Среда, 16 Декември 2020    PDF Печати Е-пошта
ОД ИЗРАЗОТ ОБЛАК ШТО СЕ ПОВРЗУВА СО БОЖЈАТА СЛАВА - ДО ИМЕТО КИСЕЛИНА (28)

1bog

Во ова продолжение за читателите на  порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот речник“, преку имињата, зборовите, изразите, називите,  лексикографските термини...: од изразот Облак, столб од облак - израз што се поврзува со Божјата слава, до именката оцет - кисела течност, продукт на ферментираното вино или друго овошје

Облак, столб од облак - израз што се поврзува со Божјата слава: според 2 Мој 13,21, кога Евреите излегле од Египет и навлегле во Арабиската пустина, Господ ги водел одејќи пред нив, дење како столб од облак, а ноќе како столб од оган. Според некои мислења, станува збор за два облаци: едни от имал функција за да го затскрива сонцето да не им пречи, а другиот за да им го осветли патот. Облакот означувал кога ќе се тргне и кога ќе се застане (4 Мој 9,17-23); застанувал над Ковчегот на заветот и ја исполнувал Скинијата на сведоштвото. Билсимбол на Божјото присуство меѓу Избраниот народ. Во визијата на пророкот Исаија, славата Божја и храмот се обвиени со дим или густ облак (Ис 4,5). Во НЗ облакот е симболика на славата Божја: Мт 17,5; Откр 1,7; Мт 26,64. При второто Христово доаѓање верните ќе бидат вознесени во облаците (1 Сол 4,17).

Обратување, обраќање – во преносен смисол, обратување, односно свртување од грешниот пат и свртување кон Бога. Со Божјата благодет човекот се враќа од гревот кон доброто, а не по своја заслуга (Ер 31,18; Дап 3,26). Обратеник - човек кој преминал од една религија или учење, мислење или начин на живеење, кон други. в. прозелит.

Обрезување - древен обичај кај Египќаните и Арапите, а со посебно значење кај Евреите. Во горна Сирија се изведувало веќе 3000г.пр.И.Х. Обредот се состои во отстранување на врвот на кожата на половиот орган кај машките бебиња, од страна на домаќинот, некој друг Израелец или мајката {2 Мој 4,25). Се вршело на осмиот ден од раѓањето по заповед од Бога (2 Мој 12,44; ЗМој 12,3). Било дозвол-но да се врши во сабота (Јв 7,22-23). Обредот имал за цел симболично да го прикаже склучениот сојуз меѓу Бога и потомците на Аврам. Во новозаветно време, обратените во христијанство Евреи, се’ уште го сметале за неопходен фактор за спасение и тоа ги доведувало до големи несогласувања со другите христијани во Галилеја (Гал 5,2-3; 6,15). Во преносно значење, зборот обрезување има повеќе значења. Изразот „да се обрези срцето" значи да се обнови за да дојде до обновување на верата (Ер 4,4).

Овид - служител, син на Рута и Вооз, а пак татко на Јесеј и дедо на Давид (Рута4,17-22).

Овци - во почетокот се одгледуваат поради месото, млечните производи и волната. Сточарството било многу значајно за источните народи, а на Евреите им служеле и како жртвени животни. Во НЗ верниците се претставени како стадо, а Христос е добриот пастир. Исус Христос се спомнува како жртвено јагне за откуп на гревовите на човечкиот род (1 Мој 30,32; 4 Цар 3,4; Пс 22-23; Јв 10; Јв 1:29; Мт 25:32). Во СЗ се спомнуваат над 400 пати, а во НЗ 70 пати. 

2bog

Овча порта - најверојатно порта на северниот градски ѕид во Ерусалим. Ја изградил првосвештеникот Елијасив по враќањето од ропство, заедно со неговите браќа (Нем 3,1). Најверојатно овците наменети за жртва оттаму ги протерувале во град, заради близината со бањата Витезда (Јв 5,2) и самиот храм. заради неговата непослушност: го допрел Ковчегот на заветот придржувајќи го да не падне, кога се пренесувал преку Нахановото гумно (2 Цар 6,3-7; 1 Лт 13,10).

Ог - васански цар , поразен од Израелците во својата престолнина Едраин {4 Мој 21,33-35).

Одежда - збор, со кој се означува свештеничката облека за време богослужењето.

Оза - човек, кого Бог го убил

Оклоп - војничка кошула, направена од плочки поврзани со кожа или платнени ленти (Ер 46,4). Војничка облека (3 Цар 22,34).

Олово - метал, најпрвин се користел за прочистување на среброто и за лемење на други метали. Имало наоѓалишта во синајските карпи (2 Мој 15,10).

Олтар - во најраните времиња споменат во СЗ, претгставувал куп од камења со рамна површина на врвот, за жртвување на животни, птици, жито, а понекогаш и луѓе (1 Мој 22,9). Иако жртви биле принесувани и пред Потопот, зборот „жртвеник" се среќава дури по излегувањето на Ное од арката (Пс 51,19; 1 Мој 8,20); в. Жртаеник.

Омега - последната буква од грчката азбука, се споменува заедно со првата алфа, за да се означи Бог како почеток и крај на се; в. А.

Он - на грчки Хелиополис (град на сонцето); град во долен Египет, 9 км од денешен Каиро. Во него имало велелепен сончев храм ,,Ра" или ,,Атум-Ра". Неговите свештеници имале голема моќ. Јосиф се оженил со ќерката на еден од нив (1Мој 41,45).

