Среда, 06 Ноември 2019   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - XXXIV

Martin Trenevski

M-р Мартин треневски, Поранешен министер и амбасадор

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - XXXIV

1.   Поранешниот амбасадор на Бугарија во Македонија и претседател на бугарскиот дел од мешовитата меѓувладина Комисија за историја и учебниците со Република Македонија Ангел Димитров (историчар по вокација) ни најави нов бисер од нивна страна: сега демек, по историјата и учебниците, ќе ни ги уредувале и музеите во нашата земја бидејки, според негов вкус, не биле "професионално" и "научно" поставени!? А според Димитров, "кога и дали сите бугарски барања ќе биделе исполнети, ќе зависело од нашата подготвеност да го следиме патот на европските интеграции"!?

      И од оваа изјава на Ангел Димитров, но буквално речиси и од секоја изјава што доаѓа од Софија очигледно е дека кај бугарските званичници преовладува чувството дека - што би се рекло онака, народски,  дека дефинитивно не начекале "на кривина" и дека треба да им ги исполниме сите нивни "научни" и   "професионални" желби за да може Република Македонија да напредува кон членство во ЕУ.

     Колку што ми е познато, меѓувладината Комисија за историја и учебниците со Бугарија е поставена на  р е ц и п р о ч н а  основа, а тоа подразбира и наши експерти да проверат што се има презентирано во нивните музеи и како тие експонати се прикажани. Да почнеме, на пример, од "Историческиот" (историскиот) музеј во Софија каде првиот спрат е исполнет речиси 100% со експонати украдени од Македонија, kako на пример: плаштот од византиската кралица Ана Комнена, круната на охридските архиепископи од злато со бисери и скапоцени камења, златните маски од Требеништа и стотици други за нас бесценети предмети!

     Да имавме влада која ќе ги почитува интересите на својата земја, а следствено на тоа и Комисија што ќе ги застапува како што треба интересите на нашата земја, враќањето на богатствата што ни ги украдоа бугарите во минатото требаше да биде клучно барање од македонска страна во фамозниот Договор за пријателство но, за жал, такво нешто не се случи!

2.   По шокот што ни го приреди францускиот претседател Емануел Макрон со блокирањето  на одлуката на Македонија да и се додели датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ бројни беа реакциите во меѓународната заедница за подршка на нашата земја и осуда на потегот на францускиот претседател.

      На повиците за подршка се приклучи и духовниот татко на една и пол милијарди католици во светот, Неговата светост папата Францис кој категорички порача дека: "На Македонија и е место во Европската унија" и ги потсети европските лидери од каде дошло Христијанството во Европа!

     "Ми остана убаво сеќавањето од тој добар народ, кој многу добро ме прими. Нека ја чуваат оваа вера што Св апостол Павле им ја проповедаше", изјавил Папата на аудиенцијата во Ватикан и посочил дека три настани ја карактеризираат неговата посета: 1. евангелизацијата, 2. крштевањето на Македонката Лидија и нејзиното семејство, и 3. доаѓањето на христијанството во Европа како почеток на процесот на вовед на нова култура, која трае и до денес! Тоа дојде од Македонија, укажал Папата на ауденицијата во Ватикан! Познавачите на верските состојби велат дека оваа порака на папата треба да се гледа и низ призмата на последните случувања на политички план со недобивањето датум за преговори за Македонија.

     Според експертите за  црковните прашања, скоја проповед на Папата е порака, бидејки кога е во прашање Ватикан, ништо не е случајно и ништо не е без конкретна цел! Со овие пораки се потсетуваат политичките лидери во Европа дека Македонија е неделлив дел од Европа и нејзиното место е во европското семејство!!!

     Да се надеваме дека овие пораки на Папата ќе допрат до совеста на водечките политичари и во предоминантно католичка Франција и дека тие ќе го корегираат својот одбивен став кон нашата земја за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

3.  Дека бизнис интересите преовладуваат кога се во прашање и стари сојузништва и пријателства посведочи одлуката на Енергетската заедница на кралството Данска која даде согласност (и покрај силното противење на САД) гасоводот "Северен поток 2" да поминува и на нејзина територија, под водите на Балтикот. Гасоводот долг 1.200 километри ќе ги поврзува Русија и Германија и ќе снабдува со природен гас повеќе земји од тој дел на Европа.

