Среда, 21 Декември 2011   
Рудолф Арчибалд Рајс - Македонецот не може да се нарече ни Бугарин ни Србин, туку просто Македонец

Alexander_the_Great
Александар Македонски

Рудолф Арчибалд Рајс (1875-1929) бил истакнат швајцарски правник и професор на Универзитетот во Лозана. На 22 години станува доктор по хемија и го избираат за асистент по фотографија, а потоа станува и познат доцент од таа област на Универзитетот во Лозана. За редовен професор по криминалистика именуван е во 1906 година. Како професор се стекнува со углед на криминолог од светски глас.  Како експерт за меѓународно воено право, а подоцна и како доброволец во српската војска учествувал во Првата светска војна и на Солунскиот фронт.

На повик на српската влада, Рајс доаѓа во Србија во 1914 година за да ги истражува злочините над цивилното население кои ги направиле војските на Австро-Унгарија, Германија и Бугарија. До крајот на својот живот останува во Србија.

За време на Првата светска војна, тој со српската војска ја поминува Албанија, потоа Солунскиот фронт и по ослободувањето на Белград влегува во градот со војската.  Останува во Србија се до својата смрт.

Умира во Белград во 1929 година. По смрта, неговите посмртни останки биле закопани во Белград, додека по желба на Рајс неговото срце во посебна урна било закопано  на Кајмакчалан. Црквата „Св. Петар" на Кајмакчалан ја чува легендата за Рудолф Арчибалд Рајс.

За време на Првата светска војна д-р Рајс, кој патем бил воен разузнувач, работел и како новинар кој известувал за познати светски весници и новински агенции. За време на неговите патешествија низ Македонија додека беснеела Големата војна, тој водел дневник и пишувал писма кои се собрани и документирани и претставуваат значајно сведоштво за настаните кои се случиле на линијата на Солунскиот фронт. Во дневникот тој ќе забележи дека планината во својата утроба чува илјадници коски на незнајни војници кои заедно со мртвите од останатите бојни полиња низ светот ја создадоа светската кланица во која загинаа над 15 милиони луѓе.

Рудолф Арчибалд Рајс за време на својот живот поминат на Балканот, добро ќе ги запознае балканските народи. Во своите записи за состојбата на Македонците и муслиманите во новите провинции од 1918 година („Документи“, том први, Скопје, 1981, стр. 595 - R. A. Reiss, Sur la situation des Macedoniens et des musulmans dans les nouvelles provinces grecgues Paris, 1918, р.6-7.), Рајс ќе запише:

Реков дека вашите бугарофони порадо би ги нарекол Македонци. Вие ги нарекувате тие луѓе бугарофони поради нивниот јазик којшто личи на бугарскиот. Но, дали е тоа бугарски, дали е тоа истиот јазик што се зборува во Софија? Не. Македонскиот личи исто толку на српскиот колку и на бугарскиот. Не сум лингвист и нема да си дозволам сопствен суд, но незаинтересираните балканолози ми тврдеа дека македонскиот личи повеќе на српскиот отколку на бугарскиот. Можно е да има лингвисти што го тврдат и спротивното. Но факт е дека македонскиот не се зборува ни во Софија ни во Белград. Тоа е посебен словенски јазик како што е тоа, кај нас во Швајцарија, романшкиот, што се зборува во Гризо, покрај италијанскиот.

Според мене Македонецот не може да се нарече ни Бугарин ни Србин, туку просто Македонец.“

Рудолф Арчибалд Рајс ни дава уште еден доказ за македонскиот идентитет и за неговиот јазик.
 

На прво место

News image

Засрами се Љупчо Палевски – Палчо

Палчо и се‘ е можно. Предавник може да Ви биде само роднина, пријател, соборец, „истомисленик...

Историја

News image

Повик за Илинденското востание

Повик за Илинденското востание

Иселеници

News image

ИСТОРИСКИОТ РАЗВОЈ НА „ИЛИНДЕНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЧКИ СРЕДБИ“ ВО ЉУБОЈНО (18)

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите ден...

Култура и туризам

News image

По стапките на Месијата (9) 14 станица е посебна црква во која се наоѓа Христовиот Гроб

Црквата на Светиот гроб- Гробот на Христа Под големата ротонда на Црквата Светиот Гроб, направена е...

Фељтон

News image

ОДНОСОТ НА АТИЊАНИТЕ, ТРАКИЈЦИТЕ И ДРУГИТЕ АНТИЧКИ НАРОДИ КОН МАКЕДОНЦИТЕ (21)

Она што започнало како интереси на Атина во егејското крајбрежје за да се заштити Ба...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.