Среда, 24 Јуни 2020    PDF Печати Е-пошта
ОД ВНУКОТ НА ИРОД АГРИПА - ДО ТЕРМИНОТ АЛЕГОРИСКОТО ОБЈАСНУВАЊЕ НА БИБЛИЈАТА (3)

1.7.9

Во ова продолжение за читателите на  порталот „Македонска нација“ ќе ги претставиме имињата, зборовите, изразите, називите,  лексикографски термините... кои се во „Библискиот речник“: од Агрипа - Ирод Агрипа Први, внукот на Ирод, до Алегориското објаснување на Библијата 

Агрипа - 1) Ирод Агрипа Први, внук на Ирод Големиот и владетел на Јудеја и Дамарија. Наредил да се погуби Јаков, братот на Јован, а Петар да се затвори. Умрел 44 г. (Дан12,1; 3,23); 2) Ирод Агрипа II, последниот владетел од семејството на Ирод Големиот, од 27-100 г. После падот на Ерусалим, околу 70 г. се преселил во Рим и таму умрел; в. Ирод

Агур - автор на дел од Изреките (Изр 30,1-15), од Маса.

Ад - в. Пекол.

Ада - 1)жена на Ламех (1 Мој4,19); 2) жена на Исав (1 Мој 36,2).

Адад -1) арамејски бог на бурата, кај Ханаанците е наречен Ваал, чие  обожување  било раширено во вториот милениум  пр. И. X Се прикажувал со трокрака молња. Се верувало дека живее на висока планина и од таму праќа дожд на земјата. 2) син на Исмаил (1 Дн1,30); 3) Едомски цар, во времетона Гидеон. Главен град му бил Фогор (1 Мој36,39); 4) едомски кнез, кој избегал во Египет, кога Јоав му запретил и се борел против Соломон, за да ја ослободи својата земја (1 Цар 11,14-22).

Адам - човек, земјен; од црвена почва - првиот човек на земјата, родоначелник на човечкиот род (Дап17,26). Бог го создал од земјен прав, му вдахнал живот и го оживел. Според СП гревот во светот дојде преку Адам.  Живеел во Божјото присуство, во Рајот, но не ја послушал наредбата од Бога и каснал од плодот од забранетото дрво. Заради тоа бил истеран од рајот. Според апостолот Павле, со својата непослушност Адам ја запечатил судбината на целото човештво, Оттогаш секој човек се раѓа со грев, далеку од присуството на Бог. Целото човештво е предодредено за грев и смрт. Сам човекот не може да ја промени таа состојба во која западнал. Тоа е т.н. првороден грев. Па сепак, човекот ја сноси одговорноста за своите гревови, зашто сака самиот да си господари над себе. Христос е новата надеж за грешниот човек да се врати кај Бога. Тој е, „вториот Адам" преку кого единствено грешниот човек може да се спаси, ако го признае како свој Господ и својата волја ја потчини на Неговата (Рим5,12-21). Адам е слика на „Оној" што ќе дојде, односно Исус Христос (Рим5,14). Преку Адам дојде смртта меѓу луѓето, а преку Христос вечниот живот (1 Кор15,22).

1.8.0 

Адам

Адамим - црвена, крвава угорница, планински премин меѓу Ерусалим и Ерихон (ИН 15,7; 18,17); името го носи заради црвеникавата почва; местото на кое се случил настанот со милостивиот Самарјанин.

Адар - дванаесетти месец во еврејскиот календар после Вавилонското ропство. Одговара на делови од месеците февруари и март.

Адиил - наследник на Симеон (1 Лт4,36) и свештеник (1 Лт9,12).

Адма - град близу Гомор и Севоим (1 Мој 10,19).

Адолам - затворено место, канаански град - држава, каде Давид нашол засолниште бегајќи од Саул (1 Цар22,1).

Адонај - едно од Божјите имиња.

Адони-Седек - канаански цар на Ерусалим, водач на сојузот од петте градови, споменатм во ИН 10; бил фатен и убиен од Израелците на чело со Исус Навин. Адонивезек - според Суд 1,5-7 канаански цар кого Јудејците го осакатиле и убиле; и самиот бил многу окрутен.

Адонија - Господ е мој господар - четвртиот син на Давид. Сакал да го заземе престолот после смртта на татко му и затоа Соломон го осудил на смрт (1 Цар 1-2).

Адорам - Господ е возвишен, бил во служба на Саул и на Давид, убиен од побунетите Израелци, кога сакал да им ја соопшти Роавомовата наредба (3 Цар 5,28; 12,18).

Адрамитија - пристаниште во Мизија, Мала Азија.

Адрија - море по кое по силна бура пловел коработ на апостолот Павле, на патотза Рим, каде одел заради неговото судење. Се однесува на дел од Средоземното Море меѓу Крит,: Малта и Сицилија (Дап 27,27).

