Четврток, 17 Октомври 2019   
АВТЕНТИЧНО БУГАРСКО СВЕДОШТВО ЗА НАСТАНИТЕ ВО ПРИЛЕП ОД 11 ОКТОМВРИ 1941 ГОДИНА

Donski111Александар ДОНСКИ

 

Познато е дека во 1941 година Хитлер го доделил вардарскиот дел на Македонија на своите фашистички сојузници: Бугарија и Италија. Во поголем дел од овој дел на Македонија упаднала бугарската војска, која набргу почнала со обиди за присилна денационализација и терор врз Македонците. Поради тоа Македонците кренале масовно востание против бугарската окупаторска власт. На 11 октомври 1941 година македонските востаници во Прилеп ја нападнале бугарската полициска станица. Истиот ден бугарската полиција и војска жестоко се нафрлила врз мирното население. Граѓаните на Прилеп масовно биле претепувани и затворани, а бугарските полицајци и војници им ги краделе вредните предмети што ги наоѓале кај нив. Од ваквата постапка на полицијата и војската биле огорчени дури и некои службеници на бугарскиот фашистички режим. Еден од нив бил Коста Црнушанов, кој во тоа време работел како службеник во просветата во Прилеп. Практично Црнушанов бил жив сведок на она што се одиграло во Прилеп на 11 Октомври 1941 година. Иако бил во служба на бугарската власт, тој не останал рамнодушен од она што го видел и слушнал од очевидците, па недолго потоа испратил протесно писмо до бугарскиот Министер за просвета во врска со овие настани. Во писмото јасно се гледа неговата огорченост од постапките на бугарските окупатори. Еве што, меѓу другото, напишал бугарскиот службеник Црнушанов до својот министер:           

,,Очевидците и настраданите ми раскажуваа низ плач: Ако некој има видено глутница од волци како напаѓа стадо, тогаш може да си претстави како изгледаше апсењето и претепувањето на прилепските граѓани. Луѓето беа апсени каде и да се наоѓаа: дома, на кино, во кафеана и на други места. Беа водени во участокот, а оттаму во затвор. По патот кон участокот тие беа тепани до бесвест и им беше пцуена „мајката македонска”! Кои беа тепачите? Тоа беа полицајците, војниците и некои од началството, вклучувајќи го и бившиот полициски началник на областа. Тепаа со стапови, маваа со цевките од пушките, удираа со греди и клоцаа со нозете. Удираа каде што ќе стигнат: по главата, по грбот, насекаде... Од околу 300 претепани граѓани, во затворот беа задржани 70... Претепаните се од најразлична возраст: од млади, па се до 70-годишни старци, каков што е случајот со Митре Мазарот... Притоа не било вршено само малтретирање и тепање на лицата, туку истите биле и ограбувани. Им биле крадени парите и другите вредности, пенкала, часовници и друго. Ограбувањето го вршеле полицајците и војниците.” (Извор: Коста Црнушанов: “Принос к’м историјата на ММТРО“, Софија, 1996 год.).           

Ова сведоштво е од исклучителна важност затоа што претставува автентичен бугарски документ (официјално писмо од официјален бугарски службеник) за теророт на бугарската окупаторска власт против македонското население во Прилеп.           

Бугарскиот терор против Македонците, но и против припадниците на сите други народи во Македонија, продолжил така како што се засилувала вооружената борба за ослободување на Македонија.

По војната добар дел од бугарските воени и полициски функционери биле уапсени од новата македонска власт, по што биле судени и осудени на заслужените казни.

Добар дел од нивните  сведоштва се собрани во книгата  “Судењата како последен пораз” од авторот Јован Павловски (Скопје, 1984 г.) каде се објавени повеќе десетици автентични признанија на уапсените бугарски агенти и полициски и воени функционери, кои во детали ги опишуваат убиствата, мачењата и другите тортури што ги правеле врз Македонците за време на бугарската окупација.

Би било добро потресните сведоштва од оваа книга да се прочитаат јавно пред членовите на Бугарската историска комисија, а воедно и да се испратат до бугарскиот политички врв.

 

На прво место

News image

Пропаѓањето на проектот „Северна“

  Пропаѓањето на проектот „Северна“

Историја

News image

ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ И ЈАЗИКОТ НА НАШИТЕ СОСЕДИ

ПОТЕКЛОТО НА МАКЕДОНСКИОТ И ЈАЗИКОТ НА НАШИТЕ СОСЕДИ

Иселеници

Култура и туризам

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА: АМБАСАДОРОТ РИСТО НИКОВСКИ ОД РЕСЕН – ГЛАСНОГОВОРНИК ЗА МАКЕДОНИЈА (10)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (35)

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АНТИЧКИОТ МИТОЛОШКИ СИСТЕМ НА БАЛКАНОТ – I ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.