Среда, 09 Декември 2020    PDF Печати Е-пошта
ИЗЛОЖБА НА ИКОНИ ОД МАКЕДОНИЈА ВО РИМ ВО 1986.– ДЕЛ II (34)

1ikoni

ОСУМНАСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ

Високодостојникот на Римокатоличката црква кардиналот ПаулПупар со одбрани зборови се осврна и на екуменското значение наизложбата, завршувајќи го своето обраќање до пристутните со следнивезборови:

- Ова изложба е, исто така, еден културен чин на зближување на народите и државите, како и на луѓето со различни идеолошки хоризонти. Во името на Понтификалниот совет за култура, а една од неговите задачи е плодниот дијалог меѓу културите, јас ја изразувам сета моја радост за оваа уметничка манифестација со убеденоста дека таа ќе создаде едно проширување на културните хоризонти и исклучително збогатување, човечко и духовно за сите што учествуваат во неа. На сите творци на оваа исклучителна изложба им се упатени мојата жива благодарност и длабока восхит.

На крајот од оваа прекрасна свеченост, од тоа инаугурирање на македонските икони во ризницата на светското уметничко богатство во средина и место каде што тој чин добива највисок легитимитет, зборуваше директорот на Дирекцијата на Ватиканските музеи, проф. Карло Пјетранџели.

На Денот на свети Кирил и Методиј, 24 мај, главните свечености се одржаа во базиликата „Свети Климент" во Рим пред гробот на свети Кирил. Притоа, митрополитот австралиски г. Тимотеј одржа молебен на којшто учестуваа хорот на просветните работници „Свети Кирил и Методиј" од Скопје со диригентот Тоде Радевски и октетот „Русикум", од Рим, а во присуство на југословенските амбасадори при Светата столица и при Република Италија - Штефан Цигој и Анте Скатерлетко, и културната делегација на чело со академик Матеја Матевски. Пред одржувањето на молебенот беа положени венци во името на културната делегација и на амбасадорите.

Денес на молебенот во катедралата „Сан Клементе" присуствуваше и мноштво народ кој веќе беше во катедралата и со внимание го следеше оддавањето почит и благодарност кон солунските браќа свети Климент и свети Методиј, што претставува континуирано оддавање благодарност на свети Кирил и свети Методиј во прославувањето на нивните светителски ликови" - истакна митрополитот Тимотеј во својата беседа над Кириловиот гроб, додавајќи дека ова, истовремено, е и „наша голема и трајна благодарност на свети Климент Охридски, зошто се што го красеше свети Климент научи од своите учители".

2ikoni

Натаму, митрополитот Тимотеј нагласи: „Во овој скромен вид на манифестирање на нашата благодарност како кон свети Кирил, така и кон свети Климент Охридски, ние како самостојна црква и како народ конституиран во македонска држава, во братска заедница на рамноправни народи и народности, Социјалистичка Југославија, уште повеќе ја чувствуваме потребата од оживување на делото на светите браќа, како и на свети Климент Охридски".

Во текот на еднонеделниот престој делегацијата на Македонската православна црква имаше разговори во Секретаријатот за единство на христијанските цркви и во Ориенталниот институт, а ја посети и Марјанската академија.

Со целовечерниот концерт на хорот на просветните работници „Кирил и Методиј" од Скопје, што се одржа во црквата „Сан Ангело", заврши програмскито дел на манифестацијата „Во чест на свети Кирил", која сепак останува да трае со изложбата на икони од Македонија од IX до XVII век што во присуство на голем број културни и политички работници на Ватикан и Рим беше отворена во просториите на Ватиканските музеи, која остана таму до 29 јуни.

Во текот на манифестацијата, државната делегација имаше срдечна средба и отворени разговори со министерот за надворешни работи на Ватикан г. Силвестрини. Притоа, од страна на шефот на делегацијата академик Матеја Матевски беше изразена благодарност за прифаќањето на изложбата на иконите и беа подвлечени добрите меѓусебни односи на Југославија и Ватикан.

На планот на односите со СР Македонија, беше изразена желбата да ѝ се излезе во пресрет на Македонската православна црква да добие дел од моштите на свети Кирил за осветување на Македонската соборна црква. Тоа не е само религиозен однос и црковен чин, туку и израз на пиететот што го има македонскиот народ кон основоположниците на словенската и македонската писменост и култура.

