Четврток, 24 Јуни 2021   
Верски апартхејд или крстоносна војна – иднината на Европа

Пред дваесеттина години, кога Македонија водеше војна со терористичките групации, во Тетово се одржа тркалезна маса на која како претседател на МААК бев присутен. Меѓу другите, таму беа и Џејмс Пердју и Франсоа Леотар, кои се нарекуваа себе си’ олеснувачи, а кои всушност беа најобична меѓународна поддршка за остварување на барањата на терористите и „средство“ за притисок врз тогашната Влада на Република Македонија.

Ќе се навратам на само една реченица која тогаш им ја кажав:

„После укинувањето на расниот апартхејд кој долго го спроведувавте во Јужноафриканската Република, инсистирате на воведување етнички апартхејд во Република Македонија, но не е далеку денот кога во своите држави, во Западна Европа, ќе дочекате да го живеете верскиот апартхејд што ќе ви биде наметнат“.

Зошто токму сега се навраќам на овие зборови?

Пред извесно време, 20 пензионирани француски генерали и околу 1.000 други активни и пензионирани членови на француската армија, упатија отворено писмо во кое предупредуваат од можноста за избивање „граѓанска војна“ и опасност од „ордите од предградијата“, алудирајќи на мигрантите и радикалниот исламски тероризам. Тамошната LCI TV спроведе анкета за да го дознае ставот на француските граѓани по ова прашање. Па, дури 78 проценти од Французите сметаат дека државата се дезинтегрира (се распаѓа), 84 проценти дека општествената клима станува се’ понасилна, 58 проценти го поддржуваат писмото на генералите, а дури 49 проценти сметаат дека војската треба да интервенира.

Можеби најинтересен податок е што огромен процент, или 86 проценти од Французите смета дека државните закони не се спроведуваат во некои градови или во некои делови од градовите, претежно населени со мигранти и со муслиманско население, меѓу кое се’ поизразено е антифранцуското расположение.

Сето ова јасно говори до кој степен француското општество е поделено општество и до кој степен француската држава нема контрола врз одредени градови или делови од градови. Притоа, единствена која јавно застана на страната на генералите потписници на писмото беше Марин Ле Пен, лидерот на француската десница, на партијата Национален Фронт.

Нејзината партија на вчерашните регионални избори во Франција освои најголем број гласови иако Републиканската партија и партијата на актуелниот претседател Емануел Макрон, Република во движење, настапија заеднички за да ја спречат победата на десницата која е свесна за опасностите што ја демнат Франција, но и цела западнохристијанска Европа. Добиените гласови, пак, зборуваат дека и се’ поголем број Французи стануваат свесни за опасноста од верски апартхејд во кој веќе живеат одредени градови или делови од градови.

Миграцијата е спонтан процес
Во своето интервју за хрватскиот католички неделник „Glas koncila“, унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека е целосно убеден дека миграцијата што ја заплиснува Европа не е спонтана, туку организирана со политички мотиви и дека како последица ќе доведе до населување на огромни муслимански маси на европскиот континент. Според него „Западна Европа и САД одлучиле да живеат во постнационален и постхристијански свет и, ние тоа го почитуваме. Но, тие сакаат уште повеќе, сакаат и ние да живееме на таков начин“.
“Тоа е леволиберален напад кој произлегува од Брисел во соработка со американските либерални и економски сили и нивните интереси. Значи, тие не сакаат ние да бидеме слободни, односно, сакаат да бидеме слободни онака како што тие сакаат“, вели Орбан.
И конечно „Христијанството, најпрво го создава слободниот човек, па ние мораме да го заштитиме човечкото достоинство. Потоа, христијанството го создава христијанското семејство и ние мораме да го штитиме концептот на христијанското семејство. Конечно, христијанството во овој дел од светот ги создаде и нациите, па мораме да ги штитиме и нациите. Со еден збор, наша задача не е да ги штитиме теолошките начела, тоа е работа на црквата, наша задача е да ги штитиме големите цивилизациски христијански придобивки“, поентира Орбан.
И бидејќи станува се’ поочигледна намерата на неолибералните структури да се создаде постнационален и постхристијански свет, свет во кој ќе биде избришана и семејната и родовата припадност, се’ поголема е можноста за уништување на христијанството со сите негови цивилизациски придобивки. Создавајќи се’ повеќе безбожници во традиционалните христијански средини во Европа и довлекувајќи маси муслимани кои не се откажуваат од својата религија (што е нивно свето право), туку уште поинтензивно ја проповедаат, не е далеку денот кога традиционално западнохристијанските средини ќе се соочат со верскиот апартхејд. Ќе се соочат со живот под притисок на едно верско малцинство наспроти автохтоното мнозинство. Ќе се соочат со неможноста да контролираат и цели држави, а не само одредени градови или делови од градови.
За жал, левото, неолиберално зло, кое успешно го накалемија и во Македонија, свесно ја турка Европа во крвава разврска – или верски апартхејд, или нови „крстоносци“ и крстоносни војни, но, овојпат не за одбрана на Ерусалим или Константинопол, туку за одбрана на сопствената држава, сопствениот град, сопствениот дел од градот.
Зло на кое мора час поскоро да му се застане на патот!!! Во цела Европа, а двојно поскоро во Македонија. Зашто, за жал, злото само зло раѓа.
Автор: Страшо Ангеловски, претседател на МААК за НетПре
 

На прво место

News image

Засрами се Љупчо Палевски – Палчо

Палчо и се‘ е можно. Предавник може да Ви биде само роднина, пријател, соборец, „истомисленик...

Историја

News image

Повик за Илинденското востание

Повик за Илинденското востание

Иселеници

News image

ИСТОРИСКИОТ РАЗВОЈ НА „ИЛИНДЕНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЧКИ СРЕДБИ“ ВО ЉУБОЈНО (18)

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите ден...

Култура и туризам

News image

По стапките на Месијата (9) 14 станица е посебна црква во која се наоѓа Христовиот Гроб

Црквата на Светиот гроб- Гробот на Христа Под големата ротонда на Црквата Светиот Гроб, направена е...

Фељтон

News image

ОДНОСОТ НА АТИЊАНИТЕ, ТРАКИЈЦИТЕ И ДРУГИТЕ АНТИЧКИ НАРОДИ КОН МАКЕДОНЦИТЕ (21)

Она што започнало како интереси на Атина во егејското крајбрежје за да се заштити Ба...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.