Среда, 10 Јуни 2015    Печати
Шопска салата

sopska-salata

Шопската салата е една од најомилените македонски салати

Шопската салата е едно од македонските традиционални предјадења, а освен кај нас се карактеристична е и за Бугарија и Србија. За потекло на оваа салата се зема регионот околу Шоплук препознатлив по доброто сирење коешто жителите го користеле во најразлични јадења.

Состојки

Основни состојки за една голема чинија од оваа салата. Количината на салатата се менува во зависност од потребите.

•    500 гр. домати
•    3 главици кромид
•    1 зелена лута пиперка
•    200 грама овчо сирење
•    2 краставици
•    масло
•    сол

Начин на приготвување

Доматите и излупените краставици исечете ги на коцки, а кромидот исечкајте го ситно. Посолете ги, налејте ги со масло и лесно измешајте. Одозгора ставете ја ситно сечканата лута пиперка и нарендајте го сирењето.