Среда, 03 Јуни 2020    PDF Печати Е-пошта
Академикот Ѓорѓи Поп Атанасов – професор по средновековна македонска книжевност, библистика и стари јазици (11)

1.2.3

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИ ОД ЕГЕЈСКА И ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Д-р Ѓорѓи Поп Атанасов е Македонец од пиринскиот дел на Македонија, кој со доаѓањето во Република Македонија ја започна својата научна и патриотска дејност најпрвин во Македонската архиепископија, за потоа да продолжи во Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата и Народната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“, за на крајот да заврши во Институтот за македонска литература, каде работел до редовното пензионирање и во неа развил најплодотворна дејност

Ѓорѓи Поп Атанасов е роден на 10 ноември 1940 година во селото Елешница, Општина Разлошко, во Благоевградскиот Округ, во пиринскиот дел на Македонија. Тој е историчар на книжевноста, археограф и старословенист.

Инаку, родното место на Ѓорѓи Поп Атансасов е Елешница, кое претставува убаво македонско пиринско село со околу 1.500 жители. Тоа е распослано  во подножјето на Родопските Планини, на двете страни на реката Златарица. Тоа е убаво планинско место до кое доаѓаат и топлите струења од Белото Море.

Селото Елешница е познато по православната црква „Свети Атанасиј“ изградена во 1832 година. Тоа е револуционерно село во Пирин, од кое десеттина лица биле учесници во Балканските Војни: тоа е село на македонски револуционери, а во исто време и место каде е откриена рудата ураниум; тоа е чисто христијанско село каде Ѓорѓи Поп Атанасов ги поставил темелите на својата идна научна дисциплина во религијата, писмото и јазикот.

Образованието го стекнал во родното место Елешница, Разлог и Благоевград. Своето високо образование, пак, го добил на Богословскиот факултет во Софија, каде што дипломирал во 1967 година. По стекнувањето богословско образование работел како духовник во Митрополијата во Благоевград.

Во тие младешки години дошло до израз неговото македонско патриотско чувство и ширење на македонштината кај своите верници. Затоа бил под постојани притисоци од бугарската власт, која го гонела како свештено лице кое јавно ја истакнувало неговата македонска етничка припадност.

Не можејќи да го поднесе теророт што се вршел врз него, свештеникот Ѓорѓи Поп Атанасов, како и неколкумина од Пиринска Македонија, се решил во 1972 година да емигрира во Република Македонија, кога и се запознал со авторот на овие редови. На почетокот не му било лесно, меѓутоа бил добро прифатен, пред сé, од неколкуте Пиринци во Скопје и од неговите колеги свештеници во Македонската православна црква.

1.2.4 

Карневал во Елешница

Работел како редовен професор на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде предавал средновековна македонска книжевност, библистика, херменевтика, црковна химнографија и стари јазици (старословенски, старогрчки и старохебрејски). Во својата истражувачка работа најголемо внимание им посветил на темите од црковната историја на македонскиот народ, поради што неговите бројни трудови се однесуваат на старата македонска литература. Позначајни негови објавени дела се: „Кичевскиот октоих XIII век“, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“, Скопје, 1978; „Речник на старата македонска литература“, „Македонска книга“, Скопје, 1989; „Библијата за Македонија и Македонците“, „Менора“, Скопје, 1995; „Стари записи“, „Менора“, Скопје, 1996 и „Македонската глаголица“, МАНУ, Скопје, 2015.

Инаку, Ѓорѓи Поп Атанасов веднаш по доаѓањето во Република Македонија стапува во редовите на Македонската православна црква, кога научната дејност ја одбрал за негово идно занимање. Како резултат на  квалитетните научни способности и знаења тој магистрира и докторира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, за, потоа, во 2012 година да биде избран за редовен член на МАНУ.

Инаку во делото „Библијата за Македонија и Македонците“ на д-р Ѓорѓи Поп Атанасов, меѓу другото, се вели дека таа  е зборник на свети книги, која често се нарекува и Свето писмо. Таа се дели на два големи дела: Стар завет и Нов завет. Стариот завет, или Танак на хебрејски, се смета за света книга на Евреите, додека христијаните ги сметаат за свети и Стариот и Новиот завет. Христијаните ја изучуваат библијата како своја нормативна книга, која дава насоки за животот. Во неа тие наоѓаат послание од Бога (слово Божје).

Инаку, Библијата од времето кога била составена до денес е една од најпродаваните книги на сите времиња.

Библијата има 66 книги од кои 39 припаѓаат на Стариот завет и 27 на Новиот завет. Таа е разнородна збирка од текстови кои настанувале во долг временски период, почнувајќи од XIII век пред нашата ера. Во Стариот завет е опишан животот на Адам и Ева, Ное, Јов, Авраам, Исак, Јаков, Мојсеј, Давид, Соломон, пророците како и други личности. Стариот завет претставува завет на Бога со народот на Израел дека „ако ги исполнува заповедите Божји ќе биде народ благословен и дека од тој народ ќе се роди Спасителот на Светот, кој ќе биде вечен Цар, и Неговото Царство не ќе има крај“. А Новиот завет е Завет на Спасителот Господ Исус Христос „дека секој што верува во него ќе живее вечно. Секој што верува дека Господ Исус Христос е вистински Бог нема да умре, но ќе има вечен живот“.

