Коментари
Среда, 24 Октомври 2018 03:03   
Социјалдемократите ја погребаа демократијата и државата на македонскиот народ!

svekrva-nova
Свекрва

На 19 октомври 2018 година, 80 пратеници извршија предавство и го прифатија предлогот на Владата за пристапување кон уставни измени во склад со Договорот со Грција за промена на името во Република Северна Македонија.

За потребата од уставни промени гласаа 80 пратеници од присутните 117, а 39-мина беа против. Ова се информациите од мониторот на кој убаво се гледа дека при електронското гласање од присутните 117 пратеници гласаа 80 за, додека 39 пратеници се повлекоа и потоа усно се изјаснија против отварањето на Уставот.  

Повеќе...
 
Среда, 24 Октомври 2018 03:01   
ВЛАДАТА МОЖЕ ДА СЕ СРУШИ СО ПАСИВНА АГРЕСИВНОСТ

dusan-makedon
Душан Ристевски - Македон

Владата на Република Македонија, со сите пратеници без разлика на која партија им припаѓаат, уште еднаш покажа колку е корумпирана, злобна, ништожна, скапана, ѓаволски напоенa со една цел само да ја уништи македонската држава и нација.

Не беше доволно она народот што им препорача преку шовинистичко-нацистичкиот референдум дека не се сложува и не „наседнува“ на лагите и сопките за божемен влез во ЕУ и НАТО да се прифати договорот на уништување. Од капата со лаги (во еден мој претходен напис укажав дека Заев е патолошки лажго - значи се покажа дека мојата дијагноза е правилна), а сигурно се уште такви итроштини постојат припремени од советниците на ЕУ, ОН и НАТО а и Атињаните, со уцени, претање, мито и се други можни методи, се постигна нивната цел. Колку ниско човек може да падни, колку мизерно изгледа од страна и нај неупатениот да се запраша: по кој повод некој сака да ти го смени името и за што се прифаќа измена на уставот кога народот го кажа своето мислење дека подобро би умреле од глад него да влезат во некоја си мизерна Европа каде нема да те почитуваат како народ.

Ех политичари, задоени од ѓаволот, не-Македонците ве исмејуваат, а пак Македонците плукаат на вас. Како пример, еве видовте во Австралија, според пописот од 2016 година, живеат над 100,000 Македонци, а само 10 лица отидоа на референдумот. Тоа ви кажува колку сте подржани од Дијаспората во Австралија. Немојте да се надевате дека Дијаспората некогаш ќе постане „северна“, ќе ја изгубите, но сигурно не се грижите за тоа оти ЕУ ќе ви даде евра за продажбата на вашите мајки и ќерки. Не се надевајте дека некој од Дијаспората ќе си ги обнови своите патни исправи за да станат „граѓанин“, или ја посетат „северната територија“ и не се надевајте дека како претставници на влада ќе дојдете на официјална посета во Австралија. Јас лично преку организациите во кои делувам ќе преземам иницијатива да ви се забрани секаков влез во Австралија, во спротивно ќе организираме национални протести и дури тогаш ќе се соочите како функционира западната демократија.

А со ова им препорачувам на чесните Македонци во Република Македонија да излезат на пасивно-агресивни протести и го искажат незадоволството од политичкиот, легалниот и административниот корумпиран систем. Ганди ја сруши англиската империја со овој метод и Македонците можат истото да го направат. За организирање протести полицијата може да затвори 10 или 100 лица но не може да затвори повеќе илјади, не може да затвори деца и постари луѓе. Власта влева страв кај народот но исто таа се плаши од масовни протести, а народот ја има таа сила, тој секогаш е во право и затоа ќе победи.

А за политичарите кои гласаа за измена на уставните промени како и на оние што ништо не презедоа да се спречи донесувањето на овие амандмани, повторно ви ја испраќам следната песна за да знаете Дијаспората како ве цени:

ДА ВИ СЕ ПЛУКНАМ...

(На предавниците на Македонија)

Да ви се плукнам...

Да ви се плукнам на лицето извалкано

на очите заслепени и ослепени.

Да им плукнам во очите

на оние што ве зачнале и родиле

да им плукнам на гробовите

на оние што ви ги пренеле

предавничките гени

и да им плукнам в лице на оние

што ве задоиле, учеле и советувале

да го предадете и уништите светото

а љубите туѓото повеќе од своето.

Да му се плукнам на ѓаволот

што ве покорил и ве спрегнал

да роварите по македонската земја.

Да ви се плукнам....

 
Четврток, 18 Октомври 2018 19:47   
Оставката на Коцијас, дил меѓу Ципрас и Каменос за Преспанскиот договор?!
Повеќе...
 
Среда, 17 Октомври 2018 09:45   
Претседателе Иванов, отповикајте му го мандатот на Заев!
Повеќе...
 
Среда, 17 Октомври 2018 01:09   
Вистината и правдината се на страната на македонскиот народ

svekrva1Свекрва

Повеќе...
 
Среда, 17 Октомври 2018 00:58   
Македонскиот народ памети, не заборава, тоа значи ќе има сериозен одговор!

mane 5Манојил (Мане) Јаковлески

Повеќе...
 
Среда, 17 Октомври 2018 00:49   
ЧУВАЈ ЈА БОЖЕ ВЕЧНО МАКЕДОНИЈА И ОВОЈПАТ ЗАСЕКОГАШ

DzeposkiАлександар Џеповски

Повеќе...
 
Понеделник, 15 Октомври 2018 20:45   
Никола Груевски: Што ќе прават потоа?

10154138 10152287897462716 1487046294 nНикола Груевски

Повеќе...
 
Недела, 14 Октомври 2018 20:08   
БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА - ВРЕМЕ ЗА КОНТРАОФАНЗИВА

122

БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА - ВРЕМЕ ЗА КОНТРАОФАНЗИВА

Повеќе...
 
Четврток, 11 Октомври 2018 17:48   
Катица Јанева не‘ потсети дека во државава постоела и постои една група на лоши момци
Aleksandar PandovАлександар Пандов
Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Ова се само последни крици на еден криминален монструм кој ја понижи и ограби Македонија

ВМРО-ДПМНЕ остро реагира и го осудува сквернавењето на македонското знаме кое се случи во текот на...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.