Среда, 16 Јануари 2019    PDF Печати Е-пошта
ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (6)

a1

ПРВИОТ МУЗИЧКИ СОСТАВ „ТЕОДОСИЕВСКИ“

Ансамблот Теодосиевски настапува со доста популарни имиња како што биле Мирвет Беловска, Васка Илиева, Никола Бадев, Кирил Манчевски, Блага Видец и други. А. Есма за првпат настапила и за првпат и Стево го слушнал тој глас на тоа девојче, кое на сите им оставило силен впечаток. Со нежниот кадифест глас, со егзотичниот изглед и една благост која зрачела од неа, Есма многу добро поминала и ги освоила многуте срца

Како одминувало времето така Стево Теодеосиевски сѐ повеќе бил со  намера да оформи сопствен ансамбл. Тоа и се случило иако и делумно во 1953 година. Со мала група музичари го формирал составот кого го нарекол Ансамбл „Теодосиевски“. Тогаш ја набавил популарната  марка на хармоники „далапе супермаестро“, прва во Македонија.

Настапувале со ансамблот со доста популарни имиња како што биле Мирвет Беловска, Васка Илиева, Никола Бадев, Кирил Манчевски, Блага Видец и други. Заедничките настапи обично биле во викендите, кога воопшто не им било тешко да одат и во кое било време, и во кои било села и градови во земјата.

Теодосиевски не само што бил добро примен, туку неговиот ансамбл станувал сѐ попопуларен и сѐ повеќе го барале низ Македонија. Исто така, пристигнале многу покани од цела тогашна Југославија. На југословенските простори се пробивал со имиџ на квалитетен и атрактивен состав. 

За време на настапот на стадионот „Ташмајдан“ во Белград, за сестрите Даница и Дафинка Мавровски аранжирал и ромски песни. Тие биле облечени во ромска облека и толку успешно го претставиле ромскиот репертоар на сцената што публиката била воодушевена од двете сестри, а за Стево, тоа бил почетокот со изведби на ромската музика, која докрај била дел од неговиот репертоарен опус.

Кога бил повикан од КУД „Владо Тасевски“ да го подготви ансамблот за натпреварување на Првиот југословенски фестивал на културно-уметнички друштва во Охрид, тој со задоволство го прифатил тоа. Стево направил многу проби и за првпат напишал и своја композиција за ансамблот и за него како солист на хармоника.

Изведбата на „соборско оро“ како солист поминала одлично на настанот. Затоа, жирито било фасцинирано, а Стево  ја добил првата награда. Таа била најголемата награда дотогаш како признание на неговата исклучителна работа и квалитет.

a2

Првиот ансамбл „Теодосиевски“

Во тој период, македонската фолк-музика станувала сѐ побогата и поинтересна. Таа се пробивала на југословенските простори, каде станале популарни доста македонски песни и пејачи, инструменталисти и композитори. Тогаш се одржувало популарното шоу „Микрофонот е Ваш“.

На оваа манифестација продефилирале  многу познати и анонимни имиња и таленти, храбри и исплашени, добри и слаби, но, се пријавувале со намера, да си ја испробаат среќата, па, доколку е можно, во иднина, и да запливаат во музичките води.

Стево се сеќавал и многу често го раскажувал тоа, дека кога се појавила една мала мома со нежен, а моќен глас, тоа допрело до срцето на публиката. Всушност, веднаш ги освоила симпатиите на присутните во салата и на слушателите на Радио Скопје.

Тоа била Есма Реџепова.

За првпат ја слушале и ја гледале, но, за првпат и Стево го слушнал тој глас на тоа девојче, кое на сите им оставило силен впечаток. Со нежниот кадифест глас, со егзотичниот изглед и една благост која зрачела од неа, Есма многу добро поминала. 

Стево Теодосиевски како познат музичар веднаш и пришол и спознавајќи дека станува збор за голем талент и предложил на Есма да стане член на неговиот ансамбл. По разговорот Есма се согласила. Немало потреба да губат време, туку веднаш се зафатиле со работа и многу темелно го подготвиле настапот за финалето.

Есма победила во силна конкуренција. Ја добила првата награда, што била голема промоција за тоа девојче со специфичен глас. Дури и станала хит песната „Чајорије шукарије“ („Добро девојче“) и бргу ја лансирал на музичката сцена. Песната таман како да била создадена за нејзините гласовни потенцијали и кадифести тонски вибрации. Ромските песни Есма ги презентирала со исклучителна сензибилност и интерпретација.

Стево, Есма и членовите на Ансамблот „Теодосиевски“ се зафатиле со многу сериозна работа и многу потемелни подготовки. Веќе следело гостување во Белград. Песната „Чајорије шукарије“ веќе била лансирана и позната. Во Белград на настапот присуствувал и еден од продуцентите на Телевизија Белград. Не останал рамнодушен кога ја слушнал изведбата на Есма и Ансамблот  „Теодосиевски“. Ни за миг не се двоумел продуцентот, туку веднаш им понудил 15-минутен настап на Телевизија Белград.

Нивното шоу го воодушевило гледачкиот аудиториум. Пристигнале многу позитивни одгласи и веќе следен нивен настап бил во „Орфеум“, со познати естрадни ѕвезди кои биле популарни во тоа време. Значи, им се пружила голема можност за афирмација, а Есма и Стево максимално го искористиле тоа. Се претставиле во најубава светлина, и така зачекориле во сѐ повисоките скалила во естрадата на тогашните југословенски простори. 

