Четврток, 17 Декември 2020   
АНГЕЛОВСКИ: Македонија – “Tabula rasa“ во заробените умови на власта!

АНГЕЛОВСКИ: Македонија – “Tabula rasa“ во заробените умови на власта!

Страшо АНГЕЛОВСКИ
 

Постои едно кажување од кое на многумина им се повраќа, а кое скапо платените поддржувачи на актуелната власт папагалски го повторуваат секојдневно – дека Македонија повеќе не е заробена држава.

И, за прв пат целосно ќе се согласам со нив. Точно, Македонија повеќе не е заробена држава. Не е заробена во историските факти за битката кај Херонеја; не е заробена во изгубената виделина на Самоиловите војници; не е заробена во Аз, Буки, Веди-те на солунските браќа, Македонците Кирил и Методиј; не е заробена во Охридската Архиепископија на светиот Климент; не е заробена во саможртвата на Гемиџиите, ниту во пролеаната крв на Мечкин Камен; не е заробена во идеалите на Гоце Делчев; не е заробена во песните на Никола Јонков Вапцаров и Кочо Рацин; Македонија повеќе не е заробена ниту во Манифестот на АСНОМ, ниту во осмосептемвриското референдумско изјаснување; не е заробена ниту во стиховите на Анте Поповски и Гане Тодоровски, ниту во романите на Петре М. Андреевски.

Македонија повеќе не е заробена држава ниту во учебниците по историја, ниту во читанките по македонски јазик; Македонија не е заробена ниту во сеќавањето за хероите, знајни и незнајни, кои животите ги положиле токму за неа; не е заробена ниту на Ножот, ниту во Дабница, ниту во Ваташа.

Македонија повеќе не е заробена ниту од ѕвездите кои овде, на небото, и понатаму шепотат на македонски.

Македонија денес, за жал,  не само што не е заробена, туку не е ниту држава. Македонија денес, е “Tabula rasa“ во заробените умови на власта. Македонија е “празна табла“ во умовите заробени од сопствената празнотија; заробени од сопственото незнаење; заробени од алчноста и ситнопазарџиското убедување дека се’ се продава и се’ се купува; умови заробени од омраза кон своето и глорификација на туѓото; умови заробени од макартизам, ждановизам и сизеренство.

И токму тие умови, заробени во сопствената празнотија, “ловејќи вештерки“, во најчистата верзија на макартизмот (според името на сенаторот Макарти, кој во педесеттите години од минатиот век во САД, ги елиминирал сите поинакумислечки под мотото дека се комунисти и со лажни конструкции уништил стотици илјади животи на недолжни луѓе), се справуваат со сите кои не мислат како нив, со сите кои се борат за зачувување на македонското постоење, со сите кои им пречат во пазарењето со националните вредности и интереси.

Токму тие заробени умови, во манир на најсуровиот ждановизам, вршат идеолошка контрола на животот, со најкрут догматизам во ограничувањето на слободата на изразувањето. И својот ждановизам, оној од најмрачниот период на советскиот комунизам, забранувајќи го пишувањето на секој кој размислува поинаку, денес го претставуваат како нивна битка против “говорот на омраза“.

И токму тие заробени умови, заробени во сопствената сервилност и антимакедонизам, како вистински вазали, си пронајдоа свои сизерени во соседството на кои им служат и повеќе од очекуваното. (Сизерен е суверена држава на која и се потчинува друга држава доведена во полусуверена состојба, која се нарекува вазална држава.) Примерите со односот на оваа власт кон Атина и Софија јасно говорат за нејзиното сизеренство.

Со овие методи, заробените умови од власта, од Македонија направија обична “празна табла“, обележана со три коси црти, “празна табла“ на која како во времето од Букурешт во 1913-та, на соседите им е оставено да чкртаат, да пишуваат и препишуваат лаги и невистини, да менуваат историја, да бришат еден цел народ. “Празна табла“ на која сизерените од соседството ќе ја запишат својата “мегали идеја“; својот “санстефански сон“; својата “јужнобановинска колонизација“; својата “карта на призренската лига“.

Па, на крајот, таа “празна табла“ да ја искршат и поделат меѓу себе. И сето тоа во името на европските вредности.

Ете затоа, ние, Македонците, имаме обврска одново да ја “заробиме“ татковината. Да ја “заробиме“ Македонија во нашите срца, во нашите умови, во сеќавањата на минатото и плановите за иднината. Да ја “заробиме“ во најмоќниот и најмасовниот отпор кон политиката на заробените умови. Да ја “заробиме“ татковината по улиците и плоштадите и да се спротивставиме на нашето уништување. Да ја исцртаме “празната табла“ со македонска крв како што тоа го правеле нашите претци.

За крај, заради отрезнување, песната “Татковина“ на големиот Анте Поповски, во која вели – “Кога пристигна бродот во таа далечна земја, Тој виде непознат народ поседнат на брегот и јадри ѕвезди на небото. Што носи, кога го прашаа, тој покажа врзана шамија со земја, а кога му ја истурија заплака. Татковината е тоа, рече тој и, саноќ, грутка по грутка, прашинка по прашинка ја собираше“.

И доколку час поскоро ова не го разбереме, ќе дојде ден кога татковината ќе ја собираме грутка по грутка и прашинка по прашинка за да имаме парче земја да им оставиме на нашите деца.

Зашто, Македонија е недосонуван сон кој во мирни ноќи треба да го сонуваат генерации и генерации по нас.

(авторот е претседател на МААК)

https://denesen.mk/angelovski-makedonija-tabula-rasa-vo-zarobenite-umovi-na-vlasta/

 

На прво место

News image

Александар Пандов : На 9 мај во 12 часот во Македонскиот град Херој, градот Прилеп, во ,,Паркот на Ревулуцијата”

  Браќа и сестри, во чест на 9—Мај ,,Денот на победата над фашизмот”, а во организација и во...

Историја

News image

Политичката огранизација на Македонската држава

Политичката огранизација на Македонската држава наликувала на пирамида со три нивоа: на врвот биле в...

Иселеници

News image

СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ – МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (17)

ВОЈНАТА ВО 2001 ГОДИНА – ЦРНА ДАМКА ВО ИСТОРИЈАТА Во 20...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ДЕЛ ОД ПИШУВАЊЕТО НА ЕУГЕН БОРЗА, ВОДЕЧКИ АМЕРИКАНСКИ ЕКСПЕРТ ЗА ИСТОРИЈАТА НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (9)

  “Историјата многу често се нарекува запис на победниците“. Поточна дефинициј...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.