Среда, 03 Февруари 2021    PDF Печати Е-пошта
МИТРОПОЛИТОТ НАУМ - ВТОРИОТ МАКЕДОНСКИ ВЛАДИКА ПРЕД ОБНОВУВАЊЕТО НА МПЦ И ОСНОВОПОЛОЖНИК НА ПРВИТЕ МАКЕДОНСКИ ЦРКВИ ВО ИСЕЛЕНИШТВОТО

1mih

Кога се пишува за Македонската православна црква за духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората, името и делото на митрополитот Наум, вториот македонски владика пред обновувањето на МПЦ и основоположник на првите македонски православни цркви во иселеништвото е тесно поврзано со тоа. 

Треба особено да се нагласи дека Македонската православна црква одиграла првостепена улога за македонскиот народ во текот на тешките периоди на ропство. Затоа се вели дека Црквата била основата на националното признавање и лулка на ренесансата на Македонците во подолг период. Затоа, со право се вели дека историјата на Македонската православна црква е тесно поврзана со историјата на македонскиот народ. Тие со векови заедно егзистираат и во исто време страдаат и се борат против денационализацијата и неправдата кон македонскиот народ на Балканот и на други места насекаде по светот.

Притоа, името и делото на митрополит Наум - вториот владика Македонец е тесно поврзано со Македонската православна црква и со духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. Митрополитот Наум е хиротонисан по возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ.

По ослободувањето на Македонија митрополитот Наум активно е ангажиран во организирањето на самостојниот црковен живот. Бил еден од првите членови на Иницијативниот одбор за организирање на Македонската православна црква. На Црковно-народниот собор во Охрид (1958) бил избран за архијереј. По неговиот избор и хиротонија од тогашниот блаженејш и архиепископ Доситеј и Преспанско–битолскиот епископ Климент, бил поставен за архијереј на Злетовско – струмичката епархија.

1mih222Битола

Митрополит Наум е роден во битолското село Бистрица во 1906 година (според друг извор роден е во 1912 година во Битола). Неговото световно име е Томо Димовски. Во 1930 година Томо завршил Богословија и примил свештенички чин. Служел во кичевското село Козица и во Битола, каде што бил и вероучител. Кратко време бил архијерејски намесник и заменик.

Тој потекнува од христијанско семејство од Бистрица, село оддалечена 5 км од Битола. Таа се наоѓа на регионалниот пат Битола-Драгош кој води до граничниот премин со јужниот сосед. Често за Битрица се вели дека е ни село ни град, од каде потекнуваат поголем број видни личности во општественото живеење на Македонија.

Во пишани документи за владиката Наум се вели дека во Втората светска војна, Томо Димовски како православен свештеник активно бил ангажиран во организирањето на самостојниот црковен живот. По ослободувањето бил еден од првите членови на Иницијативниот одбор за организирање на Македонската православна црква и еден од најистакнатите поборници за нејзина афтокефалност.

Поовремено застапувајќи поумерени ставови Тома бил назначен за прота, а потоа и за архиерејски заменик во Охридско-битолската епархија. Иако бил мирски свештеник, од Иницијативниот одбор во Скопје бил предложен за владика.

По донесувањето на одлуката за обновување на Охридската архиепископија на Црковно-народниот собор во Охрид во 1958 година, епископот Топлички Доситеј (по потекло од Маврово) бил избран за митрополит на МПЦ.

Според историските податоци се наведува дека во 1957 година во координација со Доситеј, Иницијативниот одбор за организирање на МПЦ се согласил со СПЦ да ја усогласи организацијата во македонските епархии, во согласност со Уставот на СПЦ, а на српскиот патријарх Викентиј да му се признае статус администратор на трите епархии. Истовремено, Синодот на СПЦ се обврзал на наредното собрание на Светиот архијерејски собир, во мај 1958 година да се изврши избор на Македонци архијереи за сите три епархии.

Вториот црковно-народен собор се одржал во Охрид на 4 октомври 1958 година. На собoрот учествувале вкупно 219 делегати, свештеници и мирјани. На соборот во црквата „Света Софија“ била донесена Одлуката за возобновување на Охридската архиепископија. Откако се донела Одлука за возобновување на Охридската архиепископија, а во согласност со одлуката изборот на митрополитот и епархиските архијереи да биде од Македонија, Доситеј бил предложен за прв поглавар на Македонската православна црква и едногласно бил избран со титула архиепископ охридски и скопски и прв митрополит македонски. 

1mih333

Со тоа Светиот Архирејски Синод на СПЦ и дал самостојност на Македонската православна црква, денес МПЦ- ОА. Во меѓувреме Томо Димовски се замонашил и го зел името Наум.