Сѐ побројни биле поканите за концерти, за медиумски и други промоции и настапи. И не е само тоа. Дискографската куќа „Југотон“ од Загреб, им испратила понуда за снимање на првата нивна плоча. Исто така, менаџерската куќа „Југоконцерт“ ги ставила на листата за гостување во странство, за што пристигнале и првите ангажмани.

По ваквите сѐ побројни и поголеми естрадни и деловни активности, Есма и Стево донеле одлука да се преселат во Белград. Нивниот скромен топол дом го свиле на Дедиње, таму купиле една мала куќа, која ја адаптирале во своевидна музичка куќа. Како неуморно работеле, така и се ределе нивните нови патувања: Израел, Бугарија, снимки за телевизијата во Виена, Австрија, гостување во Советскиот Сојуз... 

a3

Никола Бадев со оркестарот на Стево Теодосиевски

Следела промоција на голема врата. Настап во престижната париска „Олимпија“. Отпатувале и во овој храм на културата каде се претставиле на доста оригинален начин. Најпрво, на сцената излегол малиот Буцо со тарабуката, а потоа другите, еден по еден. Есма го достигнала максимумот во професионалноста. Пеела, играла, ја шармирала и освојувала публиката. Кларинетистот Пеце Петровски бил во својот елемент.

На Стево, како да му еруптирале прстите на хармониката и тој направил една партија на волшебна егзибиција. Во салата грмеле аплаузи. Големи, долги аплаузи. Публиката уживала во „Чајорије шукарије“, „Чочекот“ и во другите нумери кои ја загреале салата „Олимпија“ до точка на „вриење“, бидејќи ескалирало чувството понесено од волшебната песна и музика.

Но, Есма и Ансамблот „Теодосиевски“ тогаш добиле покани и за  филм. Во 60-тите години во минатиот век како популарни естрадни имиња, специјално за филмот „Крст ракост“ на Жика Ристик, Стево ја напишал „Есмината песна“. Оваа песна станала и лајт мотив на тоа филмско остварување. Есма и Стево претставувале вистинско освежување и добиле доста пофалби. Следеле и филмовите „Скопје 63“ и „Татко со сила“.

Меѓутоа, со посебно чувство и  роднокрајна припадност, било снимањето на филмското остварување „Запеј Македонијо“. За тој наслов биле инспирирани од песна на Стево, се разбира, сценаристички разработена, средена и подготвена од познатиот поет Душан Радовиќ. Тој бил понесен од македонската музика, од традициите, прекрасната природа и гостопримството.

Оваа приказна се снимала еден месец во Македонија. Карванот патувал во Скопје, Кочани, Охрид, Титов Велес, Струга, Штип, и каде не, низ македонските природни убавини. Компактната и креативна екипа направила многу интересен и гледан филм. Бил прикажан на Телевизија Белград во ударен термин, а потоа добил награда на Фестивалот на краткометражниот и документарен филм. Многу копии биле однесени и гледани во клубовите на македонските иселеници во светот. Ангажмани и гостувања имало во тогашна Југославија, но и во многу земји во светот.

a4

Ансамблот „Теодосиевски“ на патувања

Сепак, Есма и Стево најпосле си зеле парче време само за нив, само за двајцата главни носители на Ансамблот „Теодосиевски“. Есента, 1968 година, решиле да го кажат своето судбоносно – ДА. Објавиле венчавка,  и тоа двојна. Едната во Драчево, според традиционалните ромски обичаи, и втората, според желбата и очекувањата на Паца, мајката на Стево, која сакала свадба според македонските – кочански традиции.

Бидејќи во тој период била закажана турнеја по далечната Австралија преку Матицата на иселениците од Македонија, па таквиот спој, направил интересна комбинација за да биде тоа и концертно и свадбено патување.

Новата брачна двојка му дала и нова додавка на ансамблот кој оттогаш се вика „Есма - ансамбл Теодосиевски“.

Австралија е интересно поднебје и предизвик, дестинација и туристичка и музичка. Од студената европска зима новиот ансамбл „Есма - ансамбл Теодосиевски“ се приземјил на врелата летна австралиска почва. Одржале голем број концерти во Сиднеј, Мелбурн, Перт, Аделаида, Канбера, Волонгог... 

Со широко срце биле дочекувани од нашите доселеници Македонци, на кои со секоја песна се труделе да им пренесат и донесат, парче роднокрајни убавини и поздрави. На концертите присуствувале многу Австралијанци, кои не можеле да ги задржат солзите. Емоциите биле силни од двете страни...

Продолжува

slave

Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

Џејсон Мико: „Мир и помирување” нема да се случи поради Преспанскиот договор..!

Џејсон Мико: „Мир и помирување” нема да се случи поради Преспанскиот договор..!

Историја

News image

Аристотел избркан од Атина зошто бил пријател на нивниот непријател Александар Македонски

Аристотел избркан од Атина зошто бил пријател на нивниот непријател Александар Македонски

Иселеници

News image

Анализа на ОМД: Од „Конечна Спогодба“ до „Failed State“ во 10 чекори

Десет причини зошто Република Македонија отстапува од си...

Култура и туризам

News image

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (11)

ЕДЕН ДЕН СО КРАЛИЦА НА ПЕСНАТА  ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА - II ДЕЛ

Фељтон

News image

Александар Македонски (72)

МЕШАЊЕ НА РАЗЛИЧНИТЕ КУЛТУРИ, РЕЛИГИИ И НАЦИИ НА НАРОДИТЕ ОД ЗАПАД И ОД ИСТОК

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.