Среда, 09 Септември 2020    PDF Печати Е-пошта
ОД ТЕРМИНОТ ЖЕНА – МАЈКА, ДО ЗБОРОТ ЗАВЕТ ИЛИ СОЈУЗ СКЛУЧЕН МЕЃУ БОГ И НЕГОВИОТ НАРОД - ЕВРЕИТЕ (14)

3.4.4

Во ова продолжение за читателите на  порталот „Македонска нација“ ќе ги претставиме имињата, зборовите, изразите, називите,  термините... кои се во „Библискиот речник“: од терминот Жена како мајка Марија, до изразот Завет - сојуз склучен меѓу Бог и Неговиот народ Евреите

Жена - во Библијата не постои конкретно учење за жената, туку постојат повеќе паралелни сфаќа ња; 1) Многу од исказите потекнуваат од културата на живеењето во која жената е во потполност подредена на мажот (1 Мој 3,16). И извештајот за создавањето објавува дека жената е второсоздадена. Во 1 Мој 2,18-24-мажот се смета за првосоздадено битие, а жената е негова помошничка. Но во 1 Мој 1,27 се кажува сосема спротивно, дека се создадени со иста цел. Било каков завет што го дава жената против волјата на таткото, односно сопругот, е неважечки (4 Мој 30,4-17). Правната положба на жената е никаква. Доволен олис за тоа е неможноста да се противстави на раскинот на бракот што евентуално го презел нејзиниот сопруг, ниту ѝ е дозволено таа да го раскине бракот од било кои причини, ниту пак да се противстави на многуженството на својот солруг. Ниту сопругата, ниту ќерката не можат да наследат ништо од имотот, ако покојниот имал син (4 Мој 27,8; но и спротивно во Јов42,15); 2) Некои жени се опишани како значајни личности, но како мајки, жени. кирки на други значајни личности. На пример, како многу важни прамајки се спомнуваат Ева, Сара, Ревека, Рахила. Други значајни жени се Мирјам, Девора, Естира, Јудита, но и Аталија, Исавела. Но тоа се исклучоци, најголемиот углед го добивале како мајки на синови (Вирсавија во 1 Цар 1,15-21; 28-31; 2;13-21). Во Ис 66,13 Божјата љубов се споредува со мајчинска; 3) Во СП се споменува љубовта на мажот кон жената, односно свршеницата, но не како битен предуслов за бракот (1 Мој 29; 1 Цар 1,8); 4) Во мудросната книжевност се фали добрата жена (Изр 31,10-31); 5) Според 2 Мој 15,20 жените од порано активно учествувале во богослужењето, но со тек на времето тоа се повеќе се ограничувало (4 Мој 3,40; 2 Лт 8,11); 6). Во НЗ улогата на жените е битно сменета. Исус имал ученички (Лк 8,2), а значително ја поправил положбата на жената во бракот. Жени први го виделе воскреснувањето на Христос (Мк 16,1-8). Во повеќе наврати е спомнато дека Исус се дружел со жени, пр. со сестрите на Лазар, Маријаи Марта; и простил на блудницата (Јв 8.11); Во Јв 4,1-26 е опишан неговиот разговор со Самарјанката, и тоа за општозначајни теми, а не само за оние кои би се однесувале само на жените; 7) Улогата на жените во раната Црква е многу значајна, примале дарови од Светиот Дух (Дап 21,9) и имале удел во добротворната дејност (Дап 9,36), Но не се спомнува дека предводеле заедници; 8} Црквата и заедницата се прикажуваат како жена, односно невеста, а Христос е мажот, односно младоженецот (Гал 4,26; Јв 1,13; Откр 12,1); 9) Конечната новозаветна мисла во однос на жените е искажана во Гал 3,28: ,,нема машки пол, ни женски; зашто сите вие сте едно во Христа Исуса".

3.4.5 

Жетва

Жетва - се жнеело житото во определени временски периоди, во зависност од временските и географските одлики на просторот. Класјето се режело со срп (5 Мој16,9), високо над земјата. Сноповите се распослувале на цврсто земјиште, а по нив газеле волови (5 Мој25,4), магариња или, пак, специјални коли за таа намена (Ис41,150. Така зрната се истиснувале од класовите. На благ ветер се веело житото. Притоа ветерот ја однесувал плевата (Пс1,40, а зрната паѓале на земјата. Жетвата честопати се употребува при сликовити описи, пр. на Судот {МтЗ,12; Откр14,15). Првината од житото се принесувала на Бог.

