|
|
Македонија конечно почна да се враќа на нозе! |
Криминалното владеење на СДС и ДУИ Кога во иднината ќе се пишува за периодот меѓу 2017 и 2024 година, историјата ќе го запише како едно од најмрачните поглавја во македонската современа државност. Период во кој државата беше заложник на криминални интереси, корумпирана елита и партиски структури кои го претворија владеењето во организирана пљачка, а институциите во сервиси на мафијата. Тоа беше времето на СДС и ДУИ, политички сојуз заснован не врз визија за иднината, туку врз договор за поделба на тендери, функции и бескрупулозно богатење на грбот на народот. Случајот „Рекет“ не е само приказна за неколкумина актери. Тој е симбол на тоа како СДС ја претвори правдата во алатка за уцена. Наместо судска реформа, добивме рекетари во Armani одела, блиски до врвот на тогашната власт. Се отвораа случаи против бизнисмени, не за да се истражат криминали, туку за да се изнудат пари. Обвинители и политичари соработуваа во сенка, додека државата тонеше во корупција. Модуларната болница во Тетово, каде изгореа 14 пациенти, не беше само несреќа. Таа беше последица на корупција, нестручност и политичка неодговорност. Наместо да се гради безбедно и квалитетно, се тендерираше преку блиски фирми, без вистинска контрола. Никој од врвот не понесе одговорност. Жртвите останаа само статистика, а фамозните “наши фирми” продолжија со работа. Несреќата на автобусот со 45 жртви ја покажа тоталната нефункционалност на институциите. Автобус без лиценца, без контрола, без одговорност. Систем кој дозволи фирми блиски до СДС и ДУИ да работат надвор од законот, додека инспекциите замижуваа. Смртта на овие невини луѓе е директен резултат на политичка заштита и непостоење на држава. СДС и ДУИ не спроведоа судска реформа, туку создадоа судски картел. Луѓе блиски до власта беа аболицирани, додека политички противници беа прогонувани. Безброј истраги стоеја во фиоки, докази исчезнуваа, а судиите и обвинителите служеа не на народот, туку на СДС и ДУИ и нивните кланови. СДС ветуваше 500 евра просечна плата, а донесе инфлација и сиромаштија. ДУИ ветуваше европски интеграции, а испорачаа извоз на мозоци. Додека народот се бореше со превисоки сметки и кредити, партиските функционери возеа луксузни автомобили и купуваа станови во Скопје, Тирана и Дубаи. Новинари беа под притисок, медиуми купувани, а гласот на вистината беше цензуриран. Во демократија, слободата на медиумите е темел. Во владеењето на СДС и ДУИ тие беа само маркетинг платформи за власта. Секој што ќе прозбореше беше сатанизиран. Денес, Македонија се буди од оваа ноќна мора. Со падот на СДС и ДУИ, започна процес на враќање на правдата, обновување на институциите и борба со корупцијата. Последната анкета само ја потврди реалноста што секојдневно ја чувствуваат граѓаните. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски работи посветено, чесно и во интерес на народот. Високата доверба од 51,7% за ВМРО-ДПМНЕ и убедливата поддршка за Мицкоски се резултат на конкретни резултати: подобрување на животниот стандард, раст на економијата, враќање на функционалноста на институциите и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата. Граѓаните препознаваат дека конечно има власт која работи за нив, а не за лични интереси. Оваа поддршка е поттик и обврска Владата уште посилно да продолжи по патот на чесноста, реформите и напредокот. Македонија конечно почна да се враќа на нозе! |