Среда, 11 Септември 2019   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - XXVI

Martin Trenevski

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - XXVI

 

Martin Trenevski

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер и амбасадор

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - XXVI

1. На почетокот од месец септември беше одбележена 80 годишнината од почетокот од Втората стветска војна. На манифестацијата во полскиот град Вилун, кој прв настрада од нацистичките бомбардирања, присуствуваше и германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер кој по примерот на Вили Брант клекна пред спомеикот на жртвите на нацизмот и на колена замоли за прошка за злосторството што го направија неговите земјаци, нацистите! "Молам за прошка за полските жртви на германската тиранија", рече во таа прилика Штајнмаер и воедно упати благодарност до Полска за "подадената рака во знак на простување".

Убав гест од германска страна во секој случај. Тоа нема да ги врати милионите жртви на нацизмот, но како чин барем е некаква утеха.

Се прашувам дели овој пример ќе го следат званичниците на "европска", т.е. (членката на ЕУ) Бугарија, Претседателот Румен Радев или Премиерот Бојко Борисов??? Тие (бугарите) исто така сторија големи ѕверства за време на фашистичката окупација на две третини од окупираната Република Македонија. Не верувам дека ќе го сторат тоа, дека ќе се извинат!. Па нивните квази-историчари дури се осилија во нивниот посесивен налет и почнаа да лансираат небулози дека нивните војници, кои преку ноќ го сменија фашистичките ознаки, и се обидоа да се претстават како "сојузници" и "ослободители" на Македонија!?

Впрочем, да потсетиме на зборовите на премиерот Бојко Борисов, кој пред споменикот на депортираните евреи во скопскиот Монопол, каде што беше импровизираниот бугарски фашистички конц-логор 1943 година, на прашањето дали намерава да се извини за 7.160 евреи што бугарскиот фашистички окупатор ги предаде на нацистите и сите до последен беа ликвидирани во логорот Треблинка, во Полска, тој (Борисов), кратко дофрли: "Немојте вие мене да ми пласирате таква  п р о п а г а н д а".

Значи ликвидацијата на македонските евреи што фашистичка Бугарија ефективно ја спроведуваше цели три години, за физички да ја довршат нацистите во Треблинка, за Борисов била пропаганда(!?). Ех Европо, Европо, што се не собра во своите закрила??? Забелешка: Сите земји што беа на страната на Третиот рајх, т.е. на страната на нацистичка Германија се денес членки на Европската Унија!?

(Ех Стево, Стево (Пендаровски), свесен ли си каков злостор стори што онака - од ракав, им го подари нашиот Гоце на овие......),

2.  Замислете, дури една Русија револтирано реагираше дека Бугарија ја фалсификува историјата!!! Welcome to the club,господо руси! Ова за нас не е ништо ново: ни ги крадат Светите Кирил и Методиј, ни го крадат Самоила, ни ги крадат Светите Климент и Наум, ни ги крадат просветителите од XIXот век, ни го крадат најсветиот празник Илинден и неговите дејци, ни го крадат нашиот Гоце...... Патем, кај што стапнаа како окупатори, се испокрадоја, од охридските цркви и манастири, до лустерот од домот на армијата во Скопје, па дури се обидоа да го украдат и иконостасот од црквата Св. Спас, но скопјани се побунија и тоа, на наше задоволство, не им успеа,

Но што е тоа што толку ја вознемири званична Русија, на што реагираше порт-паролката на руското МНР Марија Захариева? Се работи за изјавата на бугарското МНР дека "Црвената Армија вршела репресија (!?) за време на Втората светска војна". Да се крстиш и да не веруваш!!! Благодарение на Црвената Армија Бугарија колку-толку успеа да спаси образ и наместо одна од најверните сојузнички на Рајхот се прошверцува меѓу сојузниците во стилот:"Пу, Пу, она што било во периодот 1941-1943 не важи, туку важи она што се случувало по нејзината капитулација на 9ти септември 1943".

По малку им замерам и на русите! Па добро бе луѓе, два пати им направивте држава и не ги научивте какви се бугарите, со кого имате работа и дека нема верба во нив!? Па одозгора на се и ги наградивте со тоа што гасоводот Турски тек ќе поминува повеке стотици километри преку нивна територија (Македонија ја заобиколивте!?), а тие само ќе си печалат зелени банкноти без да мрднат со прст! Па тоа ли е политика? И додека тие си гледаат сеир и се богатат на ваша сметка, истовремено на нивна територија се градат воени бази за проектили за напад на Руската федерација. Ало Москва, калкулациите ќе да ви се погрешни, понимаете ли???

3.  Власта во неделата организираше "свеченост" по повод Денот на независноста 8ми септември. Локацијата - познатата "школка" во Градскиот парк. И овој празник, како и прославата на Илинден во Крушево буквално го киднапираше Зоран Заев кој во занес дека е некој македонски месија нудеше во обраќањето како од ракав некаква убава иднина и перспективи.

И наместо да се угледа како други, нормални земји го слават Денот на независноста, настанот кај Школката малку фалеше да заличи на панаѓур и само фалеа зурли и тапани од Топаана за впечатокот да биде комплетен.

Жално но вистинито. Наместо најголемиот државен празник да биде сеопшта радост, на сите нас, тоа се претвори на галерија грди фаци кои ја опустошија македонската економија, ги избркаа младите во странство, ја обезчестија држаавата и распродадоја исторјата

Се прашувам дали вакви  изроди на својот народ постоеле на друга точка на планетава земја?

martin tren

На сликата погоре: Двајца "првоборци" од 1991 година кои непосредно учествуваа во постатувањето на темелите на независна Македонија! Од десно кон лево: Пратеникот во првиот состав во македонското Собрание, инж. лЈордан Бошков: лево: членот на првата "експертска" влада и министер за информации Мартин Треневски. Колку за потсетување, Министерството за информации го организираше Референдумот за независност.

Кога сме кај Референмдумот за независност во историјата ќе остане забележено дека вториот по важност, според Уставот, по шефот на државата, Стојан Андов не учествуваше во гласањето туку се скри (по совет на некои странски генерали) некаде на југот, за подоцна да шири лаги дека бил во Солун за да го испита јавното мнение на грците. Подоцна, со помош на новинарот Љупчо Арсовски дури импровизираа сцени како Андов кобожемски гласа, но не разбравме каде гласа и за што гласа. За референдумот дефинитивно не гласаше.

 

 

На прво место

News image

По пазарот за името, некој мислел дека датумот ќе дојде како подарок

ДИМОВСКИ СЕ ОГЛАСИ НА ФЕЈСБУК: По пазарот за името, некој мислел дека датумот ќе дојде како пода...

Иселеници

News image

КРЕАТИВНОСТА МИ ЈА ПОЛНИ ДУШАТА

Разговор со Лара Мабеи која ја игра главната улога во „Баб...

Култура и туризам

News image

ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (12)

ЕРУСАЛИМ - ГРАДОТ НА ВЕЧНОСТА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (31) I ДЕЛ

МИТОЛОШКА И ТЕОНИМСКА ОНОМАСТИКА НА ПАНОНИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.