Живот - ретко во СП се користи како апстрактен поим, повеќе се користи за означување на животните појави: здивот, движењето или, пак, ,,жива вода" за текушта вода, дишењето (Јов11,20; Ез 37,8), крвта (Лев 17,14) итн. Животот го дава и одзема вечно живиот Бог (5 Мој 32,39; Пс 104,29; Откр 15,7; 3,5), според однесувањето на поединецот. Животот се скратува со болести, несреќи. Драгоцен, но непостојан дар (Јов 2,4; Мт6,25, Пс 39,6; Проп 6,12; Ис 40,6). Не е бесцелен. Идолите не се живи и затоа не можат да делуваат, за разлика од живиот Бог (Пс 115,4). Во СЗ нема јасна слика за задгробниот живот, иако самата идеја занего постои. Во НЗ животот се дели на духовен и телесен (1 Тим2,2; Дап 15,26); јасно се дава слика за постоењена задгробниот живот (Мк 9,43; Мк 10,30; Мт 10,39). Во Дап 3,15 Христос се спомнува како зачетник на животот.

Жолчка - растение со горчлив плод често сврзано со билката пелин. На Христос на крстот му дале да пие вино, за да Му се ублажат болките (Мт 27,34). Метафорички е симбол на горчливи чувства (Дап 8,23).

Жртва - Евреите познавале разновидни жртви, кои играле значајна улога во нивното живеење. Се разликувале: жртви паленици, кога целото жртвувано животно се спалувало, а се принесувала наутро или приквечер (ЗМој 1,3; 4Мој 28,4); колени жртви, кај кои се принесувала само утробата, а месото го јаделе оние што ја принесувале жртвата, па затоа се нарекува и жртва причесница (3 Мој 3,5; 7,16;31); жртва благодарница (3 Мој7,11), причесница (1 Цар 11,15;3 МојЗ); жртва покајница (3 Мој 4; 3 Мој 5,14-19;5 Мој 14,22); жртва за очистување која ослободувала од култна нечистотија или, пак, со неа се завршувал некој временски интервал, раздобје на некој завет (3 Мој 12,6; 5 Мој 6,10); жртва приносница и налевница (3 Мој 2; 6, 7; 23,18); миомирисно кадење (2 Мој 30,34-37; 3 Мој16,12); жртва помирница (1 Цар 3,14). Жртвата не е само надворешно обележје на заедништвото со Бога, туку требада и се пристапува со чисто срце и искрени намери. Според НЗ Исус не ја отфрла жртвата (Мк 1,44; Мт 5,23; Лк 2,42), туку уште повеќе ја изострува пророчката критика на жртвите (Мт 9,13; Мк 12,33; Ос 6,6). Тој самиот е жртвата на новиот сојуз (Еф 5,2); која овозможува помирување со Бог (Рим 3,25; 1 Јв 2,2). И бидејќи како жртва еднаш веќе ја пролеал Својата крв (Еф 1,7), старозаветното жртвување станува одвишно (Евр 8,6) и на луѓето им е дадено ново спасение (Евр 9,9;12-15;18) Духовните жртви се давањето милостиња (Фил4,18), молитвата (Ев 13,15) и мачеништвото (Фил 2,17).

Жртва за благодарност- в. Жртва.

Жртва паленица - в. Жртва.

Жртва причесница - в. Жртва

Жртвена гозба - во СЗ, како потврда на Сојузот, односно Заветот (1 Мој 26,28; 31,46.54), при крунисување на цареви (1 Цар 11,15}, и како знак на сакралното заедништво меѓу Бог и луѓето (Изр 24,1 ;9). Слична улога има и жртвата причесница, кај која дел од животното се принесува на Бог, а остатокот го јадат приносителите (4 Мој, 5-8). Во НЗ Вечерата Господова е прикажана како жртвена гозба (1 Кор 10,16-22; 11,20); која ги поврзува христијаните меѓусебно, а посебно со Христос. Затоа тие не можат да учествуваат при паганските жртвувања (1 Кор 10,18;20), а уште помалку може да се поднесува раздори неслога(1 Кор 11,17-21).

