Коментари
Четврток, 25 Февруари 2016 18:07   
КРСТОТ ВО БУТЕЛ Е СИМБОЛ НА СОЖИТЕЛСТВО!

grbСВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

Повеќе...
 
Среда, 24 Февруари 2016 04:06   
Квинслишка влада на чело со СДСМ

svekrva-ta
Свекрва

Меѓународните преставници наместо да бидат медијатори во политичката криза, се заборавија што се, зошто се и каде се наоѓаат. Си дозволија да изигруваат газди и во суверена земја да наметнуваат решенија кои го суспендираат Уставот, законите, правото, но и да се закануваат и да го навредуваат македонскиот народ. Нивните барања немаат врска со демократија, туку заземање страна за политичка партија која нема поддршка од народот. Па наместо да помогнат во разрешувањето на политичката криза со тоа што ќе овозможат изборите што побргу да се одржатат, тие со својот извештај дека нема услови да се организираат изборите на 24 април ја продлабочуваат политичката криза и безбедносните ризици.

Меѓународната заедница која нема цврсти аргументи за одложувањето на изборите, преку белгискиот медиатор за имплеметирање на договорот од Пржино индиректно му се закани и го навреди македонскиот народ. Во објавената фотографија на Твитер, белгискиот олеснувач Питер ван Хауте, прикажа вперен пиштол во мачка која се предава и вели дека нема да има избори на 24 – ти април. Втерувањето на „демократија“ со заплашување на народот не прифатлива без разлика од каде доаѓа, а секој кој тоа ќе го направи заслужува да биде полеан со катран и пердуви и качен на магаре и протеран преку граница како персона нон грата.

Интересно е што преставниците на меѓународната заедница без ниту еден аргумент кои ќе го потврди нивниот извештај изјавија дека „во оваа фаза нема услови да се организираат избори на 24 април“. Иако во заедничкиот извештај на САД и ЕУ како можен датум за избори се наметнува 5 јуни, според нивното досегашно однесување, прашање е дали тие воопшто размислуваат и сакаат да има избори, како што тие велат кредибилни и демократски избори.

Отворениот притисоко врз земјата дополнително се зголеми со присуството на тројцата европратеници Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан, кои во пресрет на распуштање на собранието, неофицијално им порачале на партиите дека меѓународната заедница нема да ги признае изборите доколку се одржат на 24 април. Ваквиот отворен пристап на меѓународната заедница само укажа дека прислушувањето, т.н. „бомби“ на Зоран Заев, мајските Кумановски настани во кои загинаа осумина македонски полицајци, се во надворешна режија.

Однесувањето на т.н. „западни демократи“ покажува дека тие всушност сакаат без избори, без да се праша народот, да го остранат ВМРО ДПМНЕ од власта, патем легално избран, и да формираат квинслишка влада на чело со СДСМ. Едноставно ним им се потребни луѓе во власта кои ќе работи за нивните интереси, а спротивно на интересите на македонскиот народ и држава.

Таков профил на луѓе, преставниците на меѓународната заедница ги пронајде во челниците на СДСМ, кои за свои лични интереси, за грст пари и гарантирана заштита од раката на правдата, се спремни да ги продадат и сопствената мајка и сопствените деца, а не пак сопствениот народ и држава. Тоа се оние истите луѓе кои ја имаат истата ментална матрица уште од распадот на Југославија, кога упорно беа против независноста на Македонија.

СДСМ кој одамна го потроши својот кредит кај народот, знае дека без програма и проекти, како и без поддршка од надвор неможе да ја освои власта. Затоа тие се единствена опозиција која се плаши од соочување со народот и бега од избори. Единствено што може да направат е преку деструкција, подметнувања и оцрнувања на сопствената земја и институции што е можно подолго, технички да останат во Владата. Практично, тие спроведуваат надворешното сценарио кое треба Македонија да ја одалечи од евроатланските интеграции.

Всушност, оценките дека нема услови за фер и демократски избори се субјективни и имаат за цел преку СДСМ да ја продолжат политичката криза во земјата и да предизвикаат парализа на институциите за да се спроведат одредени сценарија проектирани од одредени членки на меѓународната заедница. Односно, Македонија треба да се спречи да стане членка на ЕУ и НАТО, а секој негативен извештај ја одалечува земјата од евроатланските интеграции. За жал СДСМ како македонска партија активно учествува во тоа сценарио и се гордее што успела да издејствува негативен извештај кај меѓународните преставници.

САД и ЕУ со поддршката на барањата на СДСМ за одлужување на изборите покажаа дека тие посакуваат марионетска власт во Македонија, која доброволно ќе се откаже од македонскиот идентитет и име. Односно таква власт која ќе ја укине македонската држава и народ. Оттука барањата за прочистување на избирачкиот список и промена на законот за медиуми се само изговор.

На македонската јавност и е познато дека не е проблематичен нити избирачкиот список, ниту сегашниот закон за медиуми, кој одавно ги поминал сите домашни и европски филтри. Затоа Македонија мора час поскоро да спроведе избори.

Македонија е мала земја, но не смее да дозволи некој друг од надвор да ни кажува како да ги уредува работите дома и не смее да си дозволи поради диктат на посилниот да се гази демократијата. Македонија треба да покаже единственост, цврстина и решителен одговор, На, тие што го нарушија гостопримството треба да му се покаже црвен картон и протерување, а оние пак кои работат против интересите на земјата, кои предизвикуваат дестабилизација и омраза меѓу народот да застанат пред лицето на правдата. Македонија не смее да остане во заложништво на Зоран Заев и СДСМ и доколку институциите не превземат нешто заради разни блокади, тогаш се ризикува народот да излезе на улица и да ја превземе правдата во свои раце.

