Среда, 02 Декември 2020    Печати
Марија Емилија Кукубајска: ХОРОТ НА ЗАТВОРЕНИЦИТЕ против Ропскиот Рај „Нов Вавилон“

Kukubajska

Марија Емилија Кукубајска: ХОРОТ НА ЗАТВОРЕНИЦИТЕ против Ропскиот Рај „Нов Вавилон“

https://youtu.be/2F4G5H_TTvU

Мислите мои по тебе - песни испилија, на Божји зраци

Полетаа да бранат долини и ридови на нашата татковина

Плодна, тревки, лекови, полен... родна, опојно миризлива.

Јужниот ветер сладост на радоста шири и шепоти:
Не плашете се, во топла прегратка на домот згрнете

Срце на рајската мајка Македонија. Неуништени остануваме

Не даваме Ропскиот Рај да слави дека души ни суши, не брише

од карта на нивниот нов Вавилон, балон. Нема во тие зандани

радост за нас. Но, има спас! Пророците кажаа: прогрес не

се носи на рогови на смртта, туку на вечноста Божја.

Не молчете браќа, испливајте од ЕлиТни реки на смртта
не давајте да ве потопат, обесат, сушат во душман-пушилници,

Не можат планетатата бесконечно да ја држат во Конц Логори.

Не заборавајте, сетете се - Бог ве создаде во свето место,

Срце на полуостровот. Затоа сте трн во око за бездушните

И затоа вековно темни сили – глутници диви, живи ве кинат.  
Отварајте и свети и земни книги, имате допрва да кажувате

Се’ што се крадело и криело од вас, од предзори на зборот -

до сите војни со мРакот - до сега, до новиот хор, најтежок збор,  

Храброст мудра. Говорете громовно со Божје вдахновение,

За ваше Спасение пред џинови од дивина урбана да ве обезличат.

И себе си да се устоличат против вас, во нивниот Ропски Рај.

Бог не ве дава. А вие? Не давајте се, деца на ветената земја.

Конечно глас за вечен спас кренете:  

О, Господе Боже, Исусе Христе, Сине Божји - во сите вери

Твојата вистина е: „Последниот може да биде и прв, Господар

Роботот да постане“, заедно со робовладетелот владетели да бидат

Со себе си, со вистина вселена, од Тебе доделена неподелена.

Иако изродот одново го цепи, дели родот, со камен усмртува брат,

Ново теле од ѓавол пресоздава, и не’ јава со болести, глад и војна... 

Не е таков веков, туку човеков г-рев против Вселената се населува  

Од измамници, принцови на слободата непостоечка, ослободен

За ново-ропска новодопска реалност за реализација на смртоносни

Профити. Од пакост и злоба светат, луминираат одродените. Народ

Им смета што се раѓа. Од грешки не се учат, мислат безгрешни се.

А историја сучат, кинат, со нозе бришат – вистината да ја снема. 

Народ затвораат во црни дупки што ги бушат со Луцифер зРак,

Од смртта на народите за себе живот да излачат, да го јавнат до гала

Галактички облаци на лудилото ЕлиТно, анти-космичко. Гмечат

Здрави глави и ги полнат со игри ексПериМентални, оргии карнални,

Трансхумани... маскенбали, карнавали мелат и души и тела, и дела.

Формулата E = mc2 ја масакрираат и во органски свет. Пород сушат

Во мајчин цвет. Со акцелератор - простор/време разградуваат

Тие, племињата одсекогаш изгубени - смртоносно елит племство водат,

ненивниот го јадат, и не може да се насладат... Од прапочеток први зла

рака кренаа против правото на исправниот. И до денес, против добрината,

Ја загадуваат вистината: другиот им е крив што е жив. Само тие прави!?

Хорот на затворениците попусто ли пееше во ѕидини низ пустината  

На Вавилон? Неисправена неправда, обновена болест носат демоНкратите,

Ново ропство изработено, изделано од безделните, спас да немаме за навек?

Во лавиринти на нивните кабал-науки, закон рика: Нема Бог - ни душа нема.

