Среда, 25 Февруари 2015    Печати
Објавен конкурс за стипендии за филмска уметност во Прага

Стипендиите се наменети за македонските граѓани, за академската 2015/2016 година, а ги обезбедува Министерството за образование и наука на Република Македонија.

filmska-umetnost

Во тек е конкурс за доделување две стипендии за студии од прв циклус и три за студии од втор циклус од областа на филмската уметност, која е од посебно научно, образовно значење за Република Македонија, на Film Academy of Performing Art (FAMU) во Прага, Република Чешка.

Министерството за образование соопшти дека подетални информации за условите, критериумите, потребните документи и пропишаните обрасци за аплицирање, заинтересираните кандидати можат да ги обезбедат на специјализираниот интернет портал за доделување стипендии на www.stipendii.mon.gov.mk.

Крајниот рок за доставување на документите до Министерството, на ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје, е 20 август 2015 година, додека ранг листата со избраните кандидати ќе биде објавена на 1 септември, на веб страницатаwww.mon.gov.mk.