Среда, 09 Септември 2020    PDF Печати Е-пошта
ПОСВЕТЕНО ДЕЛО НА ПОКЛОНЕНИЈАТА ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ (21)

3.4.7

ДЕВЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ

Делото „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим”, чиј автори се д-р Вера Стојчевска-Антиќ, Славе Николовски-Катин и викарниот епископ хераклејски Климент е едно од значајните изданија на книгоиздателството „Македонска искра” (2008) на 228 страници. Во ова издание се одразени повеќеродни дејности, манифестации, собири, институции, личности, изданија и други активности кои се носители на името, дејноста, работата, на светите Кирил и Методиј и нивните ученици.

Инаку, книгоиздателството “Македонска искра” е формирано благодарение на демократските процеси што настанаа по осамостојувањето на Република Македонија како независна, демократска и самостојна држава. Тогаш се создадоа поволни услови за приватна иницијатива, меѓу другото и во областа на културата, со посебен акцент во развојот на книгоиздателството. Така,  е формирано денешното Друштвото за издавачка и образовна дејност, производство и промет (Книгоиздателството) „Македонска искра” ДООЕЛ увоз-извоз-Скопје.

Македонска искра“  е крстена по весникот „Македонска искра“, првиот македонски весник што започна да се печати во Перт, Австралија  во 1946 година. Таа за првпат е регистрирано во Окружниот стопански суд во Скопје, на 28.03.1995, за потоа да ги следи сите законски измени. Меѓутоа, својата издавачка дејност “Македонска искра” ја започна во текот на 1997 година и досега има објавено стотици наслови од значајните македонски писатели, научници и публицисти, во тираж од илјадници примероци, пласирани во Македонија и во многу национални библиотеки и специјализирани книжарници во европските и во прекуокеанските земји, особена меѓу македонското иселеништво

На оваа скромна, но со видни резултати издавачка куќа посебна област во издаваштвото се учебниците и дидактичката литература  одобрена од Министерството за образование на Република Македонија. Сите учебници и различната дидактичка литература на „Македонска искра“ се користат во основните и средните училишта, и имаат значаен прилог и придонес во образовниот процес во Република Македонија.

3.4.83.4.9

Публикацијата „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим”, од авторите д-р Вера Стојчевска – Антиќ, Славе Николовски – Катин и викарниот епископ хераклејски Климент е едно од значајните изданија на оваа реномирана издавачка куќа во Македонија, чиј главен и одговорен уредник е авторот на овие редови, Славе Катин. Рецензенти на ова дело се Архиепископот г.г. Стефан и проф.д-р Ѓоко Ѓорѓиевски, декан на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, а беше издадено во 2008 година, кога се навршуваа шеесетина  години самостоен слободен, просветен и културен живот и растеж во Република Македонија.

Треба да се нагласи дека во публикацијата „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим”,се проследени јубилеите кои во одредени години ги потенцираат активностите и дејностите во врска со претставувањето, изучувањето или откривањето на нивното сестрано дело. Исто така, своевиден простор е посветен на манифестација „Во чест на св. Кирил” и поколенијата на гробот на св. Кирил Солунски во Рим, во период од 40 години (1969-2014). 

За ова дело Архепископ Охридски и Македонски г.г.Стефан ќе напише дека пораката на светиот апостол Павле - помнете ги вашите наставници, што ви го проповедаа Словото Божјо (Евр. 13, 7), нашла и има вистинско место меѓу македонскиот народ кога е во прашање чествувањето на македонските и сесловенските просветители, браќата од Солун - светите Кирил и Методиј.

Во книгата „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим е запишано дека во 1977 година Деновите на културата на СФРЈ во Италија се одржаа како комплексна југословенска културна манифестација, со која беше презентирано современото културно творештво и културната традиција на СФРЈ пред италијанската публика. СР Македонија зеде учество во оваа манифестација на тој начин што акциите што беа планирани за македонските Денови во чест на свети Кирил, беа приклучени кон „Месецот на југословенската култура", што се одржа од 21 април до крајот на мај истата година. На тој начин чествувањето на сесловенските просветители прерасна во општојугословенска манифестација.

Во програмата на Месецот на културата на СФРЈ, СР Македонија беше застапена со следните содржини: по еден концерт во Рим, во областа Лацио и во Неапол одржа Камерниот хор на Радио Телевизија Скопје, а од македонските филмови беа прикажани „Црносеме" на Кирил Ценевски и кусометражните филмови „Оган" од Столе Попов и „Стоп" од Дарко Марковиќ.  Музејот на современата уметност од Скопје, пак, беше организатор на изложбата за современата југословенска карикатура, а проф. д-р Ѓорѓи Старделов учествуваше во дискусијата за самоуправувањето во културата.

