|
|
По катастрофата на изборите, социјалдемократите незнаат кој пат да го фатат |
Македонска нација По добивањето на мандатот за формирање влада, мандатарот Христијан Мицковски најави дека пред законскиот рок ќе биде составена новата влада. Главна цел на оваа влада ќе бидат реформите и подобрување на состојбите во здраството, образованието, економијата, земјоделството, енергетиката и т.н. За таа цел на пленарна седница веќе поминаа измените на Законот за реорганизација на државната управа. Претседателката Гордана Силјановска Давкова на 6 јуни му го додели мандатот за формирање Влада на Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО ДПМНЕ и колацијата Твоја Македонија, која на парламентарните избори што се одржаа на 8 мај освои 58 мандати. Рокот за формирање влада е 20 дена по доделување на мандатот. Меѓутоа, уште неформирана и не поминати ни сто дена, опозицијата не мирува. Соочени со внатрешни проблеми, опозицијата веќе ја критикува идната влада. По катастрофата на парламентарните и претседателските избори, како и последичната оставка на лидерот Димитар Ковачевски, социјалдемократите незнаат кој пат да го фатат. Оставени без водач, тие како да итаат кон понор. Поради губење на позициите и привилегиите, како поради страв од пад во бездна, тие ја повторуваат истата реторика од времето на предизборието. И додека ВМРО ДПМНЕ се обидува да изгради единство дотогаш приврзаниците и бизнис партнерите на Зоран Заев, гледаат како да дојдат на чело на СДС и како да го спречат развојот на државата. За разлика од СДС досегашниот нејзин коалиционен партнер ДУИ, и покрај воинствената реторика, се обидува да биде конструктивна опозициска партија. Откако било договорено да се формира ад-хок комисија која ќе ја следи правичната застапеност на сите етнички заедници во органите на државната управа (Претседателот на оваа комисија да биде на предлог на опозицијата), со поддржка на неколку пратеници од редовите на ДУИ беше изгласан Законот за реорганизација на министерствата. Така, новата влада ќе има 20 министерства, четири повеќе од досега. Со овој закон се смета дека како „прво ќе се анулира паралелизмот на надлежностите на многу министерства, со што ќе се обезбеди функционалност и одговорност, второ ќе се (дис)лоцираат надлежностите во соодветните министерства, со што ќе се рационализира и ефектуира нивната работа, ... трето ќе се институционализираат нашите стратешки приоритети преку формирање соодветни министерства... и четврто, ќе се подигне нивото на општествената грижа за физичкото и менталното здравје на нацијата.“ Христијан Мицковски досега мирно ги остварува сите свои ветувања. Тој пакажува дека е вистински лидер, кој има знаење и моќ, за да го испорача она што му го ветил на народот. |