Онисим -корисен, роботна Филимон од Колоси. Кога избегал од својот господар, во Рим го сретнал апостолот Павле и станал христијанин (Кол 4). Потоа се вратил со најмалото Павлово послание. Според преданието бил предводник на црквата во Ефес (епископ) по Тимотеј, умрел со маченичка смрт во Рим под Трајанова власт.

Оних - состојка на темјанот, ситни лушпи од некои видови молуски (2 Мој 30,34), кои при согорувањето пријатно мирисале.

Ор - 1) местото каде умрел Арон (4 Мој 20,27-28), планинска граница на север од Израел; 2) Израелец кој му помагал на Арон да ги одржи Мојсеевите раце нагоре во текот на битката со Амалеќаните (2 Мој 17,10-12).

Орел - птица грабливка, им била забранета за јадење на Израелците (Ис 40,31 ;Мт 24,28).

Орив и Зив - мидјански кнезови, ги убил Гедеон кога неговата војска напредувала кон реката Јордан (Суд7,25).

Орна - слободен човек; благороден, Евусеец, од кого царот Давид го купил гумното, зашто над него видел ангел и на тоа земјиште покасно е изграден храмот (2Цар24:16; 1 Лт 21:18; 22:1; 2ЛтЗ:1).

Осана - спаси не, или помогни ни (Мт 21,9): вообичаен поздрав на Седмиот ден од празникот на сениците, кога се носеле маслинови гранки и се пеело. Така го поздравиле и Исус, кога влегол во Ерусалим (Мк 11,9). Со тек на времето изразот станал свечен извик во црковните богослужења.

Освета - крвна, вообичаена појава кај семитските народи. Мојсеевиот закон ја променил да не се врши во најлош облик. Одредил правила кога се применува крвна освета. Одредил и градови за засолништва, па секој што убил човек можел да побегне во нив и да му биде гарантирано дека нема да биде убиен додека не се организира судење; исто така не смеел да биде погубен, без да се докаже убиството (4 Мој 35,12; 5 Мој 19,6; 2 Цар 14,11).

3bog

Ангел

Осија- книга на пророкот Осија - пророчка книга, главно составена од песни.

Осија - Јахве спасил. 1) пророк во северното Израелско царство, еден од „малите" пророци, живеел некаде околу 740г.пр.И.Х. Ги опоменувал Израелците на вистинската верна љубов - Бог; 2) последниот цар на истото царство (733-725г.пр.И,Х). По неговата смрт асирскиот цар, по опсадата, и ја освоил Самарија во 721.г.пр.И.Х (4Цар 75,30).

Откровение на апостолот Јован -           последната, дваесет и седма книга од НЗ, напишана околу 95 г. на грчкиот остров Патмос, каде Јован бил протеран заради својата вера. Книгата има апокалиптична содржина, со визии за иднината и последното време на земјата. Единствена пророчка книга во НЗ; в, Апокалипса.

Отпусна книга - според Мојсеевиот закон, секој можел да ја отпушти својата жена, ако нашол нешто недолично кај неа. Тогаш ѝ давал отпусна книга. Жените го немале тоа право (Мт 5,31; 19,7; Мк 4,10); в. Развод.

Отровни растенија - растат во Палестина, некои од нив се спомнуваат во Ос 10:4; 4 Цар 4:39; Пс 140:3; 139:4; Јак 3:8.

Офир - крај во југозападна Арабија, на Црвеното Море, се граничел со Саба (3 Цар 9,28). Оттаму се носело златото што ги красело облеката на Соломон, престолот и храмот (ЗЦар 10,11).

Офни - еден од синовите на свештеникот Илија во силомскиотхрам, каде се чувал Ковчегот на заветот. Со брат му правеле небогоугодни дела, а стариот им татко не можел да ги спречи. Биле убиени во битка, во ист ден. Ковчегот бил заробен, а Илија од мака умрел (1Цар 2).

Охозија - Господ зафатил, 1) син на Ахав и цар на Израел (850-849 г. пр.И.Х.), со лошо однесување како и татко му, па затоа бил прекорен од пророкот Илија (4 Цар 1,2); 2) јудејски цар, околу 842г.пр.ИХ Бил ранет во битката против Сиријците, а умрел во Мегидо (4Цар9,14-28).

Оцет - Кисела течност, продукт на ферментираното вино или друго овошје. Има опојни својства и ги ублажува болките. Им го давале на распнатите на крст, Исус го одбил (Мт 27,34).

Продолжува 

Пишуваат:

1slave 7ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И

1slave 1СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Коњички марш на Коњаницата од Цапари–Битола до Крушево

  Агенда на движење на Коњаницата од Цапари–Битола до Крушево 2021 година

Историја

News image

Масакр во Загоричани

Масакрот во Загоричани во 1905 година бил извршен во селото Загоричани од страна на грчките андрати....

Иселеници

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ЉУБОЈНО ПОСВЕТЕНИ НА ПИШАНИОТ ЗБОР - ДЕЛ II (13)

 Текстовите во продолженија во порталот „Македонска н...

Култура и туризам

News image

По стапките на Месијата (4) Кармелиски манастир

Кармелискиот манастир, се наоѓа над Елеонската Гора во Ерусалим. Црквата се нарекува Елеонска и се...

Фељтон

News image

ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО АНТИЧКИТЕ ВРЕМИЊА (16)

  Во третиот дел на публикацијата „Историја на македонскиот народ од антички в...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.