Среда, 11 Септември 2024   
Доста со поделби, време е на сплотеност!

Kopie

Македонска нација

По Втората светска војна македонските безбедносни служби беа составен дел на безбедносниот систем на Југославија. Во името на зачувување на братството и единството на југословенските народи, беа запоставувани македонските национални интереси. Намерно беа пласирани конструирани информации со цел да се нарушат позициите и поддршката на македонските национални борци, како во Македонија така и во македонската емиграција.

Така на пример, главниот инспектор В.Д. на Службата за државна безбедност на Републичкиот секретаријат за внатрешни работи на СР Македонија (СДБ - II- сектор на  РСВР-СРМ), на 3.03.1987 година ќе изработи: „Предлог за пласирање на информација во МНЕ и пошироко“, класифицирана како „Строго доверливо“ која има за цел да се искористат браќата Јаковлевски за да се дискредитира. Драгам Богдановски:

https://www.mn.mk/dosiea/3199-Strogo-doverlivo

Ваквата обработка на поедини македонски дејци, продолжува и по осамостојувањето, се со цел одредени сили да ја контролираат политичката сцена. Особено внатрешните и надворешни сили кои го оспоруваат македонскиот идентитет, јазик и култура, и кои не сакаат да опстане македонската држава, работат против дејците на ВМРО ДПМНЕ. Овие сили и денес преку разни незадовлни поединци и медиуми, пласираат одредени „новооткриени“ информации кои имаат за цел да ги дескридитираат како старите така и новите челници дејците на ВМРО ДПМНЕ, кои се вистински браник на нациналноте и државни интереси. 

Познато е дека во минатото Богдановски и браќата Јаковлевски биле предмет на обработка на повеќе тајни служби:

https://mn.mk/istorija/16544-Makedonija-mojot-kopnez-%E2%80%93-Manojil-Mane-Jakovlevski-4

Повеќето од документите кои го објаснуваат нивното делување се објавени на страниците на „Македонска нација“.

Меѓутоа, ако во минатото обид за дискредитација имало за еден од основачите на ВМРО ДПМНЕ Драган Богдановски, како и браќата Гојко и Мане Јаковлевски, денес на удар е премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а покрај него, повторно на мета е и претседателот на Ветераните на ВМРО ДПМНЕ Мане Јаковлевски.

Всушност се повторува истата приказна, секогаш кога ВМРО ДПМНЕ е на власт. Незадоволници или инструирани поединци денес во колумни, во спонзорирани емисии, плукаат по личности кои зад себе оставиле длабоки траги од основањето на партијата до денес. Тие изнесуваат наводно ново откриени документи кои имаат за цел да ги дискредитираат овие личности преставувајќи ги како соработници на тајната служба.

Пошироката цел на пласирањето на вакви инфорнации зад кои стојат одредени внатрешни и надворешни сили, кои не го сакаат доброто на македонскиот народ и неговата држава, е: луѓето да се доведат во заблуда (погрешна престава), да се наруши единството во ВМРО ДПМНЕ, партијата на власт; да  се спречи најавената борба против корупцијата и криминалот, и да се спречат најавите за отстранување на штетните последици од договорите со соседите.

Во моменти кога власта предводена од ВМРО ДПМНЕ се справува со последиците од владеењето на СДС и ДУИ, кои државата ја доведоа на работ на амбисот, ваквите оцрнувања и спротивставувања меѓу себе, најмалку се потребни. Зарем треба да се вратиме во првата половина на минатиот век кога македонските дејци се ништеа меѓу себе заради туѓи интереси.

Отогаш помина многу време, па македонскиот народ е поискусен и помудар, што го покажа на последните парламентарни и претседателски избори. Мнозинството од народот веќе може да ги разликува информациите и веќе не наседнува на злонамерни информации.

По триесет и три години од осамостојувањето на Македонија, во кои земјата се најде пред многу предизвици, како што ќе посочи Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во честитка до граѓаните по повод 8 Септември – Денот на независноста, време е да се остават настрана поделбите, време е на сплотеност за општото добро и јавниот интерес.

 
Среќен роденден Македонијо, нека ни е честит 8 септември – Денот на независноста.
Вечна Македонија!
 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.