Сепак интересите на македонскиот народ и држава се пред се друго. Затоа македонскиот народ мора да причека и да даде уште една последна шанса - да се прифати политичкиот договор за измена на одлуката за распуштање на парламентот за 24 февруари. Односно да се прифати одлуката за распуштање на Собранието да важи за 7 април, што значи дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 5 јуни. Тогаш народот на Македонија мора масовно да излезе на избори и нека му покаже на меѓународната заедница што сака. На овој датум ќе се гласа за опстанокот на Македонија, за името за идентитетот. А за да се сочува треба со својот глас македонскиот народ да го казни СДСМ и да го избрише од македонската политичка сцена еднаш за секогаш. Но доколку и овој датум биде пробиен или пак меѓународната заедница не ги признае изборите само затоа што СДСМ не ги добил изборите, тогаш народот, бидете сигурни ќе излезе на улица.

 
Среда, 24 Февруари 2016 04:04   
СДСМ одамна си создаде лош имиџ и со истите лидери само може да тоне подлабоко и да не постојат медиумите

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Ако читаме меѓу редови, за Македонија изборите треба да донесат ред, мир и спокојство наредните неколку години. Но Западот не мисли така и едноставно сакаат да газат, бришат и уништат Партија, народ и земја која крваво и со солзи измачени бара само достоинство под небото и сонце што треба подеднакво да грее. Сето тоа сакаат да го наметнат преку аболициран криминалец и Партија како СДСМ, срам не само за нашата Македонска, туку за цела планета.

Повеќе...
 
Среда, 24 Февруари 2016 04:03   
Големата Австро-турска војна и Карпошовото востание (1)

Tihomir Karanfilov-001
Тихомир Каранфилов

Од 1585 до 1650 година Охридски архиепископи посетувале одредени европски земји и барале од нивните владатели помош за ослободување од османлиската власт. Атанасија е еден охридските архиепископи кој во текот на овие 65 години побарал помош. Тој во 1596 година ја напуштил Македонија и тргнал да бара помош од италијанските, австриските и шпанските владатели. Но, како и пред тоа, реакцијата на западните владатели била млака, а помошта изостанувала. Австрија и нејзините сојузници  реагирале дури по нападот на Виена во 1683 г.

Повеќе...
 
Среда, 24 Февруари 2016 04:02   
Кренете глава Македонци гордо високо!

kostadin-kerpicoski-180
Костадин Керпичоски

Политиката на страна сега е време за идеологија!

Што би рекол еден мој многу близок пријател, војвода, патриот и човек кој ја сака својата земја и својата матична партија, го цитирам:"Оставете политика пријатели време е за идеологија, време е за борба за нашата татковина"

Повеќе...
 
Среда, 24 Февруари 2016 04:01   
Со терор против теророт

vasko-gicevski
Васко Гичевски

Толковниот речник на македонскиот литературен јазик теророт го дефинира како политика на пресметување со политичките противници со насилство, се до физичко истребување.

Повеќе...
 
Среда, 17 Февруари 2016 04:06   
СЈО го предизвика гневот на јавноста

svekrva-ta
Свекрва

Мислењето дека со формирањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ќе се направи паралелен систем во државата којќе го доведе во опасност државниот поредок се покажа како исправно. Со своите постапки спротивни на Уставот и законите, но и на здравата логика, СЈО поддржано од СДСМ и некои преставници на меѓународната заедница во земјата, отворено застана на страната на СДСМ и започна да внесува конфузија во институциите, да предизвикува раздор меѓу народот и да ја продлабочува политичката, но и безбедносната криза.

Повеќе...
 
Среда, 17 Февруари 2016 04:05   
СЈО и Катица Јанева се трагикомична лакрдија на Западните земји

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

По утрото се познава денот. Трите мускетарки се само почеток на циркузот во Македонија. СЈО и Катица Јанева се трагикомична лакрдија на Западните земји, се разбира на чело со Америка.

Повеќе...
 
Среда, 17 Февруари 2016 04:04   
СДСМ не ги сака Македонците од дијаспората

 

janko-tomov-240
Јанко Томов

Повеќе...
 
Среда, 17 Февруари 2016 04:01   
ПРАВОСЛАВИЕ Тоа е верата во единствен господ Сонце Лавот ИЛИ.

branko-sotirovski-90
Бранко Сотировски

Со делото „Зета Македонија“ се потврдува откритието кое се провлекува низ целата книга во врска со македонската монотеистичка вера. Ова е обид за појаснување на македонска вера во Богот Сонце и вера во Мајката божја на воскресението, појаснување кое на лингвистички начин, поткрепено со артефакти ни опишува за историскиот камен период на македонскиот народ, распространет на пет континенти, од пред 400.000 г. со континуитет до денес. 

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мицкоски: Гласајте за нас нема да ве изневериме

Дел од обраќањето на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Охрид

Историја

News image

Титовите слуги измислуваат македонски национализам

На 18 јули о. г. сите дневни весници од Југославија донесоа подолги извештаи од заседанието на Секре...

Култура и туризам

News image

Верувања од Разлошко

Градба на куќа Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работ...

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ II) (28)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.