|
|
Пада влада!? |
Гоце Марков-колумнист, Македонец и ЧовекПада влада!?Ироничен слоган најчесто користен во едно друго време кога некоја си ,,револуција”, Шарена или црно-бела, го користеше до фанатизам и до помочување… Бес тоа денови на политичко-опшествен вакуум кога Народот како и обично беше на крстопат и не знаеше на кого да верува?!
Странските влијанија несомнено го дадоа резултатот, донесоа инсталираа власт која не победи, која беше тука само за да биде власт. Да биде иронијата уште поголема, истиве овие Шаренаши сега први плукаат против недемократската и ненародна власт….само сега доцна е за цимолење и лигавење!Сега некои т.н. блогери-ки, колумнисти и ,,инфлуенсери” ми говорат за нова концепција, за нов почеток… Истите оние кои рушеа #Режим?! Сега истиве ќе рушеле #Хунта?! Навистина, ви се молам?
Намалете тоа лигавењето! На крајот на краиштата, сите остануваме. Со денови сме изложени на лош ПР ,спинови и фејк реалност.А сите се сведуваат на едно – како да се изора и оној дел од мозокот на македонскиот народ кој останал недопрен. Секој кој не ја прифаќа промената на името станува Енеми оф д Стејт? Секој поглед во екранот на ЛЦД-то е вкрстен оган со сопствената интелигенција.
Па до толку ли не потценуваат? Ноншалантно-шарлатански предлог, чија цел не беше да се понуди некакво си решение, но да ни се сервира опција која само изгледа Ок за Македонците, а всушност е само замајување на реалната слика и отворање нов мегдан за Големите сили да си отворат нова оф-шор територија, корисна за се и сешто.
Скапо платениот домашен и странски ПР не доведе во ситуација да не веруваме ни на сопственото лево око. Зошто? За да се нанесе последниот удар на Македонија, т.е. комплетно уништување на се она кое се нарекува патриотизам, национализам и радикализам(последново веќе велат извори дека не било Ин?!) ќе се користат сите светски познати конвенционални и неконвенционални методи. Веќе е досадно да слушаме како, не денови, туку часови и минути не делеле од правната држава на Заев.Смејурини за мали деца, ама сепак толку инфицирани од Северната треска , да не верува човек!?
Порано си велев, ај ветено на пооскудните некое си ковче, вработување, политичарите фураат сосема друг филм а Народов, тој само вага…да , да ја кантари работава триесетина години. Дали излажани или не луѓево си бараат отчет а не само бедни изговори и залажувања.И своето ќе си го побараат и наплатат на избори, за тоа немам сомнеж.Мојот сомнеж се раѓа кога ќе ги погледнам пријателите околу мене, го барам жарот за ентузијазам и непоправлив оптимизам и наместо него гледам насобран гнев и горчина.Ништо не велам, знам како им е…си велам ќе помине! Но од ден на ден нова насока се раѓа од новиот склоп на околности и новиот систем на општење, дали арен или лош, ќе каже иднината!? А знаеме дека спинот всушност има само една цел, а таа е да ве доведе во комплетна изолација и погрешна претстава, лоши и срамни одлуки итн…
Во овие црни ноќи на македонската демократија видовме повеќе фејк отколку за сто години!Навистина! А држава во која предавникот се води херојот гние по затвори, каде кукавиците и кодоши се ставаат на раководни места а паметните веќе нагло бегаат од Македонија сите да воздивнеме силно и на тешко срце да си купиме билет во еден правец. Така да, со што и да ве бомбардираат овие денови, треба да ви е јасно дека целата работа е договорена, и дека теретот, багажот е наш а кајмакот е секогаш во милениците на Западот.А тие вештачки или не, ја одржуваат контролата па макар и на апарати за дишење.
Впрочем, ова што се случува денес безмалку наликува на диктатура а не на развиена и стабилна држава.Далеку од памет!? Ми велат, грешка е да се биде толку оптимист, гледаш дека не бива од нас ништо!?Остави, ми велат не вреди, гледаш дека сите крадат, уценуваат, апла се прават криминали, сите гледаат а сите фатени и во мозок и во раце! Го подготвуваат народот за тоа, за таа другата слика!?
Ден по ден и овој завалијава, можно да падне на дух и дека ќе прифати се што ќе му се каже.Мислам дека не ја научи лекцијата последниот пат Македонија. Би бил најсреќен кога барем внатрешната употреба ќе ни биде загарантирана а се останато полека полека ќе се решава…степ бај степ што велат оние чаушине со пет збора у Фонд ама не за иновации!
Девастирано земјоделие, расцветано судство, на колена здравство, се повеќе наликува на некоја Јужно американска територија отколку на ЕУ држава со солидна култура.
Македонскиот народ секојдневно гледа бришење на идентит, Заробени во мрежата.Таа истата е репер за секој од нас.Таму сме она мисловниот, сонот, надежта, условот,силата… Матриксот бил во секој од нас!?
Едните заведени, другите разделени! Едните со полни џебови, другите со полни здравствени книшки! На едната страна одбрана а на другата напад.На Запад ништо ново а Северна ви #Блеска на првите а е #Трн во окото на другите!
Јас само барам инер пис, малку повеќе љубов кон Македонија, малку почит и леб и вода.Се друго е луксуз во продадена територија, ама тоа допрва ќе го видите…
Каде се Кики, Фрики и другите?
Зар да веруваме дека двајца или тројца организирале милионски рекети? Зар мислите дека до толку е глуп Народов? Дека насмеан и мирен ПР ќе ги забошоти сите глупости и гафови? Дека вашиот 82 е доволен за да потцените интелектуалци и дејци? Ви се молам? Да не се потценуваме! Пада Влада!!! |