И денес хорот стенка, вика, а сепак пее: Излез ќе има од занданите

на Боговите мртви-активирани! О Господе вистински, Ти Семоќен,  

Сезнаен, спаси не’ од лажни спасители, актери на прогрес виртуелен –

Ти што гледаш се’, до каде ќе не’ гонат, заклучуваат, задушуваат во

Вирови вирусни конструирани од монструирани генеалогии на злото?

Од нив никакво Златно Доба не иде. Ни од 5ти димензии над Ропскиот Рај?

Измислена еднаквост ни’ продаваат преку платени препродавачи. Тие

Ново знаме вијат: Еднаквост? Слобода? Измислици за робовите се тоа!“

Нивниот компост композитор, пропагатор на Војна на вирусите, се исмева

На хорот народен: „Ние сме таа победа бесно лесна, dance macabre, реквием!

А на вас, ако ви е до вашата бесцелна и импотентна песна, останете

Со неа. Но пеејќи си по свое, и без себе останувате. Решено е. Владееме! 

ЗЕМЈО МОЈА,

Не го замолчуваме нашиот хор

Пред нивниот хорор

Честито да ни’ е и нашето прастаро, современо славење,

На својот род, музичко празнување, човечно поставување,

Постојано издигнување. Одсекогаш засекогаш, чудесно

Генетско наследство усовршувано во дух и ум од универзумот.

Свесни, верни на своето, Македонци сме, исконски во светот

Вградени, и пред и по Александрови градини на мудроста,

Не самољубиво зли, не подли скитачи, не сме уништувачи

Останавме и до 21 век самосвесни носачи, столбови на родот

Народен, свои, иако дел од СЕ’. И пред потоп од зли непријатели

да надојде со грешни вери: и живи и кадавери да потопува... Не

се претопивме, иако светски постанавме на сите три континенти.

Домородни формули делевме на истата маса за развој, заеднички,

Трајно посадени во Божје и во наше име. И денес светлини пали

Македонецот наш со потекло од неутриноси, човек-планиНа,  

Горостас на верижно копно и на брановити жили и вени неовенати.

Гордоста наша не е лудост, но достоинство е. Од самосвест  

потекнува, од вест носена од еоните - дека СМЕ БИЛЕ, И СМЕ

РОД – НАРОДЕН ОД СВОЈ ПРАСТАР И СОВРЕМЕН,

И НАДВРЕМЕН ГЕН, НАСЛЕДЕН, СПЛЕТЕН

ВО ИДНОМИНАТИ СТРУНИ, ГАЛАКТИЧКИ КРУНИ.

Нашето Балканско, Европско, планетарно срце среде полуостровот,

Не го преполовија ласери гаѓани од Шшш-шарени Гррр-ромовни

Празни глави, надуени со отровна нано-прашина предавничка.

Со неа и нашиот Александар Велики Македонски го отруја продадените.

Но одново се раѓаме, да се чистиме и чуваме од туѓи болни магии, од

Хистерии и трансови низ кои не’ крадат пост-оперативно, money-пулативно.

Од сите страни на злото сега одново ќе се бориме, браниме, лечиме,

Разумно, учено, искусно, смирено. И ќе шепотиме, и ќе ечиме:

Верно славиме, вистината е ненадмината! Правдата - мир праведен

Сепак останува да одгледува - неослепена. Владеењето со Лага – не

може а да не се губи пред потеклото на праподатокот дека ние сме

Реалност - народ од сонцето култивиран, праисторија по татко и мајка,

По корен, стебло, цвет и плод -  од лорандит јадро, од премудар мозок

и од срце без рак рана. Свест во матката на Божји галаксии заносена.

Чудесно совршен живот со вера, создаден да создава љубов, а не

Да вари смрт во вирусни комори - за Луцифер помори на Проститут

Институт. И да бега и да крие опашка на Марс, низ воинствени Портали.

Тоа ќе му биде Пат на падот, TragiComedy Central, без Феникс Пепел Ал.