Среда, 31 Јули 2024    PDF Печати Е-пошта
Драмата „Илинден“ од Никола Киров Мајски

Оваа драма со поднаслов: „Слики од великото македонско востание пред 1903 година“ е првиот текст печатен на македонски јазик во периодот помеѓу двете светски војни. Токму јазикот на кој е напишана ќе биде повод за жесток напад на критиката врз Мајски од бугарските критичари па дури и од членови на централниот комитет на ВМРО. Критичарите сметале дека оваа драма требало да биде напишана на бугарски јазик, а не на некој нечист македонски дијалект па го обвинувале Мајски дека прави смел обид да создаде мекедонски литературен јазик кој не постои. Неговото дело било на мегдан на бугарската критика и политика. Во оваа драма Мајски ја вметнува и поркламацијата на Илинденското востание но напишана на македонски јазик, односно на родниот му дијалект. Сето ова ја разбранувало бугарската интелигенција (критиката на Јордан Бадев кој бил најгласен за оцрнување и омаловажување на ова дело) на тоа време, која тврдела дека манифестот бил напишан на прост бугарски книжевен јазик и дека Мајски 20 години подоцна направил фалсификат на овој важен документ за бугарската историја. Освен јазикот на Бадев му пречеле и федералистичките сфаќања на Мајски, како и неговите обиди неговиот јазик да го наметне во публицистиката и политичко –правната документација. Според Бадев ова дело е сквернавење и насилство врз јазикот и тоа ја лишува од секаква литературна вредност. Оваа драма се појавила за време на 20-годишниот јубилеј од Илинденското востание. Таа е драгоцена, бидејќи расветлува многу прашања за ова востание и истовремено е меѓу првите книжевни дела кое зборува за Илиндендкото востание, а и облагодарување на македонскиот драмски фонд. Драмата „Илинден“ претставува прв обид за проектирање на илинденската тема врз планот на посложен жанров облик. Автентичноста и историското во неа се јавува во повеќе основи: Со поместувањето на Прокламацијата на Крушевската република; Со Прогласот на Крушевскиот востанички штаб упатен на локалното албанско и турско население од соседните села; Со писмото што го праќаат Турците до крушевските востаници; И со присуството на некои историски личности-главни ликови во востанието (Никола Карев, Тодор Христов, Сулејман, Даскалот-т.е Мајски). Оваа драма пишувана на чист крушевски говор со примеси на архаизми и други јазични особености е напишана во наративен дух и без некоја посебнадраматична динамика и композиција во стилот на народната драмска творба (Харалампие Поленаковиќ). Оваа драма со своите пет дејствија прилега како да е сочинета од пет различни епизоди или слики, кои што се лишени од драмски конфликт и обединети околу една главна идеја-да се долови општото драматично доживување и атмосферата на населението пред кревањето на Илинденското востание. Низ првото и третото дејствие, авторот ги прикажува советувањата на турските великодостојници во Крушево кои наслушнале од населението за востанието, па се закануваат со апсење и ликвидација на поедини граѓани и организатори и создаваат специјален комитет како против-тежа на востаничкиот и сметаат дека со вонредни мерки ќе го неутрализираат кревањето на востанието. Во второто и четвртото дејствие Мајски ги прикажува деновите на последни подготовки непосредно пред востанието кога вредните и верни соработници наНикола Карев ги завршувале последните подготовки како собирање храна, облека и леење на куршуми. Во петтото и последно дејствие е прикажана сенародната еуфорија и среќа за остварениот триумф над непријателот и орото на народот пред врзаните турски великодостојници на чело со нивниот омилен водач Никола Карев. Интересно е што авторот не проникнал во ниту еден од 27-те драмски ликови. Тој како да не се обидел да навлезе во нивните лични животи или индивидуални особини. Тие својства на еден издржан драмски лик овде ги нема, како да се жртвувани од потребата на авторот да даде едно автентично-фактографско и публицистичко проектирање на историјата.

 

На прво место

News image

Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија му ги направи најголемите национални предавс

Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев ...

Историја

News image

Балканскиот пакт од 1953

Балканскиот пакт од 1953 година (официјално: Спогодбата за пријателство и соработка) е договор потпи...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО КАИРО – ПРЕСТОЛНИНАТА НА ДРЕВЕН ЕГИПЕТ (9)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

News image

НЕДА ЛОЗАНОВСКА – ПОЗНАТА ПОЕТЕСА ОД ТОРОНТО (29)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.