Кардиналот Силвестрини изрази задоволство од средбата и благодарност за приредувањето на изложбата, при што подвлече дека Ватиканските музеи не примиле досега изложба од ниедна земја и дека овој „преседан" е направен од највисоко место во Ватикан (т.е. папата) поради нивната голема вредност, а и со оглед на традиционалното чествување на свети Кирил во Рим.

3ikoni                     

Теракотна икона од Виница

Во сличен дух и атмосфера дојде до средба и разговори со кардиналот П. Пупар, министер на културата и П. Пјетранџели, директор на Ватиканските музеи, на ручекот приреден од амбасадорот на Југославија при Светата столица, Ш. Цигој за високи ватикански функционери и двете делегации, при што содржината на разговорите беше идентична со онаа при средбите со папата и г. Силвестрини.

Културната делегација и амбасадорот во Италија, А. Скатерико, беа примени во Министерството за надворешни работи на Италија каде што се водеа разговори со амбасадорот Д'Анреа, кој од италијанска страна ги води работите за реализација на одредбите на Осимските спогодби. Шефот на делегацијата академик Матеја Матевски имаше среба и со потсекретарот во Министерството за надворешни работи на Италија, г. Фјорети.

Во 1986 година беа подготвени повеќе манифестации, научни собири и изданија во чест на свети Климент Охридски. Централен настан претставуваше Меѓународниот научен собир, организиран од Македонската академија на науките и уметностите на тема: „Климент Охридски и улогата на Охридската книжевна школа во развитокот на словенската просвета",

Симпозиумот се одржа од 25 до 27 септември 1986 година во Охрид. Претседател на Орган изациониот одобор од Македонската академија на науките и уметностите беше академикот Матеја Матевски . Симпозиумот го отвори М. Матевски, со беседа за Климент Охридски. Собирот го поздравија : претседателот на Извршниот совет на СР Македонија - Глигорие Гоговски, претседателот на Македонската академија на науките и уметностите – Јордан Поп-Јорданов и претседателот на Собранието на Општина Охрид – Димитар Зарчев. Беа поднесени 40 реферати на научници од СФРЈ и од странство.

Во 1986 година основното училиште „Кирил и Методиј" од Скопје свечено го прослави јубилејот „Сто и педесет години воспитна и образовна дејност" (1836-1986). Јубилејот беше одбележан свечено, со богата приредба, на којашто учествуваа гости и претставници од воспитнообразовните институции, од Градското собрание и од Владата на Македонија.

Во 1986 година излезе од печат првото дело на авторот на овие текстови Славе Николовски – Катин под наслов An English–Macedonian Limnological Dictionary / Англиско–македонски лимнолошки лексикон, издание на Хидробиолошкиот завод во Охрид, на 206 страници на англиски и на македонски јазик.

Тој е резултат на долгогодишната работа на авторот, реализирана пред сè во Хидробиолошкиот институт (завод) во Охрид. Речникот е подготвен со цел да пополни празнина во областа на биотехничката терминологија и да биде од помош за студентите, како и на научните работници кои го користат англискиот јазик во оваа област и други природни и биотехнички науки. Покрај тоа, речникот може да биде корисен и во многу македонски и други домови како потсетник, прирачник и јазична помош.

Продолжува

6slave  Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Што му порача Димовски на Заев

На изјавата и обид на премиерот Заев да релативизира и да ја внесе „северна“ и во ФФМ, реагираше...

Историја

News image

Дописка за положбата на македонските патриоти во Горна Џумаја" во 1935 г.

Тихомир Каранфилов Политичкиот тероризам во Бугарија, кој владееше во триесетите години на минат...

Иселеници

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ЉУБОЈНО ПОСВЕТЕНИ НА ПИШАНИОТ ЗБОР - ДЕЛ I (12)

Текстовите во продолженија во порталот „Македонска нациј...

Култура и туризам

News image

По стапките на Месијата (3) Маслинова гора

Маслинова гора или Гетсиманска градина               Ма...

Фељтон

News image

КОИ БИЛЕ ВЕНЕТИТЕ ВО АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА? (15)

Според Пешиќ Венетите биле поморски и речни трговци, кои го рашириле писмото кон Етр...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.