Азаил - Бог гледа - дворјанин во домот на Дамаск, кој станал цар на Сирија околу 844 до 804 г.пр.И.Х., по убиството на Бен Ададн. Цело време владеел над двете царства: Северното и Јужното (2Цар8,7-15}. Амо спрорекнал дека неговото владеење ќе се прекине.

Азарија - Јахве помогна, распространето име во СЗ; в. Озија.

Алај - место во Асирија, каде биле заробени Израелците, откако Асмрците завладеале со Самари-ја во 722 г.пр.И.Х. (4 Цар 17,6).

Азек (Азел) - јудејски град (Ер34,7).

Азија - во Библијата означува различни поими: 1) царството на Селеуците; 2) римска провинција во западниот дел на Мала Азија. Била лозната по ткајачкиот и бојаџискиот занает. Некои нејзини градови, како Ефес, одиграле значајна улога во историјата на раната Црква; 3) само крајбрежните подрачја на Мала Азија (Дап 2,9).

Азик (Азек) - утврден Јудин град, близу до пограничниот град Лахиш. Тие биле единствените две тврдини што преостанале во времето кога Евреите под водство на царот Седекија се бореле против Вавилон (Ер34,7).

Азот (Ашдод) - Аканитски, на 7 км од денешната истоимена населба; од 12в.пр.ИХ филистејски град-држава на важниот каравански пат (ИН 15,46; Дап 8,40), светилиште на богот Дагон (1 Цар 26,6). Азарија ги срушил неговите ѕидини (4 Цар 26,6). Во 711. г. пр. И.Х. бил завземен од Саргон (Ис 20,1). Според еден извештај на Херодот, градот бил под опсада на фараонот Псаметих, во текот на 29 години, од приближно 620 г.пр.И.Х.; бил срушен од Макавејците и повторно подигнат од Римјањите. Се споменива и во НЗ (Дап 8,40).

Аин - извор или око, град на подрачјето што припаѓало на Симеоновото (ИН 19,7) и на Јудиното (ИН 15,32) племе. Во формата ЕН се појавува во називите на многу места.

1.8.1 1.8.2

Насловната страница на Ковердалевата Библија од 1535 година печатена во Англија / Копије на еден документ на папирус од Елефантин. 416 г. пр. И. X кој ни зборува за Адонија       

Акаба - Акабски залив - северниот ракав од Црвеното Море, во неговиот горен дел Соломон изградил пристаниште (1 Цар 9,26).

Акарон - најстариот од петте значајни филистејски градови на границата со Јудеја. Во него се обожувало божеството Ваал Зевув. Честопати го заземале и припадниците на Дановото племе и на Филистејците. После разурнувањето на Ерусалим во 70 г. во него се населиле многу од Евреите кои останале без своите домови (ИН 13,3; 1 Цар 6,17).

Акедама - крвна нива на арамејски - назив за нивата што свештениците ја купиле за триесетте сребреници што Јуда ги беше добил за предавството на Исус, за да паслужи како гробишта за странци, односно за Евреите кои умреле во Ерусалим, а не биле негови граѓани (Мт27,8;Дап 1,18-19). Позната е и како нива на грнчарот, бидејќи местото било богато со глина, Најверојатно се наоѓала на јужната страна од долината Хином.

Акила - еден од првите христијани во Коринт, ткајач на шатори, христијански учител и пријател на апостолот Павле (Дап 18,1-3).

Акравин - планински премин во јужниот дел на Мртвото Море (4 Мој 34,4).

Акрида - одреден вид на скакулци на исток, кои и денес ги јадат сиромашните (Мт 3,4; Мк 1,6). Нив ги јадел и Јован Крстител во пустината. (Во некои преводи се наведува и „растение" наместо скакулец}.

Акропол - горен град, тврдина или замок во грчките населби, особено тврдината во Атина, каде било сместено богатството.

Акхор - средоземен град што Израелците не успеале да го освојат, но му се припишувал на наследството на Асир (Суд 1,31).

Алабастер - бел или затемнет минерал што изгледа како мермер; се користел за изработка на садови за домаќинствата и за лампи (Лк7,37).

Алај - место во Асирија, каде биле заробени Израелците, откако Асирците завладеале со Самарија во 722 г.пр.И.Х. {4 Цар 17,6).

Алегориско објаснување на Библијата - објаснување на некој библиски текст со барање на подлабоко значење од она што непосредно се изразува. Со такво објаснување на текстот му се дава современо значење.

Продолжува

 9.9.9 d5

Пишуваат: ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (65)

На 17 јуни 2018 година е потпишан од шефовите на дипломатии на Грција, Никос Коцијас и Македонија,...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ БИБЛИСКИ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (9)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (32)

ПЕЛАШКО-ЕОЛСКА АТИНА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.