|
|
СДС треба да земе пример од покајанието на стариот Петко од 3 септември 1935 |
Ја разбирам нервозата во СДС фатени во криминали и со извршени предавства па сега мора да се занимаваат со лаги и измислици, и да кажуваат работи кои не се кажани. Проклетството на неслогата кај македонскиот народ која трагично заврши со поделба на Македонија во Букурешт 1913 година, а беше санкционирана по Првата Светска Војна, како да трае и денес. Поради таа поделеност, македонскиот народ и по 30 години од осамостојувањето го носи бремето на оспорен идентитет и легитимитет. Во игрите на нашите соседи СДС ја направи истата грешка како стариот Петко од Воден, влетаа како мува без глава без да се свесни за последиците по македонскиот народ и држава. Покајанието на Стариот Петко е типичен пример на предаство и покајание, но е разумен компромис за подобра иднина. Никогаш не е доцна. Писмото на стариот Петко од 3 септември 1935 година испратено до редакцијата на Ризоспастис, списание на кумунистичката партија на Грција. Под наслов „Го наоѓаат правилниот пат“, Македонецот, стариот Петко од Воден ќе напише: „Еден ден падна во мои раце весникот „Македонско дело", орган на ВМРО (Обединета). Го прочитав незаситно и размислив за минатите настани, за мојот злосторнички став спрема Македонците во 1893-1896 година. Во Македонија се создадоа вооружени групи чијашто цел беше ослободувањето и самоопределувањето на Македонија. Во тој период Бугарија испрати во Македонија комити. Една ноќ дојде во мојата куќа архикомитаџијата Апостол, терорист на Ениџевардарска околија, со 30 комити. Во почетокот ми се закани, а потоа ме убеди да станам комитаџија, откако ми вети 50 лири месечна плата и бесплатно школување на моите деца. Војувавме против Турците, но војувавме и со припадниците на ВМРО. Со терор, со убиства и поткуп, успеавме да бидат уништени македонските групи. Ние тогаш деклариравме дека Македонија е бугарска и се бориме за нејзиното приклучување кон Бугарија. Тоа е голема Свекрвагрешка! Сега разбирам што сторив. Сега кога Македонија ја поделија Бугарија, Србија и Грција, а Македонците, наоѓајќи се пред трите држави, исто секаде страдаат. Сега ја разбрав мојата грешка и се ставам со сета моја старост под славното знаме на ВМРО (Обединета), којашто се бори за интересите на сите Македонци“. Модерните „јаничари“ едноставно заборавија дека народ без корен лесно ќе го одува ветерот, а со тоа и самите нив, зошто станаа луѓе од „ниедна вера“. Стариот Петко е типичен пример на предаство и покајание, но е разумен компромис за подобра иднина. Да останеме обединети, зад АМАНЕТОТ, зад ИДЕАЛОТ, за Македонија!!! Вечна да е Македонија!!! |