Среда, 08 Јули 2015    Печати
Охридскиот архиепископ Арсениј за укинувањето на Охридската Архиепископија (1767 год.)

Со оваа моја доброволна и непринудна оставка  долупотпишаниот јавувам дека по­ради тоа што не ми е овозможено да ги уредам и поправам потребите на Охридската ар­хи­епис­копија, ко­ишто се јавија една по друга пред нас и во наши дни и им дадоа не мал по­вод на злос­тор­ниците да го напаѓааат името на Архиепископијата и да ги ош­тетуваат и нав­ре­ду­вааат пот­чи­нетите на Охридската архиепископија митро­по­лити и нејзината бедна раја, и бидејќи не може инаку да се избави од нивните раце та­мош­ната земја и сиот хрис­тијански народ, освен пре­ку уништувањето на Архи­е­пис­копијата- поради тоа имено  се откажувам од Ох­рид­ската архиепископија.“

Охридски Арсениј  ветува

Ив. Снегаров, Историја на Охридската архиепископија Патријаршија.
От падането под турците до нејното уништожение (1394-1676).
Софија 1932, с.515;  Документи..., т. I, док. 111, стр. 159-160;