Среда, 26 Јуни 2024   
ЗА КУЛТОТ НА С. АНДОВ И ПРОДАЖБАТА НА ИМЕТО

1martin1 copy copy copy copy copy copy copy copy

М-р Мартин Треневски, Поранешен министед и амбасадор

1. Пред некој ден почина Стојан Андов. Беше испратен со бројни медиумски изрази на жалост, па дури и комеморативна седница во Собранието на РМ на која за неговиот лик и дело беседеше лично Претседателот на РМ Проф. д-р Гордана Силјаноска Давкова. Во бројните колумни посветени на С. Андов беа истакнати неговите заслуги како човек на високи позиции во Југословенската федереација, но и како прв претседател на Собранието на независна Република Македонија.

  Изразите на глорифицирање и сочуство кон ликот и делото на Стојан Андов како да беа унисони, т.е. едногласни во ист тон и тоа во афирмативна смисла, со исклучок на реакцијата на оспорување од една професорка по историја во пензија - одличен познавач на поновата историја на Републиката и се разбира моето негативно мислење кое ќе го презентирам подолу во текстов.

  Според мене, Стојан Андов падна на испитот на патриотизмот и лојалноста кон неговата татковина Република Македонија со одсуството на Референдумот за независност на 8 септември 1991 година! Многу пати имам пишувано за овој случај, но во кратки црти да потсетам: Tој не гласаше за Референдумот по совет на некакви генерали на КОС (контрапобавештајната служба на поранешната ЈНА) кои го убедувале дека доколку Референдумот не успее ВМРО  ќе правеле немири, а од кога ситуацијата ќе се смирела тие (генералите од КОС) повторно ќе го лансирале во политиката. Кутриот С. Андов што се не правеше да сe ослободи од овој срам: те монтираа студија каде тој се појавува и небаре гласа и сл. Но факт е (за историјата) дека тој НЕ ГЛАСАШЕ НА РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА НЕЗАВИСНОСТ, што е срамно за претседател на Собранието, институција што - според Уставот на РМ е втора по важност (во одсуство на претседателот на Републиката, претседателот на Собраието го заменува за домашните обврски, па дури и е врховен командант на вооружението сили на РМ).

  Но, според мене, уште поголем грев на Стојан Андов е неговата улога за соборување на Експертската влада на Акад. Никола Кљусев, влада што цврсто ги постави темелите на современа, независна Македонија. Е токму тоа им пречеше на некои белградоцентрични кругови кои настојуваа да ја задржат Македонија како составен дел на скратената федерација (без Словенија и Хрватска). Токму С. Андов поттикнат од некои  белградоцентрични кругови, "реформски" сили и слични ја лансираше тезата дека Експертката влада "не била  политичка влада", и дека на Македопнија и требало политичка влада која ќе сноси политичка одговорност и слично, Таквите инсистирања на С. Андов добија подршка во наследниците на трансформираните комуинисти и се изнуди гласање за недоверба на Експертската влада и нејзино соборување од власт. (Забелешка: за недоверба на експертската влада гласаа и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, насанкани од пораките на С. Андов, но подоцна длабоко жалеа за таа постапка).

  Тоа беа почетоците на агонијата на независна Македонија следени од криминалната приватизација и разграбувањето на "опшествениот", т.е државниот имот, разнебитувањето на македонството и македонизмот по сите основи и она што Републиката ни е денес: опустошена земја што требаше да ни биде оаза на Балканот.

  Одговорно тврдам дека за почетоците и денешнава агонија за земјата дирено е одговорен и Стојан Андов!

2. Изјавите на новото државно раководство дека дома, во лични изјави ќе го користат историското име на земјата - Македонија, што предизвикаа невидена бура, или вистинска  хистерија во соседна Грција, се повеќе наметнуваат и една друга димензија на проблемот, а тоа е: името на земјата е П Р О Д А Д Е Н О!

  Ова јавно го изрече угледниот новинар Драгаан Павловиќ Латас во последното ТВ шоу "Заспи ако можеш". Впрочем, и поранешниот претседател Ѓорге Иванов на една трибина во предизборието јавно кажа дека за промена на името на државата се дадени 150 милиони долари!?

   Но особено интересно е како дојде до ситуацијата "ерга омнес" (име за севкупна употреба), на што инсистираа Грција, а нашата страна упорно небаре одбиваше да прифати такво нешто!?. Колку што  се сеќавам, до само еден ден пред потпишувањето на фамозниот Договор од Преспа   (17.06.2018) во опција беше промена на името само за надворешна употреба? Тој фамозен ден пред попишувањето на Договорот од Преспа тогашниот Министер за надворешни работи Никола Димитрот го помина во Струмица, каде со Зоран Заев се возеа со четвороцикли по Беласица и претпоставка е дека токму тогаш и токму таму е скршен (!?) македонскиот министер и утредента се потпиша договор за промена на името и за внатрешна употреба (ерга омнес).

  А како е "скршен" екс министерот Н. Димитров не знаеме, но можеме да претпоставиме. На една  ТВ емисија на калат ТВ24 многу добро инфорианиот новинар и коментатор Љубомир Грајдов кажа дека само за промена на името и за домашна употреба се дадени 30 милиони долари. Дали се дадени и ако се дадени како се делени (меѓу З. Заев, како премиер, Никола Димитров-МНР и главен преговарач, и најверојатно А. Ахмети со кого братски се делеа тендерите и слични приходи!?) не знам, но знам дека денес се наоѓаме во агонија од која ќе патат генерации, дома и во дијаспората.

  На бројните агенции и служби во земјата што се занимаваат со откривање на корупоција и тежок криминал е да трагаат и откријат како е извршено најголемото предавство во 33 години независност на република Македонија!

 

На прво место

News image

Тажна е сликата од едвај 30-тина луѓе околу Ахмети кој направи богатство на грбот на народот, а сега остана буквално сам

Ахмети зборуваше пред едвај 30-тина луѓе. Тажна е сликата за политичарот кој направи кариера збору...

Историја

News image

Тргнување – истражување – враќање на Карнегиевата комисија

Комисијата трга од Париз на 2 август 1913 г., поточно 10 години од Илинденското востание. Застанува ...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ БРОЈОТ 70 НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ ОД СИДНЕЈ

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ о...

Култура и туризам

News image

Чудотворни икони на Пресвета Богородица

Во селото Коњче има црква што ја имаат кончани и друзите села од околијата као за манастир, чунки во...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.