3.4.6

Зртвеник на Херакле

Жртвеник - во СП претежно го означува местото за жртвата, но понекгаш означува и споменик, односно споменот на посебното Божјо појавување. Жртвеници подигале патријарсите (1 Мој 12,8; 26,25; 33,20). Давид и Соломон подигнале жртвеници (2 Цар 24,25; 3 Цар 12,32; 7,49; 8,64). Значењето на жртвеникот се губи во НЗ, кога Христос веќе се жртвувал (Ев 9,28). Најстарите жртвеници што се спомнуваат во СЗ биле направени од земја, необработен камен (2 Мој 20,24), Многу ретко, за разлика од другите народи, се заменуваат со жртвеници во карпа (Суд 6,20; 1 Цар 6,14). Тие се одликуваат со четири рога, на секој агол по еден, како знак на Божјата моќ (2 Мој 21,14; 27,2). Тој што ќе се фател за нив, уживал Божја заштита (3 Цар 1,50). Жртвениците се разликувале според својата намена: за паленици, за леб, брашно и вино, како и жртвеници за палење кадиво.

Забрана - во СЗ се што е свето завзема посебно место во животот на Израелците. Така, постојат некои забрани кои се однесуваат на саботата, Скинијата, Ковчегот на заветот, преку забрана на ликовно прикажување (2 Мој 20,41; 5 Мој 5,8) и поставување на табуа(2 Мој 19,12). Целта на забраните била да се заштити еврејскиот народ од влијанието и обичаите од соседните народи и истакнување и запазување на еврејската религија (3 Мој 10,1). Во НЗ се истакнува позитивното однесување кон ближните и кон Бога, што еповажно од забраните (Мт 5,22-43). Според апостол Павле, забраните имаат релативно значење, зашто христијаните се подложни само на Христовиот закон и заповед (1 Кор 11,1-16; Гал 5,14) и тие се единствена мерка за нивниот начин на живеење (Јв 12.49; 15,12).

Завет - сојуз склучен меѓу Бог и Неговиот народ Израел, се разликува од договорот склучен меѓу две еднакви страни. Во овој случај, иницијативата секогаш произлегувала од Бога: Тој ветува, но и бара исполнување на одредени обврски. На тој начин склопил сојуз со Ное (1 Мој 9,8-17), соАврам(1 Мој 15,18; 17,1-4) и со целиот израелски народ на Синај (2 Мој 19-24). Но народот го прекршил тој сојуз и лророците Еремија (31,31-34) и Езекиил (36,24-28; 37,26-28} наговестиле нов сојуз. Тој нов сојуз е склучен меѓу Бог и целиот свет, преку Христос (Мк 14,24, Лк 22,20), кој жртвувајќи се за другите ги поставил темелите на Новиот Сојуз, односно Завет (Евр 7,22; 8,6-13; 9,11-22). Негова карактеристика е милоста на Светиот Дух, а не законот, како во претходниот сојуз. Еврејскиот збор за сојуз е „Берит" кој на антички грчки е преведен со „диатики", што значи последна волја, тестамент, завет. Следствено, наместо Стар и Нов Завет, поправилно би било Стар и Нов Сојуз.

Продолжува

 0.0.0  6G   

Пишуваат: ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

127 години ВМРО, 30 години ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ на протест со автомобили од Скопје кон Штип на Денот на македонската револуционерна бор...

Историја

News image

Македонија со векови била делена, но Македонците опстанале

„Со потпишувањето на Букурешкиот договор, Македонија беше прв пат поделена и оттогаш судбината и е о...

Иселеници

News image

АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ „ВЕЛУШКА ТУМБА“ (5)

Поврзаноста на браќата Јановски со родното село е голема. ...

Култура и туризам

News image

Да се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир

Да се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир, во храмот на архистратег Миха...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (43)

МОСИНИКИЈА, МИЗИЈА, ДАРДАНИЈА И ТРОЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.