Во тој значаен период на Македонската православна црква, на 19 јуни 1959 година во црквата Св. Мина Никола Трајков, со црковно име Климент бил хиротонисан за архијереј од поглаварите на СПЦ и на МПЦ Герман и Доситеј Охридски и епископите Никанор Бачки, Симеон Горнокарловачки и Висарион Банатски и станал прв епископ на Преспанско-битолската епархија во Битола.

Неколку дена по хиротонијата на владика Климент, на 26 јули 1959 година, во црквата Свети Никола во Штип, тогашниот блаженејш и архиепископ Доситеј и Преспанско–битолскиот епископ Климент ја извршиле хиротинија на Наум (Томо Димовски), како втор македонски владика и беше назначен за владика на Злетовско – струмичката епархија,

Со хиротинијата на вториот македонски владика, надлежниот на Злетовско – струмичката епархија Наум, конечно бил конституиран Синодот на Македонската  православна црква.

Во 1960 година владиката на Злетовско – струмичката епархија Наум бил испратен на црковна мисија во Австралија, а повеќепати ги посетувал македонските цркви во Америка и во Канада, помагајќи во организацијата на црковниот живот на македонската емиграција.

Во тој период Македонската православна црква направила силен пробив меѓу православните Македонци во државата и меѓу бројната македонска емиграција во прекуокеанските земји – САД, Канада и Австралија, како и меѓу Македонците во Европската Унија и во други земји.

Затоа, со право може да се каже дека Македонската православна црква игра значајна улога во собирањето на Македонците како во државата, така и во светот. Тоа е особено изразено со вториот Илинден – АСНОМ 1944 година и конституирањето на Република Македонија, пo обновувањето на Охридската архиепископија во 1958 година и по прогласувањето на нејзината автокефалност во јуни 1967 година. 

Така, во Австралија на Илинден 1958 година, на свечен начин, а во присуство на голем број доселеници и симпатизери, беше поставен камен-темелникот на црквата ,,Св. Ѓорѓи“, којашто се наоѓаше во зграда во Фицрој. Една година подоцна е поставена спомен-плочата на која стоеше: „Оваа црква е изградена за потребите на македонската православна општина“, а на 7 август 1960 година тогашниот епископ Злетовско-струмички г. Наум, во сослужение на парохискиот свештеник Цветко Крстески (подоцна архиепископ Ангелариј) и поголем број македонски свештеници, го освети храмот на светиот великомаченик Ѓорѓи и тоа е прв храм надвор од Македонија осветен од македонски владика. Денес ова црковната општина  го носи името „Свети Ѓорѓи и Света Богородица“ и е лоцирана во Епинг.

Овој голем настан во Мелбурн беше од извонредно значење за Македонците во Австралија и пошироко, бидејќи црквната општина „Св. Ѓорѓи“ стана црковен и национален темелник што ги поттикна Македонците низ светот да се зближат, да постигнуваат подобри резултати и да се афиримираат себеси и македонската вистина во новата средина. 

1mih444Митрополитот Наум со Македонки во Торонто

Во Канада, пак, ден - 18 април 1965 година, негово блаженство архиелископот Охридски и Македонски господин господин Доситеј во придружба на неговото високопреосвештенство митрополитот Злетовско-струмички Наум, на протаставрофорите Нестор Поповски и Атанас Попов, протаѓакон Стојан Јанковски и архиѓаконот Кирил Поповски, пред голем број насобран народ кој специјално за оваа пригода од многу страни дојде да го види на дело трудот на своите собраќа, ја осветија новата и прва црква во Канада „Св. Климент Охридски“ во Торонто.

Може да се заклучи дека улогата на вториот македонски владика г. Наум кој беше надлежен архиереј на Злетовско – струмичката епархија беше голем поборник за духовно-црковното и националното обединување на Македонците во Македонија и во дијаспората. 

Владика на Злетовско – струмичката епархија г. Наум починал 27 ноември 1977 година во Штип каде му се наоѓа вечниот дом.

Продолжува

 1slave 1 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Коњички марш на Коњаницата од Цапари–Битола до Крушево

Оваа година коњичкиот марш го посветуваме на уставобранителите кои невини лежат во Македонски...

Историја

News image

Масакр во Загоричани

Масакрот во Загоричани во 1905 година бил извршен во селото Загоричани од страна на грчките андрати....

Иселеници

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ЉУБОЈНО ПОСВЕТЕНИ НА ПИШАНИОТ ЗБОР - ДЕЛ II (13)

 Текстовите во продолженија во порталот „Македонска н...

Култура и туризам

News image

По стапките на Месијата (4) Кармелиски манастир

Кармелискиот манастир, се наоѓа над Елеонската Гора во Ерусалим. Црквата се нарекува Елеонска и се...

Фељтон

News image

ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО АНТИЧКИТЕ ВРЕМИЊА (16)

  Во третиот дел на публикацијата „Историја на македонскиот народ од антички в...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.