Овогодишната културна делегација на СР Македонија ја предводеше г. Љупчо Копровски, републички секретар за образование и наука, а делегацијата на Македонската православна црква ја предводеше митрополитот американско-канадско-австралиски г. Кирил, со членовите

протојерејот Богољуб Димитриевски, парох при црквата „Свети Ѓорѓи" од Чаир, Скопје и протоѓаконот Александар Цандовски, секретар на Скопската митрополија, како и хорот на црквата „Свети Кирил и Методиј"од Тетово.

Молебенот во базиликата „Свети Климент Римски" се одржа на Денот на светите браќа, токму во 12 часот, на кој членовите на делегацијата на СР Македонија положи венец на гробот на свети Кирил. Таму се наоѓаа двата хора од Скопје, членовите на двете југословенски амбасади во Рим со амбасадорите г. Зденко Свете, при Светата столица и д-р Борислав Јовиќ, при Република Италија, членови на ватикански институции и околу 150 поклоници од Македонија, кои дојдоа да се помолат пред гробот на просветителот и учителот свети Кирили Солунски.

По молебенот митрополитот Кирил одржа слово во кое, меѓу другото, истакна:

... Евангелското слово, посеано од тебе длабоко во душата на нашиотнарод давало стократен плод, го хранело со здрава духовна храна и гопоело со животворна вода, така што, национално и духовно запазен,веднаш по ослободувањето, благочестивиот наш народ побара да имаи своја самостојна Црква, свои свештеници и свои владици. Цркватанаша, обновена и осамостоена, под постојаната молитвена закрила натвојот најдаровит ученик свети Климент Охридски - Чудотворец, постепеноги обновува древните црковно-народни традиции, ги поправастарите и изградува нови цркви ширум нашата слободна земја.

Последнивегодини, Македонската православна црква ги собра распрснатитечеда на Македонија по сите меридијани на Земјината топка. Поднејзината мајчинска закрила и духовно раководење, Македонците водалечниот свет го слушаат словото Божја на својот мајчин јазик... 

Свети оче, Кириле, ти си наш сопатник и предводник низ сите нагорнинии удолнини во нашето постоење повеќе од единаесет векови. Тија знаеш и нашата слава и нашите многубројни понижувања и патила.Ова што го говориме, го говориме не затоа што ти не го знаеш тоа, тукуда си припомнене за твојата голема љубов, за твоите богати дарови иза твојата безгранична саможртва ..."

Во текот на престојот, делегацијата на СР Македонија, заедно со делегацијата на Македонската православна црква, беше примена во Ватикан, во одделни посети од монсињор Копа, помошник на заменикот на државниот секретар на Ватикан, и од монсињор Силвестрини, потсекретар во Советот за јавни работи во Ватикан. Ова беше првпат една државна делегација од СР Македонија, како и делегацијата на Македонската православна црква да бидат примени од високи ватикански личности.

3.5.0 

Колосеумот во Рим

Покрај Рим, државната делегација од СР Македонија го посети и Неапол, како и Семинарот за студии на Источна Европа при Ориенталниот институт на Универзитетот во Неапол. Притоа, беа водени разговори со проф. д-р Нула Миниси, директор на овој институт и со проф. Ѕигари, ректор на Унвиерзитетот во Неапол.

Што се однесува, пак, до делот од културата, треба да се одбележат настаните на Камерниот хор на Радио-телевизија Скопје, одржани во Рим и во Неапол, а кои наидоа на забележителен прием кај италијанската публика, како и проекциите на играниот филм „Црно семе" од Кирил

Ценевски, на краткометражните филмови „Оган" од Столе Попов и „Стоп" од Дарко Марковиќ. Не помал беше интересот за предавањето на проф. д-р Ѓорѓи Старделов и изложбата за карикатура.

Вера Антиќ:Локални хагиографии во Македонија", Просветнадело", Скопје 1977.

Со воведниот дел и петте локални македонски светителски ликови застапени во книгата, авторот има за цел да ги проследи развојните култни светителски традиции во Македонија. Основата на словенските локални хагиографии ја чинат светите браќа Кирил и Методиј, кои ги

формираа и вредните наследници Климент и Наум Охридски, кои ќе ја формираат значајната средновековна Охридска книжевна школа.

Нивниот подвиг остварува благопријатна почва и за наредните развојни линии на култните локални традиции: свети Јоаким Осоговски, свети Прохор Пчински, свети Гаврил Лесновски, свети Иларион Мегленски и свети Ѓорѓи Кратовски.

Продолжува

 0711  
Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

127 години ВМРО, 30 години ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ на протест со автомобили од Скопје кон Штип на Денот на македонската револуционерна бор...

Историја

News image

Македонија со векови била делена, но Македонците опстанале

„Со потпишувањето на Букурешкиот договор, Македонија беше прв пат поделена и оттогаш судбината и е о...

Иселеници

News image

АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ „ВЕЛУШКА ТУМБА“ (5)

Поврзаноста на браќата Јановски со родното село е голема. ...

Култура и туризам

News image

Да се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир

Да се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир, во храмот на архистратег Миха...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (43)

МОСИНИКИЈА, МИЗИЈА, ДАРДАНИЈА И ТРОЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.