Среда, 27 Мај 2015    Печати
Гран при за Стефан Марковски на поетскиот фестивал „Литературни Искри“

За најуспешен странски поет беше прогласен Невен Лукачевиќ од Хрватска, а за најмлад автор Сара Ѓорѓиоска. На конкурсот за второто издание на фестивалот, беа пријавени 73 автори од Македонија, Србија, Бугарија и Хрватска

stefan-markovski
(Фото:Телеграф.мк/ Зоран Маџоски)

Со прогласувањето на најуспешните поети, денес во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар беше означен крајот на второто издание на поетскиот фестивал “Литературни искри”.

Според изборот на петчлената жири комисија, гран прито го освои Стефан Марковски од Гевгелија, првата награда му припадна на Давор Крстевски од Куманово, втората награда на Катерина Гогова од Дојран, а третата на Цветанка Колева од Кавадарци.

За најуспешен странски поет беше прогласен Невен Лукачевиќ од Хрватска, а за најмлад автор Сара Ѓорѓиоска. На конкурсот за второто издание на фестивалот, беа пријавени 73 автори од Македонија, Србија, Бугарија и Хрватска.

Синоќа, на кејот на Вардар, во амфитеаторот, поетско читање имаа 14 поети кои влегоа во потесниот избор за награди. Како дел од програмата која ја проследи манифестацијата беше и испраќањето на “Патеката на мирот”, која како нов проект, ја промовираше ликовниот уметник Живко Поповски-Цветин
Сите пријавени поети кои учествуваа на конкурсот се застапени во заеднички Алманах кој се промовира по изборот на најдобрите.Поетскиот фестивал во Гостивар го организираа Центарот за култура и здружението Културен бран со поддршка на Министерството за култура.

(З.М/Телеграф.мк)