Библијата е комплетирана во IV век од нашата ера, кога Европа, преку Византија и Рим, официјално го прифаќа христијанството. Во текот на целото средновековие, сè до ренесансата, одговорите на сите прашања биле барани во оваа „Книга над книгите“, а науката била занемарена.

Во делото „Стари записи“ од Ѓорѓи Поп Атанасов, пак, меѓу другото се вели „Оваа Божествена книга наречена апостол, е на манастирот Пчиња, обителта на Светиот отец Прохор во пустината козјачка; ја подврзав јас многугрешниот поп Пантелејмон со трошок и со откуп, а се потруди во врска со тоа еромонахот кир Јоаникие од Лесново, Месец јуни, 22 ден, 1749 (година) во Карпино. 

Во 1749 лето од Христа Бога нашего. Во таа година дојдовме во Пчињскиот манастир, каде што почиваат моштите на светиот преподобен пустиножител Прохор. Пишував со својата недостојна рака, јас, еромонах Димитрие Дечанец. 

Да знае секој христијански брат како направи еромонах Кипријан воденици спроти Градиште, на реката што иде откај Обедник. Беле и Неделко го дадоа местото. Кипријан даде манастирски пари, та направи две окна: едното окно за црквата „Свети Јован“, а другото за Беле и Неделко, и нека се знае кое окно на кого е. Откај реката е манастирско, а откај патот е Белево и Неделково. Сведоци: Мула Хасан Небиотиќ и брат му Абдула спахија и Али спахија Бектешов син и Муто ќехаја. И други сведоци: слепчани и градишчани – мали и големи. И друго да напишеме да се знае: кој ќе се одрече од дадениот збор, да биде клет и проклет од 318 богоносни отци и од Господа Бога Седржателот и од Свети Јоан и од светото Евангелие и да биде почитуван како што се почитува Јуда и да биде сличен на Датан и Авирон, амин. 

1.2.5  1.2.6

Да се знае, исто така, колку трошок се направи околу воденицата – двесте гроша готови пари и пиење и јадење одделно“.

Треба да се одбележи дека на 4 јуни 2013 година во Македонската академија на науките и уметностите пристапно предавање одржа д-р Ѓорѓи Поп Атанасов, редовен професор во пензија на Богословскиот факултет во Скопје. Предавањето беше по повод неговиот избор за редовен член на МАНУ, на тема: „Химнографската традиција во Охридската книжевна школа“.

Во таа пригода академик Ѓорѓи Поп Атанасов, меѓу другото, рече; „Уште пред почетокот на Моравската мисија светите браќа Кирил и Методиј го започнале преведувањето на библиските и литургиските книги.

Првин, за потребите на црковното богослужение, биле преведени Изборното евангелие, Изборниот апостол, делови од псалтирот, како и избрани делови од најзначајните богослужбени книги – октоихот, минејот и триодот. Ова на недвосмислен начин се потврдува во XV глава од опширното Методиево житие каде што, зборувајќи за преведувачката активност на Кириловиот брат Методиј, свети Климент појаснува дека двајцата браќа претходно ги превеле псалтирот, евангелие со апостоли и избрани црковни служби: „Зашто на почетокот само псалтирот, евангелие со апостоли и избрани црковни служби со филозофот преведе“.

Словенските просветители не само што ги превеле неопходните црковни книги за богослужба, туку и го организирале црковното богослужение во Велика Моравија, по нивното доаѓање во оваа западнословенска земја. Во оваа мисионерска дејност, на словенските првоапостоли активно им помагале нивните најблиски ученици, меѓу кои посебно место заземаат светите Климент и Наум Охридски“. 

На крајот од своето излагање тој нагласи: „Своевидно продолжување на химнографската традиција во Охридската книжевна школа претставува книжевната дејност на некои охридски архиепископи, кои, користејќи постари словенски извори, напишале химнографски текстови наменети за богослужбена прослава на свети Климент и свети Наум Охридски на византиско-грчки јазик.

Архиепископот Теофилакт (крај на XI – почеток на XII век) ја напишал службата на свети Климент за 25 ноември, кога се прославува и споменот на свети Климент Римски, додека Димитриј Хоматијан (XIII век) е автор на Климентовата служба за денот на Успението и на уште четири канони посветени на охридскиот светец. Канон на свети Климент напишал и архиепископот Константин Кавасила (XIII век), кој е автор и на византиската служба на свети Наум Охридски.

Свои прилози кон оформувањето на химнографијата на свети Климент дале и архиепископите Григориј I (почеток на XIV век) и Козма Драчки (1685-1693). Архиепископ Григориј напишал текстови за службата на свети Климент, додека Козма Драчки ги напишал величанијата во службата на охридскиот светец, кои како химнографски жанр во литургиската традиција се појавиле во неговото време“.

Крај

 d5

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Тоа што сум го кажал за македонецот Гоце Делчев ниту милиметар не се повлекувам

Од тоа што сум го кажал за македонецот Гоце Делчев, но и за останатите историски ликови, дека ти...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (60)

Манојил Мане Јаковлевски со својот патриотизам, со својата љубов кон Македонија, како и со своите ...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД СЛИКАТА НА ПМЦ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО БЕРЛИН

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС...

Култура и туризам

News image

НАРОД, ЛУЃЕ БЕЗ ИСТОРИЈА

Марија Емилија Кукубајска

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (27)

ЕКСПЕДИЦИЈАТА НА АРГОНАУТИТЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.