|
|
Македонија повторно ќе стане Гордост на Балканот! |
Македонија нема повеќе време за чекање, ниту трпение за криминалци, предавници и слуги на странски интереси! Пораката што ја испрати неодамна ЦК на ВМРО-ДПМНЕ е јасна, гласна и ќе одекнува низ секоја педа од македонската земја: или Македонија ќе победи, или ќе ја снема! Но, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи второто да се случи! Во каква состојба ја оставија државата СДС и ДУИ? Обесчестена, Ограбена, Продадена, Името го продадоа, Идентитетот го предадоа, Историјата ја бришеа, а душата на Македонија ја обезличија за шака пари и неколку минути власт. Им ја распродадоа иднината на младите, ги протераа по светот во потрага по достоинство што овде беше уништено. Централниот Комитет постави јасен повик на отпор. Оваа борба не е политичка, ова е борба за правдата на родителите што ги загубија децата поради трагедии создадени од криминалната негрижа. Ова е борба за секој понижен земјоделец, обесправен работник и заборавен студент. За секој македонски дом што се растури под тежината на неправдата. За секоја генерација што беше присилена да бара леб под туѓо небо. ВМРО-ДПМНЕ нема да прави компромис со криминалот и нема да простува кога станува збор за Македонија! Одлуката е донесена, ќе ја вратиме правдата! Ќе ја измиеме државата од секој корумпиран траг! Ќе ја кренеме Македонија исправена, горда и силна пред светот! Ние не се бориме за фотелји, се бориме за опстанок, за држава, за иднина! Македонија нема да биде повеќе колонија на туѓи амбасади. Ќе биде независна, суверена и горда! Ова е почетокот на крајот за криминалот со години наназад создаден од СДС и ДУИ. Народот е буден, Македонија е будна, ВМРО-ДПМНЕ е на нозе! Македонија повторно ќе стане Гордост на Балканот! |