|
|
Како се ближат локалните избори раководството на СДС станува сè понервозно, затоа што знаат што ги чека |
Мане Јаковлески Како што се приближуваат локалните избори, нервозата во врвот на СДС станува сè поочигледна и поинтензивна. Од ден на ден, граѓаните ја чувствуваат паниката и несигурноста што ги зафаќа функционерите на оваа партија. Причината е јасна, знаат дека ги очекува жестока казна од народот за сите промашувања, неправди и предавства што ги направија изминативе години. Поразите на парламентарните избори веќе ги демотивираа нивните структури, а локалните избори ќе бидат последниот удар врз политичката кариера на многумина од нив. Народот не заборава, а уште помалку простува. Заборавените општини, нефункционалните проекти, урнисаното здравство и образование, криминалот кој никој не го гонеше, сето тоа се камења што СДС ги влече како товар на своите плеќи. Она што дополнително ја зголемува нервозата кај СДС е ангажираноста и активната дипломатија на премиерот Христијан Мицкоски на надворешен план, каде Македонија повторно станува фактор и партнер за почит. Успешните средби, отворените врати и поддршката која доаѓа од меѓународните кругови, директно ги поразува лажните тези на СДС дека „без нив ништо не може“. Сето тоа се надополнува со првичните економски придобивки, раст на плати и пензии, нови инвестиции и јасни планови за економски препород. Тоа е причината плус за нивната нервоза, народот гледа разлика и веќе ја живее промената. Многу градови веќе го свртеа грбот на раководството на СДС, и таму каде што мислеа дека се „вечни“ народот им ја покажа вистината. Односот на СДС кон државата и народот беше арогантен, нечесен, предавнички и непатриотски. Тие го потценија македонскиот народ, мислејќи дека сè може да се купи со лажни ветувања. Но, дојде време за наплата. Локалните избори се само почетокот на политичката сметка што ќе мора да ја платат. ВМРО-ДПМНЕ и кандидатите што ќе ги поддржи не се надеваат само на победа, туку на убедлива народна поддршка. Поддршка за чесна работа, за проекти, за грижа за обичниот човек,... Народот на следните локални избори ќе каже: ДОСТА БЕШЕ ОД СДС! |