПОТИЗАЦИЈА сака да ги ликвидира сите поинакумислечки интелектуалци, професори, доктори, новинари, уметници, свештеници, политичари… се разбира не физички, туку со нивно заплашување, казнување, уценување… (малку шега во овие сериозни редови – и двајцата новинари кои беа повикани на информативен разговор во МВР заради објавување на аферата тешка повеќе милиони евра, а поврзана со генералниот секретар на Владата, носеа очила. Зарем сме стасани до таа фаза?) ЗЛОСТОРСТВО, со кое со полпотовски методи треба да се убие слободната мисла, слободниот говор, слободната активност… со еден збор, човековата слобода во ХХI-от век.

2. Со последниот план на актуелната власт за вработување мигранти во македонските фирми, започнува последната фаза од геноцидот врз македонскиот народ. Имено, населувањето и вработувањето мигранти на територијата на една држава, која има околу 20 проценти невработени, претежно млади луѓе; држава, која има стотици илјади раселени во потрага по парче леб и нема стратегија да ги врати назад; држава во која грото од платите се движат меѓу 200 и 300 евра; држава во која заради беззаконие секој е препуштен на сопствената можност за преживување, претставува моќна алатка во протерување на сопствената младина од државата. Имено, дел од луѓето кои ги напуштиле своите домови во азиските и африканските земји од економски причини и се по потрага по азил низ европските држави, се вистински очајници и нормално би прифатиле вработување и за плата пониска од вообичаената за вработените или невработените Македонци. Со тоа, тие стануваат нелојална конкуренција за овдешните невработени, па дури и за оние вработените, кои лесно може да бидат избркани од работа. Со ова би започнало последното организирано ЗЛОСТОРСТВО врз сопствениот народ, за негово протерување од државава.

Ова е дел од ЗЛОСТОРСТВАТА кои актуелната власт ги врши врз сопствениот народ. Но, како наравоучение преку маестралната приказна за злосторникот Раскољников, кој избезумено признавајќи дека ја уби старицата за грст жолтици, ја дочека својата казна, големиот Достоевски ви порачува дека на секое злосторство му следува казна.

Порано или подоцна.

Автор: Страшо Ангеловски, претседател на МААК за НетПрес

 

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.