     Но овој проект има и значајни политички димензии! Со истиот целосно се заобиколува Украина (преку чија територија поминуваа неколку гасоводи од Русија кон Европа) која ќе претрпи големи економски загуби заради губењето на значителни приходи од наплата за транзит на рускиот гас. Данска со одлуката на нејзината Енергетска заедница покажа дека нејзе и е поблиска Германија како соседка и партнерка, одколку САД, но званичен Копенхаген манифестира и пркос и лутина заради однесувањето на претседателот Трамп кој се беше намерачил да го купи островот Гренланд од данците што политички е дел од Кралството Данска. Впрочем, како ќе се чуствуваа американците ако Данска им понудеше на американците да ги купи Хаваите што се дел од националната територија на САД и нејзина 50та држава!?

     Жртва на политиката на САД за блокирање на испорака на руски гас е и Република Македонија која со поврзувањето со проектот "Јужен поток" ќе добиваше ефтин енергенс што е многу значајно за нејзината кревка економија, но и многу кеш за транзитот на гасот преку нашата територија. До тоа не дојде токму заради притисоците и противењето на од САД.

4.  Министерството за надворешни работи не престанува да шокира! Најново непријатно изненадување е оставката на почесниот конзул во Хрватска, професорот и специјалист за македонистика од Риека Др. Горан Калоѓера кој преку фејсбук соопшти дека упатил писмо преку амбасадата на РМ во Загреб да биде ослободен од таа функција што ја вршеше 10 години. Д-р Калоѓера во писмото наведува дека oд сите страни слушал дека за актуелнава власт во РМ бил сметан за "непогоден" и дека тие (актуелните Мак. власти) "би биле најсреќни" доколку би го испратиле во "конзуларна" пензија.

     Бруталноста на актуелниве властодршци во земјава очигледно е видлива и во полето на дипломатијата, а сега, за жал, на мета се почесните конзули!? Така, на средбата со почесните конзули пред десетина дена во Скопје немаше ниту еден од нам пријателска Австрија бидејки некултемина што ги имавме се расчестени, ама не се знае дали од актуелниот амбасадор или од министерот (почесен конзул именува или разрешува владата, а не според вољата на поединци. Соопштение од владата за разрешувања на почесни конзули не чувме!).

     За хаосот во МНР сведочи и податокот дека во дури 28 македонски амбасади  н е м а  амбасадори,  дискутабилни се и некои  од кадровските решенија за оние што заминаа, а и за некои имиња што се најавуваат за амбасадори. Никола Димитров доживуваше невидена катарза што успеал конечно, наводно, да го професионализира МНР и да испраќа во мисии кадри од куќата но, судејки по имињата што се во најава за идни амбасадори, не ќе да е баш така. Тоа особено важи за кандидатката да не претставува како амбасадор во Вашингтон која ќе биде запамтена по својата некадарност како градоначалничка на Тетово!!! Како дотичната ќе не претставува во САД, судејки како се однесуваше кон нејзината матична земја, страв ми е и да помислам.

     Толку за македонската не/професионална дипломатија.

5.   Република Македонија беше почестена со посетата на новиот претседател на Европскиот парламент Давид Сасоли, прва негова посета на една земја вон ЕУ по неговиот избор на таа позиција што и дава дополнителна политичка тежина. Сасоли искажа за нашите уши многу пријатна порака: "Имаме заедничка судбина, Македонија е подготвена за преговори"! Токму така, имаме заедничка судбина истовремено е и предупредување за оние "неверни Томи" кои ставаат сопки на нашиот пат кон членство во Европската Унија заборавајки го при тоа, придонесот што Македонија го има дадено за европската, па и за светската цивилизација, кој придонес нашите грабливи соседи сакаат да си го присвојат и да го прикажат како свој!

     Ќе ги потсетиме во оваа прилика "неверните Томи" дека блокирањето на македонските амбиции за почеток на преговорите за членство за нашата земја и Албанија може да има сериозни последици и да води кон дестабилизација на целиот регион со непредвидливи последици! Македонија господо неверни Томи беше директен повод за две Балкански војни, а според некои историчари индиректен повод и за Првата светска војна што дирекно водеше кон воен конфликт од дотогаш невидени размери.

     Затоа многу сериозно и со полн респект треба да се свати пораката на Давид Сасоли дека "Имаме заедничка судбина"!

6. Франција ни ги испорача своите услови за да дозволи определување на датум за поцеток на преговорите за членство во ЕУ, а тоа се: 1. Беспрекорни парламентарни избори; 2. Носење на закон за специјално обвинителство и 3. Борба против корупцијата.

     Ова ни го соопшти потпретседателката на францускиот сенат Елен Конве-Муре која престојуваше во дводневна посета на Македонија.

     Па дами и господо политичари пред се од власта, но и опозицијата, повелете, покажете се!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.